Капитулација потпишаа Борис Трајковски и Љупчо Георгиевски, локалната самоуправа Кичево и Струга ги направи шиптарски а Скопје стана двојазично село, шиптарска химна во сред собрание се пееше, гласање со две раце направи криминално парламентарно мнозинство, неуставен премиер беше промовиран од Хорхе звани Гаранција, патриотите ги осудија на неколкувековни казни, името го сменија, јазикот избришаа, историјата им ја предадоа, тетиторијата поклонија – администрацијата и буџетарите сеирот си го гледаа! Нив оџакот да им чури беше важно.
Ни протести, ни демонстрации, ни собирања пред Собрание ги интересираше. На солзавецот што го јадевме ни се смееја.
Е, ама сега, кога има најава дека ќе земаат само 14.500 денари месечно, одма револт, незадоволство, закани, плачења, ред солзи – ред мрсули. Како ќе се живеелео со 14-иљадарки, прашуваат?! Предходно не ги интересираше како текстилните работници, или оние кај Анѓушев у фирмите живеат со 5 или 6 или 8 илјадарки!!!
Е ама ете, карма, мечката заигра и во нивниот двор. Чудни се патиштата Божји. Господ бава, не забрава.
Само да си знаете, it will be worse, before it gets better.
Ние, обичните граѓани што не сме на буџетарска цицка паметиме како на шалтерите и во канцелариите бевте од важни поважни, од курчевити покурчевути…
Вие, буџетарите, си мислевте ако сите по дома ги вработите на државна плата, сте завршиле работа. Народ ќе работи, бизниснени ќе плаќаат данок, ние ќе плаќаме акцизи на бензин, а вие ќе си го прчите!
Епа сега чорба.
Не само што не ве жалам, ама и мерачам.
Ви мерачам вам кои никогаш во животот не сте заработиле ниту еден денар самостојно, не сте поделиле ниту една плата на вработен, не сте биле во неизвесност ќе има ли муштерии, прилив…, вие кои не сте знаеле што значи во фирма да ти влезе инспекција и од врата да ти каже “ни рекоа мора нешто да ти најдеме”.
М. Неделковски – 23.03.20
ПС
Од буџетарите имаше ретки но светли примери што си беа со народот, и овој текст не се однесува на нив: Т. Каракамишева, А. Климовски, В. Ачковска, Н. Жежов, С.В. Мицов, З. Николовски…