На Сашо Бебо/Шиптар Мијалков веќе никој не му се плаши. Ниту криминалци, ниту вработени во МВР, ниту членови на ВМРО ДПМНЕ, ниту новинари, ниту граѓани…
Затворен е во својата крепост на плоштад на местото каде што беа јавните клозети во паркчето спроти хотел Македонија. За тие клозети не требаше табли и стрелки кои покажуваат на каде е WC! Толкава реа се ширеше (клозетите беа под земја, во поранешен подрум), што не со чулото за вид ами со она за мирис се наоѓаше ќенефот.
Тоа место што ширеше неподноснлива реа на мочка и гомна, еве се испостави, го задржа својот имиџ! И покрај изграден современ хотел, од тоа место реата и понатам се шири на сите страни.
Смрди, корне.
Смрди и корне на фекалии, предавства, кражби, уцени и политички&финансиски рекетирања.
На Сашо Бебо веќе никој не му се плаши, ама сите го имаат земено на мајтап. Сите.
И, тоа мајтапење на сметка на Сашо Шиптар, него најмногу го боли. Се замислуваше дека е Мајкл Корлеоне од Кум 2, излезе дека е Бени Хил комедијант.
Па, откако увиде дека јавноста го зеде на курташак, собрал свој “тим за односи со јавноста”!!! Они ќе му го оправаат имиџот.
Па така, бидејки никој му нема страв, ја загуби силата. И, сега сака да ја поврати со “тим” каде дава, море истура, пари. Работава му е “што не става со пари’, става со многу пари’…”.
Проблемот на Бебо е што тој не е научен да дава, ами да зема. И тоа што мора да плаќа рекетари ко Васко Ефтов или Јадранка Костова го прави еднакво несреќен како и сознанието дека е Бени Хил а не Мајкк Корлеоне.
Секако, неговиот “тим за односи со јавноста” најнапред ќе треба да објасни како лицето Сашо Мијалков, државен службеник во најразлични обавештајни и контраобавештајни служби, успеал со 50-тина илјади денари плата да заштеди за да купи плац кај клозетите во центар, па на тоа место да изгради мултимилионски хотел, а згора на тоа да е газда или косопственик во секој втор лукративен бизнис во Македонија?
Исто така, истиов “тим” ќе треба да смисли објаснување зошто рочиштата за Бебо не се закажуваат, зошто нема пресуди за него (ко експресните за Груевски, Панчевски…) и како тоа го има на снимките каде се вели дека тој ги организира, мотивира и плаќа 8-темината вмровски котиња-од-руља за да го поспеши менувањето на името?
Чаламот кога ќе ти го земат, на мајтап кога ќе те имаат е крајот…