ЧИСТКА НА МОЧУРИШНИ ЧУДОВИШТА
Отказите на двајцата воени злосторници од советодавни позиции во Пентагон, Хенри Кисинџер и Медлин Олбрајт, кои свечено им ги врачи новиот министер за одбрана (кој изјави дека „сите војни мораат да престанат“), помеѓу останатите драматични настани кои се случуваа во САД над и особено под површината – се многу јасни, чисти и…тектонски. Со смената особено на Кисинџер, Америка и симболично радикално го менува самиот геополитичкиот вектор од унилатерален брутален интервенционизам во служба на темните ескапади на длабоката држава, во мултилатерален фактор, кој расчистува со темното минато, со цел да опстане како фактор, бидејќи беше доведена во ситуација да ја мрази цел свет и да го има против себе.
Тоа што го зборувам (простете) од почеток, дека зад димната завеса на „пандемијата“ се случува всушност глобална геополитичка, и воопшто цивилизациска транзиција од невиден обем, сега е очигледно…барем за оние што сакаат да видат. Американскиот претседател е во силна и решителна офанзива по практичното докажување на изборниот фалсификат, и сега едноставно се случуваат чистки. Сосема оправдани. Вчера и денес провејува информација дека е уапсена и директорката на ЦИА, па дури и дека е наводно ранета во онаа тајна акција на специјалните сили под команда на сегашниот министер за одбрана во штабот на ЦИА во Фракфурт, каде што биле запленети сервери за „системска подршка“ на Бајден, т.е. за фалсификатот („Доминион“). Во пресметката наводно загинале пет војници , а се спомнуваат и повеќе жртви на американските специјални сили.
Сакам да кажам: со експлицитното чистење на двете крупни мочуришни чудовишта, Кисинџер и Олбрајт, покрај останатото, фамозната бура повеќе не се очекува: таа е во тек и е толку очигледна што не ја гледаат само оние што му честитаа на Бајден по задача и го „прогласија“ за претседател. Но, допрва ќе ја видат.
Крум Велков
01.12.20 – Струмица