Кирил Кико Пејовски:
– Rebecca West, право име Cicily Isabel Fairfield, родена 1892 година во Лондон. Дописник на неколку тогашни познати светски новини но и писател. Позната активистка, одела по сбетот каде се случувале тогашни познати настани. Тогашна Југославија и била посебно интересна и била заљубена во неа, по пишување на нејзиниот биограф. Во Југославија престојува на неколку пати во период ос 1936 до мислам 1938 година. Ја има поминато цела, од Триглав до Ѓевѓелија. Издава посебна книга за ова нејзино искуство. Низ Југославија и е постојан придружник, србин од еврејско потекло, му го заборавив името. Е со него има кратка авантура. Со него престојува и во хотел Бристол, каде едно утро двајцата засадуваат во дворот орев во спомен на убаво поминатата дружба, малку поблиска де. Ова е исто напишано од нејзиниот биограф. Во книгата „Black Lamb and Grey Falcon“ има многу делови за нејзиното видување на тогашно Скопје, едноставно е изненадена од убавините и го споредува со тогашните Парис, Лондон…но со помали размери и без галама како во наведените. Инаку иако била во брак, била позната и по нејзините многу флертувања, попознати со Charlie Chaplin, новинскиот магнат Lord Beaverbrook, познатиот светски новинар John Gunther и други. Измеѓу многуте светски настани каде била присутна и пишувала, е и Нирнбершкиот Процес. Има добиено лично награда од Претседателот Truman, но и многу други. Дилемата дали е тој орев, денешниот или некој друг околу Бристол, не знам. Но едно е јасно, орев засадила во бавчата на Бристол, од која и да е страна. Еднаш му напишав на господинот, само треба да се чита и понекогаш едно извини, не е тешко, но поубаво е да бидеш тврдоглав, очигледно. Сето горе напишано се наоѓа во „Британика“, биографот на Ребека Вест и нејзината патеписна книга која ја наведов погоре. п.с. Данило Коцевски по потекло е велешанец, но кој да чита.
Славица Стефановиќ:
– Kiril-Kiko Pejovski pridruznikot ne bil bilo koj tuku poznatiot srpski publicist,novinar I pisatel od evrejsko poteklo Stanislav Vinaver.
– I godinata e na ragjanje e permutirana- 1892.
Кирил Кико:
ЕДЕН ХОТЕЛ,
ЕДНА ЉУБОВ.
ЕДЕН ОРЕВ,
…
“Кога се симнаа долу во ресторанот, додека појадуваа, Сисили му рече на Станислав: ‘Сакам да засадам орев во дворот од хотелот’. Станислав беше изненаден. ‘Орев?’, ја праша со вчудовиденост. ‘Да, орев’, тивко, со самоувереност му одговори Сисили. ‘Зошто токму орев?’ ‘За убавата ноќ!’ Станислав се насмеа, му беше пријатно што ги слуша тие зборови… ‘Оревот… Оревот е силно дрво’, објаснуваше Сисили и го пиеше чајот. ‘Оревот долго трае, ширно листа, разгранува, сака да ги дофати височините, го врти сонцето над круната, сенката му е дебела, згустена, горделив е, издржува на грмежи, на бури, затоа сакам да засадам орев, како тајна мисла за ова што ми се случи со тебе’.
‘А што ти се случи?’, иронично и подбивно ја праша Станислав. ‘Тоа што го посакува секоја жена’, му одговори Сисили. ‘Таму, крај грмушката, крај јоргованот, сакам да посадам орев! За тоа ти зборував! Таму сакам да имам свој орев, тука да расте, да се вишнее, многу, многу птици на него да слетуваат, многу утра тука да се завиделуваат, многу ветрови тука да се скротуваат, да стивнуваат, многу луѓе под неговата голема круна да седат, да се одмораат под дебелата и густа сенка, сакам… сакам орев да засадам оти корените во моето срце ќе му бидат’”.
Дел од “Црно јагне, див Балкан” – ПЕТРЕ БАКЕВСКИ
инспириран од вистинска приказна, а таа е:
Помеѓу Ребека Вест и нејзиниот придружник Константин се развила врска која, се чини, била нешто повеќе од пријателство. Иако постојат повеќе верзии на таа приказна, меѓу нив се родила љубов. Еден нејзин биограф вели дека помеѓу неа и Константин врската била “нешто повеќе од обично и официјално пријателство”.
За Ребека Вест која е, мислам нема потреба да пишувам, само да додадам, тука пишува и дел од својот славен патепис „Црно јагне и сив орел“.
Но каде го насадила оревот и каде престојувала при нејзините посети?
Во бавчата на еден од најстарите хотели „БРИСТОЛ“
ХОТЕЛ „БРИСТОЛ“ – 1923 година ( свечано пуштен на 24 април)
Финансиран по нарачка на браќата Караџа, а проектиран од познатиот архитект Артемушкин (сум го спомнал и во други постови)
Двајца угледни трговци го имаат изградено хотелот „Бристол“. Тоа се браќата Ташко и Ристо Караџа. Станува збор за трговци гросисти, кои ја поседувале фирмата „Браќа Караџа“. Новиот хотел, уште од неговото отворање во далечната 1923 год., сопствениците постојано го издавале под наем! За себе и за своја душа го користеле единствено кога била нивната семејна слава Св. Никола. Тогаш ги собирале своите деловни партнери и пријатели на прослава во раскошните сали на хотелот! Во близината се наоѓале железничката станица, хотелот „Русија“ и Кранговата палата.
Пребогатата историјата на хотелот „Бристол“ е поврзана и со старата скопска боемија и музика. На гостите во хотелот им свирел оркестарот на славниот Васил Хаџиманов! Сето тоа, се разбира, не можело да помине без професионални танчари и танчарки. За тоа се грижело и познатото скопско друштво за танчари „Ароести“, кое тогаш било најпознато во Скопје. Артистите и богатите трговци биле постојани гости во „Бристол“. Во периодот пред војната, но и по војната, тоа биле Прличко, Тодорче, Прешо, Димче Трајковски, чика Мита. По војната, најчест гостин бил боемот Панче Уневски, кој имал своја постојана маса во ресторанот. Хроничарите веќе забележале дека поетот Раде Драинац, во „Бристол“, на парче хартија од бурек ги напишал своите најубави песни. Хотелот бил луксузно и модерно опремен, со свој посебен стил и шарм, со познати специјалитети од кујната. Храната можела да се нарача и за дома, а на домашна адреса била доставувана со пајтони. Објектот го проектирал славниот архитект Артемушкин, кој го задолжил Скопје со своите архитектонски дела. Хотелот е на четири ката, со повеќе соби и неколку раскошни сали. Се раскажува дека во него Евреите имале своја масонска ложа.
Браќата Караџа, заслужуваат посебен пост.
Она шо е познато на повеќемина, во подрумските простории на „Бристол“ се отвара дискотеката „Таверна“.
сликите ви се познати.