ЗА МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ БЕЗ РОЗЕВИ ОЧИЛА

ЗА МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ БЕЗ РОЗЕВИ ОЧИЛА

 

 

ЗА ПОЧЕТОК НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ:

 

ПРВО, На 21 мај Трамп објави  дека САД се повлекуваат од договорот „Отворено небо“, откако предходно се повлекоа од Договорот за ракетите со мал и просечен домет.

ВТОРО, Американската амбасада во Софија итно ги враќа американските државјани во Бугарија со два посебни американски авиони на 29 мај и на 1 јуни. Тие ќе летат директно од Софија до Александрија, Луизијана.

ТРЕТО, Бугарскиот генерал Мутафчиски, кој е шеф на Военомедицинската академија и на Штабот за корона вирусот (а инаку марионета на Борисов како што Филипче е марионета на Заев), на 19 мај се испушти и кажа дека само 7 болници во Бугарија во иднина ќе лекуваат болни од спомнатиот вирус, затоа што ИМАЛО ТАЈНА НАРЕДБА ОД НАТО ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД БОЛНИЦИТЕ ДА МИНАТ ПОД КОНТРОЛА НА ВОЕНОТО МИНИСТЕРСТВО.

ЧЕТВРТО, На 21 мај американската амбасадорка во Македонија Брнс потцрта дека САД не предвидувале нова политичка криза во Македонија. Ќе потсетам дека зборовите на американската дипломатија, т.е. ЦИА мора да се сфаќаат спротивно. Кога таа каже дека „не предвидува“, вистината е дека предвидува. Кога ќе каже дека е „загрижена“, тоа значи дека веќе почнала со реализација на тоа, за кое наводно е загрижена.

СЕТО ТОА ЗНАЧИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ ПОВТОРНО ИЗЛЕГУВААТ „НА ЛИНИЈАТА НА ОГНОТ“. НЕОДАМНА НАПИШАВ ДЕКА ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕД АВГУСТ НЕ СМЕЕ ДА ИМА ПО НИКАКВА ЦЕНА. КОЈ ГЛЕДА НА СОСТОЈБИТЕ ВО СВЕТОТ БЕЗ РОЗЕВИ ОЧИЛА, НЕПАРТИСКИ И НАВИВАЧКИ, А МАКЕДОНСКО ПАТРИОТСКИ, ДОБРО ЌЕ СФАТИ ШТО САКАМ ДА КАЖАМ.

ПАМЕТНИТЕ ЛУЃЕ ПРАВАТ СПОРЕДБИ И ЗНААТ ДЕКА АКО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА БЕШЕ КОБНА ЗА МАКЕДОНИЈА, А ВО ВТОРАТА ГО ОСТВАРИВМЕ  МАКСИМУМОТ (ДЕЛ ОД ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА) КОЈ МОЖЕВМЕ ДА ГО ИМАМЕ СО ОГЛЕД НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ СИЛИ И НАШИТЕ КАПАЦИТЕТИ, ВО ДЕНЕШНАТА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА СЕ Е ЗАЛОЖЕНО НА ЕДНА КАРТА. ЦЕЛОСНО УНИШТУВАЊЕ ИЛИ ПАК ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ФОРМАЛНО СЛИЧНА, НО СОДРЖИНСКИ РАЗЛИЧНА КОНФИГУРАЦИЈА ОД ПЕРИОДОТ ПО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА.

До денешниов момент одиме по патот на првата, катастрофална опција. Се едно како да сме се вратиле во времето пред Балканските и Првата светска војна. Како тогаш, СИТЕ ДЕНЕШНИ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ И ОДГОВОРНИ ФАКТОРИ се определиле на погрешната страна. И во однос на големите сили, и во однос на македонските соседи. Да се потсетиме дека по расцепот на Македонската револуционерна организација во 1908 г., ДОМИНАНТЕН СТАНУВА БУГАРАШКИОТ ДЕЛ ОД ОРГАНИЗАЦИЈАТА. Поединци, како и денес, се тие кои се борат за македонска Македонија. Од една страна, Димитрија Чуповски, Крсте Мисирков (со некои колебања), социјалистите на Васил Главинов. Од друга страна, Серската група на Сандански, која исто така има колебања, особено пред Балканските војни. КАКО И ДЕНЕС, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВОЈУВА ПРОТИВ СВОИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, МОБИЛИЗИРАН ВО БУГАРСКАТА, ГРЧКАТА И СРПСКАТА АРМИЈА.

КРАТКО КАЖАНО, ИМАМЕ ОСОЗНАЕНИ САМО ПОЕДИНЦИ, А НЕОСОЗНАЕНА МАСА И РЕЗУЛТАТОТ Е КАТАСТРОФАЛЕН.

Во Втората светска војна МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ИСТО ТАКА Е ПОДЕЛЕН, но има организација спремна за вооружена борба (комунистичката, околу која се обединуваат различни антифашистички групи).

