ЦИВИЛИЗАЦИЈА В ЌОШ
Бидејќи кажав се што сметав дека треба (и сакам) да кажам во врска со “пандемијата”, останува да се каже, поточно да се нагласи (не е новост) уште следново: исходот од “вирозата” ќе биде познат по 3 ноември, по американските претседателски избори. Една од главните цели на најголемата измама во познатата историја е нејзиното пресудно влијание врз тој исход. Од него ќе зависи иднината на светот – многу едноставно.
Не сум среќен поради тоа, да речеме не сум ни 100% сигурен, но реалноста е неумолива. Не сум ни наклонет кон такви драматични објави, но и не е особено тешко да се претпостави, со оглед на тоа какви се прашања и фундаментални проблеми на егзистенцијата на човечкиот род во современите општества отвори “коронакризата”. Прашања жестоки, прашања болни, потресни, шокантни.
Имаме докази дека човечки цивилизации се појавувале и пропаѓале, бидејќи некаде очигледно ја згрешиле работата. Ние сме цивилизација во ек на страшен антагонизам, кој се повеќе рудиментира, деволуира во базичен, непомирливо опасен дуализам, со сиот негов потенцијал за деструкција…и деконструкција. Ова е корумпирана цивилизација, многу корумпирана: ја видовме, ја живееме и сведочиме, и видовме и почувствувавме дека е многу болна. Како таква, тешко дека ќе може да се одржи без радикален ремонт.
Таков антагонизам е неодржлив и затоа мора да има разрешница, инаку ќе експлодира во невиден, непресметлив и несогледлив раздор по сите основи. Или животот ќе се претвори во непрестан контролиран конфликт на сите нивои, а ние во контролирано дозирано гориво за моторот на тој конфликт.
Јас сакам да сум оптимист и мојата основна (необјавена) теза е дека мислам дека глобалните т.н. контролори беа принудени да го уфрлат сценариото “Пандемија”…за да се спасат. На некој начин, беа втерани в ќош, или поточно самите се втераа. Со нив, и нас. Сигнали за тоа постоеја од поодамна. (Другпат би образложил, сега имам само констатации). Можеби може да се каже дека се работи за т.н. “меко спуштање” на забеганите патократи. До рано напролет ќе видиме дали е меко или тврдо. И дали воопшто е.
Видов, исто така, дека Хомо Сапиенс покажа отпор, во рамките на контекстот; човештвото покажа потенцијал за слобода, бездруго. За оние што се слободни да видат, се разбира. Тоа се брои, тоа ободрува и одржува рамнотежа. За слепците, немам што друго да кажам, освен: ќе прогледаат
Чекаме.
Крум Велков
23.10.20 МАКЕДОНИЈА