Денеска овој перформанс е тема бр. 1 во Македонија. За состојбата (на умот) во која се наоѓаат нарачателот, режисерот и протагонистите во овој т.н. спот е посебна тема. Но, јас би сакал да го насочам вниманието кон песната за овој настап на прилепските социјалдемократки, која според мене, апсолутно не е избрана случајно.
Се работи за денс-хитот “Јерузалема” на јужно-африканскиот изведувач Мастер Кеј Џи. Но, истата е всушност преработка на старата оригинална песна “Јерузалема” или позната како „Jerusalema ihaja lami“ и се однесува на утописко место, некаков „нов Ерусалим“.
Кога ќе се погледнат стиховите од оваа песна, уште појасна е пораката на истата и се добива одговор зошто девастирачката македонска власт истата ја избрала за своја неформална химна!
Тука не се работи за Фројд, туку за искрена желба на партијата на квислингот Заев за ново место, нов дом, нова држава, каде претпоставувам тежнеат да заминат откако ќе ја уништат нашата мајковина Македонија, земја кон која негуваат нескриена омраза:
Jerusalema ikhaya lami [Ерусалим мојот дом]
Ngilondolose [Чувај ме]
Uambe nami [Прошетај со мене]
Zungangishiyi lana [Не ме оставај тука]
Ndawo yami ayikho lana [Моето место не е тука]
Mbuso vamu ayhoho lana [Моето кралство не е тука]
Според Нкоси Мамбо, теолог од Јужна Африка, во песната-преработка “Јерузалема” на Мастер Кеј Џи, Ерусалим се нарекува дом. Сепак, според него, не е јасно дали овој дом лежи во иднина или тој е трансцендентен и утописки.
Со теолози и религиски упатени ликови во своето раководство (Муки Зекири, Мерсиха, Адеми, Серачини…), СДСМ и тоа како ја знае позадината во пораката на оваа песна. Прашањето е дали сите ние конечно ќе ја разбереме нивната намера да ја избришат Македонија од светската мапа, а за себе да си пронајдат нов дом?
Б. Нонковиќ
Брисел, 31.12.20
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2542357496063037&id=1822934994671961