СЕКОЈ НАРОД ИМА ВЛАСТ КАКВА ШТО ЗАСЛУЖУВА?
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ САМО ЕДЕН ОД БРОЈНИТЕ НАРОДИ КОИ ДОКАЖУВААТ ДЕКА НЕ Е ТАКА!
Дали заслужено се убиени 25 милиони граѓани на СССР од режимот на Сталин?
Русите се голем народ, а 80 години трпеа диктатура, како и другите европски народи во комунистичкиот блок.
Полјаците се голем народ, тие ги запреле Османлиите, а сепак беа 50 години под диктатура.
Не е така едноставно за еден народ да се спротивстави на поделбата на светот која ја прават помоќни од него.
Не треба да престане да се бори, но не може да биде обвинет ако не победува секогаш.
Македонија има инсталација наречена власт, со примарна цел, внесување на земјата во НАТО, при што цената ја платија и ја плаќаат Македонците и само Македонците.
Следната цел е федерализација, конечната цел распарчување на Македонија.
Но, ние Македонците постоиме и нема да престанеме да постоиме, освен ако не креираат логори според неуспешните модели на Аушвиц и Треблинка за наше истребување?
Какво значење имаат одлуките на некое собрание кое патем е незаконски формирано и неуставно постапува, наспроти нашата свесност дека сме Македонци, ги воспитуваме нашите деца дека се Македонци, со свој јазик, култура, обичаи, традиции…?
Еден патетичен кловн (Заев) поддржан од два клонирани послушници (Шеќеринска и Димитров), потпомогнати од поткупени соработници и ,,опозиција“, со привремена поддршка и позајмена храброст од ,,Меѓународниот фактор“, ќе го сменат тоа?
Не верувам, никој во Македонија и во светот не верува.
Само некритичен ум може да мисли, дека некој како Заев, може со поткуп и уцени да обезбеди изгласување за непостоење на еден народ и една нација, македонската, и тоа да опстои подолго од неговиот мандат.
Меѓународниот го знае тоа и го одржува во “живот“.
Прашање е колку долго, наспроти изразената волја на Македонецот, тој Меѓународен ќе успева да го одржува на власт кловнот, во функција на премиер?
Неколку месеци? Година? Две?
Историјата на Македонецот е многу подолга од овој момент во времето.
.
* Меѓународниот го пишувам со големо М, како име на антимакедонско здружение.
Горазд Росоклија
Њ. Јорк, САД – 13.11.21