Ја држам кваката на тешката тапацирана врата, онаква со темно црвена накај бордо скај што изиграва кожа и со никловани копчиња наредени во “баклава“ геометриски форми и му велам: “Не смееш да ја напуштиш канцеларијава, не смееш да го оставиш народот на цедило, не смееш да ја предадеш државата на ненормален човек“.
Тој ми вели: “Не се секирај, за кратко е, за 100 дена. Ќе ги прегазиме во април на избри. Народот ќе памети кој ги вработил, кој изградил, кој давал субвенции“.
Јас му враќам: “Тебе, и на секој премиер, ти е работа да со наши пари градиш, врабтуваш, субвенционираш… А, повлекување од кабинетот значи дека во него никогаш нема да се вратиш“…
Погодувате, се работи за мојата конверзација во последните денови на премјерисувањето на Груевски.
И таков каков што го дал господ инаетлив и самбендисан – не послуша.
Не ме послуша мене, половина дузина професори од Правен, влијателни новинари, амбасадори, поранешни претседатели на Парламентот…
Како некој наслов на некој нискобуџетен шпагети вестерн филм “Изашао тихо и побего у неповрат“.
Замина неоставајки зад себе структура и стратегија која ќе му гарантира безбедно слетување со падобран, а потоа и враќање зад тапацираната врата.
Напротив, направи се‘ да ги сруши сите медиумски и невладини фортификации кои можеа да ја бранат државата од налетот на дивјакот Заев.
Мене, со посредство на Емил Стојменов и Иван С. Мирчевски ми испорача “договор“ со Канал 5 кој би можел да го исполни само Бастер Китон. Не ми беше дозволено ништо, за никого и за ништо да правам тема. Ми беше претставено дека е така наредено од амбасадата на САД, а всушност главните изведувачи беа Никола Груевски и Никола Попоски. Настрана Миленко, беше укинат МПМ со Мирка Велиновска, Бобан Нобковиќ, Дарко Јаневски, Тони Науновски. Беше замолкнато Радио Слободна Македонија во деновите кога се преговараше за влада ВМРО-ДУИ… И се така по ред…
Обидот за правење невладина СОС (Стоп Операција Сорос) заврши неславно со комични ликови ко Србов а новинарскиот двоец Чилиманов-Мирчевски осознаа колкав (никаков) им е капцитеот.
Предходно, убавата идеа на ГДОМ беше уништена преку насилно превземање (беа формирани ГДОМ еден, па два и на крај најбедниот оној ГДОМ три), бидејки ликови како Миленко Неделковски, Тони Науновски, Мирка Велиновска и Петре Темелковски биле, да цитирам, “премногу патриоти, националисти и потпалувачи на народната маса“ што не и се допаѓаше на фортификацијата од скопското Кале.
И така гол, без медиуми, невладина поткрепа и план замина за Пешта и Будим… Замина да стане Фејсбук инфлуенсер.
Замина, за никогаш слободен да не се врати. Оти, за глупата и политички оркестрираната пресуда за “она на М“ секоја држава би му дала политички азил. Но, доколку се случи судот да докаже вмешаност во комплотот за 27-ми преку Нинџа и брат му кој беше со Никола и со Александар Николовски во Виена во текот на 27-ми, тогаш за тероризам тешко е да се очекува азил во земја членка на ЕУ и НАТО. Да потсетам, есенва истекуваат две од трите години колку му важи сегашната дозвола за престој во Унгарија.
И, Никола се доведе во ситуација да ги сруши мостовите кон Мицкоски и сегашното раководство на ВМРО ДПМНЕ, се искара со братучедот Сашо Бебо…, а нема граѓанска организација, невладина структура, партија или медиуми кои би понеле акција за негова рехабилитација и враќање.
Па така, кога сите маваат:
… нема кој да одговори!!!
Оти Фокус и сите други “медиуми“ што му прават општа реденка (политички генг бенг) на Никола Груевски не се цвечки за мирисање. Прљави се до зла бога. Гнасни, корумпирани и криминални до неслутени граници (документација и сведоштва со Бобан Н. имеме за тоа колку ти душа сака)… Но, нема кој да ги пласира!!!
Нема доволно кредибилен, доволно храбар и доволно популарен медиум и новинар што би им го здробил газот на овие медиуми – рекетари.
Сите на кои им даде доверба и пари за формирање и водење медииуми сега или го расчеречуваат (Васко Ефтов), или се во чмарот на Зоран Заев (Марјан Цветковски Мац) или се кријата ко путка под кошула (Захарие Вулгаракис – Хари). Криминалот што на Мац и Хари им беше дозволен при купувањето на опремата за телевизијата на Сеад Кочан, ниту па наименувањето на несудениот генерален секретар на СДС Ефтов за директор на Алфа, не придонесе овие ликови да станат медиумска поткрепа за барањето правда за Никола Груевски. На овој список има подоста ликови што можат да се додадат: Бетмен, Борис Еднооки, Горан Прилепското Сељаче Михајловски, Зоран Трајчевски, Иван С. Мирчевски, Емилија Гаврилова, Биљана Василева-Трендафилова…
Па, во една таква консталација, ако се додаде барањето на Никола Груевски оние што влегле директно на 27-ми а и нивните наредбодатели да бидат кривично процесуирани…
… плус ако се додадат изјавите дадени при судските процеси досега, каде се гледа која се полициско-началничка структура била директно поврзана со настаните од 27-ми, станува јасно дека желбата на народот да си го соучува Уставот и Државата, чесниот и патриотски дух на народната маса, 70-и-кусур денови шпартање по улици била оркестрирана, злоупотребена и гнасно извитоперена – Никола Груевски се доведе во позиција да има обвиненија и пресуди, а нема одбрана. Ниту формална ниту неформална.
Две работи за крај, бидејки она што сум го напишал “стоо“:
- Кога не си апсел ќе те апсат.
- ВМРО ДПМНЕ никогаш не научи како треба со медиуми и невладини. Она за што СДС се махери.
Медиум, недладина, спас – толку е твитот!!
Миленко Неделковски
20.10.2020
Скопје