КРАЈ НА СВЕТОТ ШТО ГО ЗНАЕВМЕ – СЕ ШТО БИЛО ЌЕ ГО НЕМА
Осамувањето, дури и ако е принудно, може да биде корисно ако се искористи за размислување, промислување, самопреиспитување и мотивирање наместо за паничарење, стимулирање на стравот и хистеришење.
Првото води кон акција и живот а второто кон парализа и исчезнување.
Ние сите во мигов сме во центарот на хаосот. Пред наши очи исчезнува светот во кој живеевме и кој го знаевме, кој не го сакавме баш, ама на кој се бевме навикнале според
Павловиот ефект по дресура.
Сето тоа сега се руши што страотно не плаши зашто ќе го замени нешто што ни е непознато. Короната, еден најверојатно лаботаториски
произведен вирус, ги ничкоса еднополарните божем светски институции ООН, СТО, Светска банка, ММФ, ЕУ, НАТО, Г-7, Г-20, ОПЕК…
Рокна ексепшенализмот,
евроатланската самобендисаност, западната самодоволна ароганција, консумеризмот како идеологија и религија. Парадигмата што веќе не создава нова вредност, а забрзано
гние, ќе биде заменета со нов вредносен систем и организација на животот на општествата на квалитетно поинаков начин.
Јас сум пишувала за ова во Пулс, во Старт, во ЗУМ, во Фокус, Во Нова Македонија и Дневник. Го кажав и на три ТВ гостувања на Алфа, на МРТВ и Канал 5.
На прашањето кој и каков би бил новиот Јуда одговорив дека неговиот фоторобот профил зависи од тоа кој ќе биде Христос, односно, месијата што ќе ги осмисли новите парадигматични вредности. На МРТВ, во дуелот модериран од водителот Љубиша Николовски, се судривме јас и Латас. Јас тврдев дека постојниот
вредносен систем ќе се уруши многу брзо зашто дегенерира на големо со
униполарноста и алчноста, а со тоа го забрзува влетувањето во хаос, а тој ми
контрираше дека замената на вредносните системи била најобична езотерија. Третиот пат гостував кај Миленко во неговото доцно ноќно часкање и се случи со повод, а по
експлозијата на финансиската криза во 2008 и по истрчувањето на Русија на светската сцена на Минхенскиот безбедносен самит во 2009 со настапот на Владимир Путин кој
во 12 точки му соопшти на светот дека неговата земја активно ќе учествува во создавањето на новиот мултиполарен поредок. Тогаш кажав дека набрзо, едно утро ќе се разбудиме во сосема друг амбиент, дури до толку што нема да го препознаеме се она околу нас. А ќе почне со исчезнувањето на вообичаените политички елити и истакнати политичарски фаци. Ќе ги снема стандардните партии (леви-десни и центарски), ќе се формираат нови идеолошки матрици, ќе се појават првите самопрајски,
неестаблишмент лидери милјардери и глумци, комендијанти кои масите ќе ги препознаат како свои гласноговорници…
Кажувам за 2009 и 2010 година. Пишував во ,,Нова Македонија,, серија текстови во кои посочував дека овој дегенериран свет ќе рокне. Дека не чека тешка борба со светскиот нео,,либерален,, фашизам кој своите
вредносни насоки ги стокми во пакети: Државите да еволуираат во приватни фирми а населението во генетски модифицирани робови без идентитет, обездушени отчовечени
– без идеали и слободна волја, мегалополисите да бидат новата општествена организација и политичка моќ, водата, вклучително и дождот, воздухот и сонцето да
бидат приватизирани, националните државни институции да станат дел од големите западни корпорации. Трансатланскиот и транспацифички договор кои се преговараа и договараа во тајност ни беа продавани како наш единствен, значи безалтернативен
избор. Овде во Македонија особено. Арно ама, не бидна како што беа замислиле Обама, Клинтони, Бушови, алатки како Сороси, ФетоГулени и нивните вазали во Германија,
Британија, Канада, Австралија и секакви изнајмени и дресирани локални шкопеници инсталирани низ континентите во ГМО активистичко-курсистички кокошарници.
Планот го ,,расипаа,, Русија и Кина на големо со неверојатна стратегија на ГО (кинескиот шах) а им се придружија самопрајски политичари – далекувиди визионери во Азија првенствено (Филипини, Виетнам, Иран, Турција, Сирија, Индија) во
Латинска Америка каде се издвојуваат Куба, Венецуела и Боливија, но и во Европа, првенствено во Унгарија, Исланд и Италија. Кинезите тивко и паметно на државите ширум светот им нудеа партнерски договори за соработка преку инвестирање во инфраструктура, здравство и образование што ја разби доминантната евро-американска
,,цивилизаторска,, културна и консументска бихевиористичка матрица. Го испокупија речиси целиот светски потенцијал на рудници со ретки метали (98%), ги
мултиплицираа правците на патот на свилата на копно, на вода и под земја. Откупија едно чудо злато.