ДЕНЕС ТАКВА РАДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НЕМА. СДССМ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ НЕКОГАШНИТЕ ПРЕДАВНИЦИ „МАНЕМАЧКОВЦИ“. ВО СПОРЕДБА СО ТИЕ РАДИКАЛНИ ПРЕДАВНИЦИ, ВМРО-ДПМНЕ СЕ „МЕКИ“ КОЛАБОРАЦИОНИСТИ, КОИ СОРАБОТУВААТ СО МАКЕДОНСКИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ. НЕКОГАШНИТЕ ОДРОДНИЦИ СОРАБОТУВАА СО ОКУПАТОРИТЕ ГЕРМАНЦИ, ИТАЛИЈАНЦИ, БУГАРИ, СО БАЛИСТИТЕ. ДЕНЕС ПАК СО САД И БРИСЕЛ, СО АЛБАНСКИТЕ ТЕРОРИСТИ, СО ГРЧКИТЕ ФАШИСТИ И БУГАРСКИТЕ ШОВИНИСТИ.

ГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е ПАСИВЕН И ВО ВРЕМЕ НА ВОЈНИТЕ, И ДЕНЕС. ЗНАЧИ, ОД ЕДНА СТРАНА ИМАМЕ ПАТРИОТИ „НА БАТЕРИИ“, ОД ДРУГА – ИНТЕРНЕТ ПАТРИОТИ НАВИВАЧИ. Не случајно, до крајот на 1943 г. кога за сите е јасна идната катастрофа на фашистичкиот блок, македонските партизани се едвај 7000 (тука влегуваат и нивните јатаци). Во мај 1945 г. тие веќе се 110 000. Денешната психа на македонските генерации личи од коментарите за колумните на малкумината автентични македонски патриоти: „само напред“, „да дочекам да ја видам победата“, „да се надеваме“, „ќе бидеме горда генерација сведоци на крајот на фашизмот“ и т.н. НИКОЈ НЕ ВЕЛИ: „ДА СЕ БОРИМЕ“, „СПРЕМНИ СМЕ НА САМОЖРТВА“. Сите чекаат да бидат ослободени, ако видат дека некој гине ќе навиваат за него, ама никако да се приклучат. Потоа, како во минатото, може и песна да му направат.

НА ТАКОВ НАЧИН КАТАСТРОФАТА Е НЕМИНОВНА.

Навивачки се изјаснуваат и новинарите. ТИЕ НЕ ГЛЕДАТ ПОДАЛЕКУ ОД СДССМ И ВМРО-ДПМНЕ. Или пак навиваат за САД и Брисел. Спротивно на нив, еден сајт пак секојдневно најавува дека светскиот фашизам е во агонија. Тоа е голема глупост, ама уредникот ми се правда дека на тој начин „народот се охрабрувал“. Напротив, кога се читаат такви работи, едни веруваат дека нема алтернатива на САД и Брисел, другите пак ја чекаат Русија и Кина И НИКОЈ НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО. Пред неколку години, еден шутрак на мостот до МАНУ ми замери: „Слабо работите, Влахов. Ќе ја изгубиме државата“. Друг пак анонимец ме среќава и вика: „Малку останавме ние, патриотите“. СО ТАКВИ ЛУЃЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ БРАНИ ДРЖАВА.

ЕТЕ ЗОШТО, НЕ Е ЧУДНО ДЕКА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ПРЕМИЕРИ И ПРЕТСЕДАТЕЛИ ВО ИЗМИНАТИТЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ И КОПАА ГРОБ НА МАКЕДОНИЈА, А ИСТОВРЕМЕНО СИТЕ БЕА ПРИФАЌАНИ СО АКЛАМАЦИИ. НА ИСТ НАЧИН БЕА ДОЧЕКУВАНИ И СИТЕ АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ. ВО МАКЕДОНИЈА СЕ СОЗДАВААТ БРЗО ИДОЛИ, А КОГА ЌЕ СЕ УРНАТ, БРЗО СЕ СОЗДАВААТ НОВИ. СЕГА СЕ ПЛУКА ВРЗ „НОБЕЛОВЕЦОТ“ ОБАМА, АМА КОГА БЕШЕ ИЗБРАН МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ ЌЕ СЕ ПОСЕРЕА ОД ЗАДОВОЛСТВО. ТОГАШ МИ ДОЈДЕ „ПРЕКУ ГЛАВА“ И НАПИШАВ: „ОБАМА КАКО ДЕДО МРАЗ“. ИСТОТО ПРЕДХОДНО БЕШЕ СО ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА БУШ, ПРЕД ЧЕТИРИ ГОДИНИ И СО ТРАМП. ПРВО СЕ ПЛАШЕА ДЕКА НЕМА ДА БИДЕ ИЗБРАН, ПОТОА И ДО ДЕНЕС ГО ФАЛАТ. ТОГАШ, ВО КОЛУМНА „ПОЛИТИЧАРИТЕ СЕКОЈДНЕВНО ЈА УРИВААТ МАКЕДОНИЈА“ ОД 31 МАЈ 2016 НАПИШАВ: „За некои ГОДО е републиканскиот кандидат Трамп во САД. Демек ако станел претседател, американската политика би била наклонета кон Македонија. Глупост е дека Трамп бил независен и го рушел статусквото во САД. Независна фаца не може да има 9-10 милијарди долари. Него го контролира Рокфелер, како што демократите ги контролира Ротшилт. Двата клана се и конкуренти, но и добро соработуваат. Со други зборови менување на американската стратегија за уништување на Македонија нема да има“.

