Не можам да се отргнам од впечатокот дека “Бомбата од Хотел Парк“, каде ручаат, оговараат, заговараат и мешетарат Зоран Заев и “Мали“ Верушевски коинцидира со:
- Големиот Христијански празник Богојавление,
- Судскиот процес против Сашо Бебо Мијалков и Гордана Јанкуловска за прислушкувањето,
- Посетата на Будимпешта (во склоп на турнејата која ги вклучува и Љубљана и Загреб) на Претседателот и Потпредседателот на ВМРО ДПМНЕ.
Дали е сето само случајност или е намерно, оставам на читателите да си ценат.
Она што сакам да го потенцирам е фактот дека главен лик во целиот повеќечасовен видео материјал е најмоќниот човек во државата во периодот кога е обавен и сниман разговоров – Никола Груевски. Без разлика што во тоа време веќе не е Премиер, тој е “премиерот“, бидејки не еднаш по телефон или со изјави, а секако и со дела, ги постројуваше сите свои министри, иако тие имаа друг премиер во тој момент – Емил Димитриев.
Премногу детали има во целата снимка. Но, да се задржам на три, за мене многу интересни:
- Сашо Шиптар Мијалков веќе бил договорен со Зоран Заев за се нешто, па така идниот премиер за Бебо се изразува во суперлативи. Да потсетам, во тој момент Бебо-Шиптар е сеуште најмоќната безбедносна фигура во ВМРО ДПМНЕ.
- Никола Груевски во снимката е наречен “мртов германец“.
- Се споменуваат хомосексуални баханалии на “Шејшели“ (веројатно се мисли на Сејшели…) во кој главен лик бил токму “мртвиов германец“!!!
Да потсетам дека во тоа време актуелна е шпекулацијата со наводни хомосексуални снимки од Халкидики, каде “локомотивата“ бил Илија Димовски, тогаш пратеник во Собранието на Република Македонија. Неспорно е дека од тогаш па наваму, кога неговите партиски колеги зборуваат за него, го именуваат како “педерчето“.
Сите нормални бевме згрозени од сексуалните склоности на “Војводата од Велес“, потоа и од истиот пристап кон половите односи на Павле спакувај-ми-полче Богоевски, преку слични склоности на СДСМ-овската “хомичус“ гарда: Никола Димитров, Костадин Костадиновски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски па се до некој нови млади кадри во ВМРО ДПМНЕ со слични склоности а со татко висок полициски дужносник.
Но споменатите Шејшелски баханалии, со опис на генг-бенг со момци од друга раса, одеднаш ги замолкна сите подржувачи но и сите критизери на бегалецот во Пешта. Сите се стаписаа од можноста тоа нешто да е вистна. Бидејки, ако е вистина, подржувачите веќе нема да можат да се бават со замислата за неговиот месијански повраток и спас на Партијата и Македонија. Но, исто така, ако е тоа вистина, се рушат стратегиите на непријателите на Мицкоски за рушење на сегашниот претседател на Партијата а со постојано истакнување колку поранешниот лидер бил успешен и сакан од народот.
Во можната бисексуалност на Груевски до крајот на животот веруваше Никола Младенов. Таа работа се шушкаше, се вртеше низ кулоари – ама на виделина никогаш не излезе.
Да се разбереме, изворот на овој разговор Зоран Заев, човек велесветски лажов кој нема срам било што да излаже а со рачето да се држи за градите и девамариевски да трепка со очињата; снимачот и поттикнувачот “Малиот“ Верушевски, човек со дебело криминално досие и со потекло од фамилја на докажани полициски манипулатори, снимачи, уценувачи и препродавачи на информации на чело со татко му Зоран; и крајно сопственикот на снимениот материјал, имбецил и најпознат балкански медиумски рекетар Зоран Божиновски (да се потсетиме на неговите некрофилии во врска со Тоше Проески) – не дава за право човек да биде уверен дека Никола Груевски имал хомосексуални склоности за игранка со млади црни момчиња.
Но, реално, ова е толку одвратно, толку големо и толку неизбришливо што ако вака остане ќе значи дека е вистина.
Затоа, пред Никола Груевски во моментов постојат три опции:
- Да молчи и да не се појавува на Фејсбук со тема Шешјшели. Таквата тактика нема да ја стави во заборав оваа снимка, туку напротив ќе ја издигне на ниво на вистина.
- Да се огласи на Фејсбук и да каже нешто во стилот на неговата прес конференција од 30-ти јануари 2015-та, „нешто е вистина, нешто е лага, а нешто полувистина“! Тоа баш би било соодветно на неговиот карактер.
- И, најсилно, да напише на својот Фејсбук дека НИШТО ОД ОВА НЕ Е ВИСТИНА, се е злонамера, дека се тоа квалификации за уништување на неговиот кредибилитет и дека повикува тој што има таква порно снимка веднаш да ја објави. Односно, ако не ја објави Заев и целата фамилија Верушевски стануваат обични селски пачаври (што реални и се). Но за ваков храбар и машки настап има еден проблем?! Односно, што ако снимка сепак има?!
Објавувањето на оваа “Хотел Парк бомба“ кажува дека материјалите што ги имаше добиено Зоран Заев не си ниту 10% од целиот снимен материјал. Бомби има во посед на албанската и српската мафија, има во фиоките на бугарската мафијашка власт, има кај грците, кај Рикер, има и кај Мицкоски – има секаде. Тие се веќе распродадени. Нивната употреба ќе зависи од моментумот. Овој пат тоа е тужбата на Заев против Божиновски. Следната ќе е некој друг тригер.
Септичкава јама, која благодарејки на неспособни и корумпирани политичари од една страна и народ со кубурот во појас од другата страна, засмрдува. Корне, бзди…
За жал, таа реа ние ја вдишуваме секој ден.
Миленко Неделковски
на Богојавление 2021-ва
Скопје, 15.42 ч.