Русија брзо се трансформираше во сосема самоодржлива држава која
инвестираше во развој на воената технологија, во образованието, во ширењето на хуманизмот како суштествена категоријална вредност. И сега што праиме? Корона вирусов само ни покажа дека цицачите на човечка крв, евро-атланските тираносауруси се буквално патосирани. Азиските и латиноамериканските ,,варвари,,
и ,,антицивилизациски дивјаци,, светски ги шират и заразуваат ЛУЃЕТО со СОЛИДАРНОСТ, ЕМПАТИЈА, ПРИЈАТЕЛСТВО, СОРАБОТКА, ПОМОШ. Патем тоа беше стратегија и мото на Ернесто Че Гевара револуционер кој во 1954 година како министер за здравство во владата на Фидел Кастро го осмисли и надобриот и
најфункционален светски здравствен систем кој го изучуваат од Америка и Британија до Бурма и Бангладеж, ама никој не умее да го спроведе како што треба оти за него треба етичност, совест и свест за тоа дека човекот ќе изумре без солидарност и одговорност, а не заради малку пари. Тоа го знаат пчелите и мравките. На ред се луѓето да научат. Италјаните и Шпанците сега учат забрзано нападнати од вирус, а им предаваат грижа и човештина кубанските непоткупливи лекари. Па нормално дека Италијаните ќе веат кубански знамиња и ќе пеат кубанска национална химна. А ЦИА
беспомошно ќе гледа како им потона ефектот од долгогодишни нечовечки санкции врз Куба. И оние со кои ги измачува Венецуела и Иран, Либија, Сирија, Јемен…
Да не верува човек! Стенд ап комедијантот Џими Дор преку ноќ исплива како лидер на американските работници кој повикува на генерален штајк и отпор кон американскиот демократско-републикански цијашки естаблишмент комплот.
Ејгиди!
Можеби ќе гледаме во живо она што го пееа победниците партизани дека ,,Америка и Енглеска, биќе земља пролетерска,,. Просто гледате како вриштат и пиштат неспособните
лордови во Британија, главните фаци во Германија и Франција, американските врвни
лобисти и мултимилјардери напикани во политиката кои не умеат да се справат ни со еден вирус а камоли да владеат со светот. И на што се сетија како иљач за нивната
болештина? Исрпобаа со хибридни војни, испробаа со закани, убиства, економски санкции, со инсталации на локално политичко ѓубре ширум држави како Македонија (најдрастично), ама резултатот не се менува.
Пробуваат сега со хистерична пропаганда да ја обвинат Кина за нечовечко однесување кон вампирите. Ја обвинуваат дека со
итроштина станала светски монопол во производство на се и сешто без кое
цивилизираните западни економии не можат да прднат. Кутрите, напувани и самобендисани прдлиња Кинезиве ги намамиле во стапица кога ги поканиле да инвестираат во Кина каде работната сила била ефтина а тие за греота, паднале на
финтава како клен на дудинка. Не од што се алчни за профит, бог да чува, туку зошто биле наивни. Јаа! Така бидува тоа кога седнувате самоуверено со непознат и потценет
противник да играте ,,не љути се човече,, и плус не ни знаете да се движите по теренот, ниту да броите, а тој ви игра велемајсторски 5Д геополитички, геостратешки шах. И
после се чудите како најмоќната држава на светот која се самопрогласи за посебна,
демек, специјална рожба на Господ и нејзините вазалчиња и евнусчиња и останати измеќарчиња ќе завршат како тавтабити кои бегаат од светлост и средства за дезинсекција. Нивниот светски поредок умира. Тука и сега.
Кој не го гледа ова дури ни сега, страда од она ,,гледа а не виѓава,, или ,,крај очи е слеп,,. Нормално дека ќе биде болно, жестоко, сурово и шокантно, ама овде нема
изненадување, освен ако намерно не сте сакале да го видите од страв за комоцијата. Ќе го видите, на избори, по избори, во секакви дешавки на кои сега и не помислувате и ниту една од нив нема да ги спаси актерите кои се сметаат за главни и незаменливи!
НИШТО ШТО БИЛО НЕМА ВЕЌЕ ДА БИДЕ! Сетете се на Мојсие кој ги шуткал оние што ги куртулил од ропство 40 години низ пустина за да ги ослободи или очовечи од
непродуктивната културна ем религиско-филозофска матрица и така вооружени со нова вредносна парадигма да стигнат нивните потомци во ветената земја.
Сетете се на Христос и новото мерење на времето пред и по неговото распнување. Не летајте веќе по умот на бумбари, оти знаете добро каде ќе слетате. Короната е наш безвременски народен заклучок дека секое лошо е за добро. Оти така дејствува универзумот. Полека
се опулуваме, размислуваме, опсудуваме и онака самоизолирани заклучуваме за да дејствуваме организирано како слободни луѓе со свест, совест и самосвест во новото
време што ни чука на врата.
М. Велиновска
04.04.20
Скопје