(Воторо продолжение од трилогијата текстови за слободата на говорот во Македонија)
Синојка 18.08.20, пред полноќ, ја добив следната порака од Г-дин Алдо Климан:
Почитуван господине Неделковски,
слободен сум да ве замолам во „Дудинка” да го објавите текстот „Ms. Byrnes, Go Home!”, што ви го испраќам во прилог. Како редовен колумнист на „Република” од 2017 година, го напишав и, како вообичаено во изминативе речиси четири години, во нивната рубрика Колумни го поместив текстот веднаш по објавувањето на веста за честитката што американската амбасадорка Брнз му ја упати на Зоран Заев по повод доделувањето мандат за составување влада. Колумната се појави во „Република” на 13 август во 22.17 часот, а само десетина минутки подоцна беше блокирана и избришана. Дека тој чин на груба автоцензура го сторила самата редакцијата на „Република” е повеќе одошто очигледно, зашто истиот момент ми беше поништен и пасвордот и блокиран пристапот до уредничките страници за кои, како што ѝ е познато на македонската јавност, подготвив и објавив над 200 колумни и разни други порилози. Само ден-два по тој настан од насловната страница на порталот „Република” беше тргната и мојата е-книга ”Хроника на најавената смрт на името”, каде што беше поставена веднаш по нејзиното објавување во почетокот на 2019 година сѐ до нејзиното нагло одстранување.
Мојата соработка со „Република” беше плод на случајни околности. Првите свои колумни во врска со драматичните настани околу безочното внатрешно и меѓународно уништување на Република Македонија ги напишав за тогашниот печатен весник „Дневник”, но по неговото гаснење, редакцијата на „Република” сама ме пронајде и ми го испрати пристапниот пасворд, и така почнав да објавувам кај нив. Тој наш однос беше речиси бесконтактен и, се разбира, сосема волонтерски, но коректен и без какви и да е пречки од нивна страна. Искрено сум им благодарен што ми овозможија да се чуе и мојот глас на слободен македонски интелетуалец, исцело посветен на борбата за Република Македонија и за македонскиот народ, но, за жал, во случајот на моето отворено писмо до амбасадорката Брнз покажаа дека и нив ги тресе трагикомичниот подложнички страв од Големиот Брат (во случајов Сестра), и оти слободата на мислењето и слободата на медиумите во Македонија и за нив е само млако чајче и најобична прикаска за мали деца, зашто Слободата нема граници ако е Слобода, а нивната медиумска и политичка слобода очигледно се протега само до оградата на американската амбасада на Калето.
Со почит,
Алдо Климан
Пула, 18 август 2020
Мојот одговор на погорниов меил испратен утрово:
Господине Алдо,