СЕ ПОТВРДИ ЛИ УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА? СЕ ПОТВРДИ.

ТОГАШ ПАК НАПИШАВ ДЕКА ТРАМП ИМА ГОЛЕМИ ШАНСИ ДА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ, ИАКО СВЕТСКИТЕ МЕДИУМИ ГО ТВРДЕА СПРОТИВНОТО. ДЕНЕС ПАК ВЕЛАМ ДЕКА ШАНСИТЕ ЗА ВТОР МАНДАТ МУ СЕ МАЛИ И КРАЈОТ НА КАКОВ И ДА БИЛО НАЧИН МУ СЕ БЛИЖИ. ЗАТОА ШТО ТРАМП БЕШЕ ИЗБРАН ДА ОДРАБОТИ ПРИВРЕМЕНО НЕШТО И ПОТОА Е НЕПОТРЕБЕН.

Хистеријата за корона вирусот која ја уништи светската економија покажа дека СВЕТСКАТА ВЛАДА ВО СЕНКА ГИ КОНТРОЛИТА ЗАПАДНИТЕ ВЛАДИ, МЕДИУМИ, ТЕРОРИСТИЧКАТА СЗО, НЕВЛАДИНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, ГОЛЕМ ДЕЛ ОД СВЕТСКИОТ ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ. ВО ТАКОВ КОНТЕКСТ ТРАМП, ОБАМА, КЛИНТОН, БУШ (ТАТКОТО И СИНОТ) СЕ САМО МАРИОНЕТИ. НЕМА НИКАКВО ЗНАЧЕЊЕ ДАЛИ НЕКОЈ ОД НИВ ЌЕ ОДИ ВО ЗАТВОР (ЈАС НЕ ВЕРУВАМ). СВЕТОТ МОЖЕ ДА СЕ СПАСИ САМО ПРЕКУ ГЕНЕРАЛНА ЧИСТКА (ГЛОБАЛНА ВОЈНА), ЗАТОА ШТО ДЕНЕС СФАЌАМЕ ДЕКА И НИРНБЕРГШКИОТ ПРОЦЕС БЕШЕ НЕКАКОВ ВИД ФАРСА. ХИТЛЕР И НЕГОВИОТ ЗАМЕНИК БОРМАН СЕ СПАСИЈА, ХИМЛЕР И ГЕБЕЛС СЕ САМОУБИЈА, И БЕА ОБЕСЕНИ 10-ИНА ВТОРОСТЕПЕНИ ЛИЦА.

НЕ СЛУЧАЈНО ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ ПУТИН ИЗЈАВИ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СКЛУЧИ ТРАЕН ДОГОВОР СО АМЕРИКАНСКИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ, ЗАТОА ШТО КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВО ВАШИНГТОН, КАЈ НИВ ДОАЃААТ ЛУЃЕ СО КУФЕРЧИЊА КОИ ИМ ДИКТИРААТ ШТО ДА ПРАВАТ. И секој кој дури и малку излезе надвор од директивата, си заминува убиен или дискредитиран.

КРАТКО КАЖАНО, СВЕТСКАТА ВЛАДА ВО СЕНКА КОЈА Е ПРИСУТНА ВО СВЕТОТ СКОРО ДВА ВЕКА, НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ УНИШТЕНА ОД КОЈ БИЛО ЧОВЕК, НЕЗАВИСНО ДАЛИ СЕ ВИКА НАПОЛЕОН, ХИТЛЕР, СТАЛИН, ТРАМП, ПУТИН И Т.Н., А ОД КОМПЛЕКС ОД ФАКТОРИ, КОИ НЕМИНОВНО ДОАЃААТ.

ДЕНЕС ЖИВЕЕМЕ „НА КРАЈОТ НА ДНИТЕ“ КАКО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА. ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЕДЕН ДЕН НАВОДНО МОЌНИОТ МОЖЕ ДА ПАДНЕ, А ПОТЛАЧЕНИОТ ДА ГО ЗЕМЕ МАРШАЛСКОТО ЖЕЗЛО. ТОА ЗНАЧИ ДА НЕ РОБУВАМЕ НА ИЛУЗИИ, НА РЕКЛА-КАЖАЛА, ТУКУ СО ПАМЕТ И ЦВРСТ МАКЕДОНСКИ ДУХ, ОД ШТО ЗА ЖАЛ, ОДАМНА СМЕ СЕ ОДКАЖАЛЕ.

 

Стефан Влахов-Мицов

24.05.20