За абдалот Писарев

За абдалот Писарев

НЕ БАШ ИНТЕЛИГЕНТЕН ИНТЕЛИЏЕНС
(или: за „тренираните новинари“)

Најмалку сакам јавно да се занимавам со себеси, но некогаш тоа не може да се избегне. Вчера попладне истече рокот за јавно извинување од 24 часа што му го дадов на авторот на овие очигледни клевети, некојси Aleksandar Nikolic Pisarev, објавени на сајтот CivilMedia, во второ продолжение од некакво писание со наслов „Северна Македонија ги буди Исток и Запад“. Од самиот текст тешко може да се разбере што сакал да каже овој човек (ако и тој самиот знае), освен дека е вклучен во лов на вештерки и класична антируска хистерија. Оти, јас сум бил „диригент на руските интереси“. Богами, јако. Го диригирам Рахмањинов, патем, а желба ми е и Шостакович. Сум ги читал Достоевски и Толстој, а еднаш многу ми се допадна и една Русинка, така што признавам дека сум виновен по ова обвинение.

За жал на нарачателите, вакви гнасотии не можат да ме подријат, и всушност несакајќи ми прават чест (јас не мислам дека сум толку влијателен), но клевета е клевета и некој ќе мора да одговора. Ме прогласува за застапник на интересите на Солвеј (рудникот Бучим), а не знам колку текстови напишав годиниве против нив во рамките на целиот отпор на Југоистокот против рудниците на смртта. На суд тоа лесно се докажува. Друго, некој да се сеќава да сум организирал протести против Заев или слично? Јас не знам. Што ли сакал да постигне со ова човеков, којзнае.

За што всушност се работи тука? За следново: тезите на “аналитичаров” се практично истите оние што лани ги објави бугарската преститутка Јордан Цалов, кога соодветно го третирав овде (види коментар 1). Таму е подетално објаснето се. Натаму, истите тези во тоа исто време ги објавила руска „новинарка“, во сосема слична „анализа“ за Македонија пред изборите. И што е тука интересно? Тоа што тие се дел од т.н. медиумска мрежа Bellingcat. net, за која неодамна Антропол објави дека во провалени тајни документи се гледа дека извршувала услуги за британските служби (види коментар 2), т.е. бритиш интелиџенс. Bellingcat „тренирале“ новинари во Русија и во други земји. Оти многу ги сакаат, секако. Главно шират антируска хистерија. Како инаку да се објасни дека руската новинарка се залага против руски интереси?

Натаму, потоа тој текст од бугарскиот шутрак го преведе т.н. Фондација Метаморфозис од Скопје, во нивното издание Мета. Во рамките на Метаморфозис вирее славниот Вистиномер, каде што се вгнездени и со британски пари ухлебени македонските фејсбук фактчекери. И сега, една година подоцна, ЦивилМедиа ги објавуваат истите тези/ноторни отворени клевети за мене, надоградени и засилени. И тие земаат британски пари, патем. Можеби само авторот е поглуп, па ми тврди дека му било жал ако ми нашкодиле, бидејќи немал таква намера, туку само невино си пребарувал на Гугл, претпоставувам, и случајно налетал на Русинката Юлия Петровская, евентуално и на фетфебелот. Кого измотаваш, момче? Ти брутално си ме наклеветил со очигледни невистини, си ме истопорил како жив нишан, со цел да ми наштетиш, па тврдиш дека несакајќи било. Излегува дека од странски извори си се информирал за Македонија (sic!) И сакаш да ти поверувам? Смешно.

Инаку, оперативниот систем на оваа мрежа на Bellingcat е следен: прво „тренираат“ новинари/уредници; потоа оној што ги плаќа (служба, „фондација“, „НВО“, амбасада….) им дава тези и жртви за отстрел, а „тренираните“, си ги преземаат тезите еден од друг, на меѓународно ниво. Зошто? Едно, за да се стекне впечаток дека жртвата е навистина тоа што го тврдат платените преститутки, и друго, ако некоја од жртвите возврати, новинарите-ороспии се правдаат: Па, не знаев јас, видов во текст од странски автор, жал ми е ако наштетив, немав намера“. Знаат дека јас оттука не можам да ги тужам странските новинари. Но можам овдешниве, кои очигледно не се многу бистри.

