Секое сабајле, откако ќе се разбудам, станувам тажен со големо чуство на сожалување заради ликовите што мораат да дремат кај мене на ФБ 24/7 и да се испотепаат први да искоментираат на секој мој пост, видео или коментар!
Жални души медиокритетски, неостварени, скромноумни, неспособни – ама, со голема самоевалуација.
Пробај се во политика – потони! Пробај како партиски активист – тапа! Пробај се во новинарство – дупка! Пробај на Фејсбук – никој не те чита! Жално, уби ме туџа срамота.
Како кога сожалуваш мрсулави циганчиња на раскрсница.
Никој не ги чита, видеаа никој не им ги гледа, инцијативите не им проаѓаат – па, од циркузанти и комедијанти станаа предмет за мајтап и подсмев.
И, нормално, како и многу пред нив, стратегијата е: Мене не ме читаат, ама ќе пишам кај Миленко (своите видеа ќе ги поставам кај Миленко), па така ќе бидам и читан и гледан. Мизерија.
Немаш друга опција освен да завршиш кај оној што лапал од Стојков, Груевски, Стојменов, Кирил Божиновски, Мијалков, Протуѓер, Вице и Зоран Заеви, Мицкоски, Камчев!!! Ептен некој способен лапач???!!! Ем лапање, ем со децении лапање!!!
Немаш друга опција освен да пишуваш и постираш свои видеа кај оној што не го викаат во ниту една телевизија, што нема емисија на ниту една телевизија, што никој не го гледа и што е нерелевантен!!!
Немаш друга опција освен да пишуваш и си постираш видеа кај оној што нема лајкови!
А, тој што “лапал“, те гледа и те сожалува. И ти допушта да си пишуваш што си сакаш (иако ти кај тебе ги банираш сите што ти опонираат) бидејки тоа е единственото што можам да го понудам како помош за лекување на овие типови.
Оди лечи се…
…кај Миленко!
МН
11.09.20 – Скопје