Заедно со уредникот, на суд ќе објаснат што и како. За да не испадне дека ќе ги тужам само заради пари, им давам уште еден дополнителен рок од 24 да се извинат и да го повлечат текстот, од мигот на постирањето на овој текст. Потоа, нека си ја мислат. Не можам да дозволам секакви збирштини вака да се изживуваат. Патем, уредникот Џабир Дерала е добро запознат со борбата против рудниците: беше набљудувач и на референдумите и во Гевгелија и во општина Босилово и знае за нашата борба и против Бучим. Судот ќе знае да го процени овој дополнителен елемент и да ја утврди тенденциозноста да ми се наштети. А ќе отвориме и некои други нешта со овие мрежи: на пример, можната врска со актуелниот масонскиот портпарол, оти има тврдења дека и таму имало некоја парамасонска двоцевка.

И конечно, за што се работи овде: Па, меѓу другото и за тоа што крајната инстанца на профитот од рудникот на смртта Иловица-Штука (Еуромакс Рисорсис е компанија од Канада, т.е. Британска Колумбија), преку нивниот акционер Ројал Голд (Ротшилди), треба да бидат т.н. бритиш ројалс. Како и од многу други места во светот каде што има такви рудници. Е, овде нема да има. А на бритиш интелиџенс не им е проблем само моето влијание против рудникот па сакаат да ме подријат и дискредитираат (за што има обиди и од друга страна, контролирана од нив, тоа се брливите несреќници, Бивис и Батхед патриотите, кои па ни самите не знаат за кого работат), туку и воопшто заради моите ангажмани. Затоа, би сакал да им порачам нешто, накусо:

ЛЕЈДИС ЕНД ЏЕНТЛМЕН,

Како што знаете и како што цел свет знае, вашето царство е пред распад од повеќе причини, од кои една е тоа што не сте баш интелигентен интелиџенс. Имено, цел свет жестоко го мрази вашето царство, некои јавно, некои потајум. Со право, бидејќи во историјата на човештвото не се памети една држава да има нанесено толку зло во светот како вашата.

– Ќе пропадне затоа што, на пример, еден ваш поранешен амбасадор, Крег Мареј, ретко честит човек, вели јавно:
„Бев британски дипломат во тек на 20 години. Секогаш бев голем патриот за Британија. Бев многу горд(…) Мислам дека е невозможно да се биде горд на Обединетото Кралство(…) Системот смрди. Вестминстер (парламентот) смрди. Британската влада е длабоко, длабоко неморална. Нив не им е гајле колку луѓе ќе убијат во странство(…) Патолошка состојба која е опасност за светот.“ (Види коментар бр. 3)

-Ќе пропадне затоа што, на пример, минатата година, во екот на вашата пландемија, се собраа граѓани пред кралската Бекингемска палата и извикуваа: „Педофили“, „педофили“…! (види коментар 4).

– Затоа што пред некоја година еден ваш полициски началник изјави дека затворите ви се преполни со педофили и дека затоа што ги имате премногу во царството, сега се затвора само за најтешките облици на педофилија.

– Ќе пропадне не само затоа што Шкотска, Велс, Ирска сакаат да бидат независни, туку затоа што Англија и во нивно име има извршено толку зло, геноциди и злосторства низ цел свет, што не се добројуваат.

– Затоа што вашето богатство е засновано на првичниот бран продажба на робови уште некаде во 13-14 век. Другото ви е крадено низ светот.

-Ќе пропадне и затоа што ја предизвикавте мигрантската војна во Европа, веднаш по вашиот Брегзит, според мотото: По мене потоп. Британија веќе пет века е непријател на Европа.

-Ќе пропадне затоа што во случај на нуклеарна војна, првите салви руски нуклеарни проектили нема да бидат испалени кон Америка, туку ќе ви ги испратат вам. Вие сте нивен непријател број еден, тоа го знаете, па затоа секаде барате „русофили“, и кадешто ги нема, но многу повеќе ги создавате со вашето Зло, бидејќи како што рековме, не сте многу интелигентен интелиџенс.

-Ќе пропаднете и затоа што, конечно, и покрај сите пари што ги имате, во суштина вашите владеачи се дегенерирани, нехумани, антицивилизациски варвари, на ниско скалило на општествената и човечка еволуција, кои се служат само со насилства и пљачкосување.

-Затоа што го селектирате и плаќате шљамот на човештвото да работат против себе и против сопствените народи и држави. Но ги знаеме, како што знаете.

-Затоа што Борис Бозо Џонсон ви е премиер.

Следствено, Go to hell, fagots.

 

Крум Велков

22.07.21 – Струмица