Комичнот марш, каде Заев протестираше против сам себе, наречен “Марш за правда“, јасно и нагледно покажа дека на следните парламентарни избори победа ќе извојува ВМРО ДПМНЕ.
Без разлика на тоа што Муртинското копито сеуште ги контролира безбедносните и разузнавачките сили во државата, без разлика што со набркувањето на Мизрахи има апсолутно влијание врз социално ранливите категории, без разлика на страховалдеењето и без разлика на апсолутната контола врз медиумите – “подржувачите“ му го извлекоа чергичето од под нозете. Политичките превртачи, тој дел од популацијата која има исклучително истенчен осет за тоа кој ќе е следен победник, пред изборите и пред сите агенции за мерење рејтинг покажаа каков ќе е резултатот. За тие превртачи, предизборието воедно е и простор да ја извади од долапот другата партиска книшка, да се смени фотографијата во канцеларијата, да се избришат про-СДС фејсбук постовите а да се интензивраат оние про-мицковистичките пишувања.
Заев, како и при битката со Груевски, и сега со Мицкоски примени иста тактика, иста стратегија.
Имено, се реши на upside-down извртување на состојбата, па наместо виновен да стане жртва. Во времето на Груевски успеа (во голема мерка и заради неспособноста, молкот и подаништвото на тогашното раководство на ВМРО ДПМНЕ) прислушкувањето кое беше извршено од бандата на неговиот Зоран Верушевски со помош на странските служби и амбасади, да го представи како дејствија на тандемот Груевски-Мијалков. На крајот од таа бурлеска излезе дека Груевски и Мијалков сами себе се прислушкувале за да можат сами себе да се обвинат и сами себе да се срушат од власт!!! До ден денешен нема ниту еден прислушкуван разговор од оние наводни 30.000 прислушкувани, а на кој е некој кој не е раководство а ВМРО ДПМНЕ!!! Нема други “обични“ граѓани, нема политичари од помали партии, нема ниту еден од СДС!!! Тогашното прислушкување изгледа како “самоубиство до заседа“ или сам себе убил!!!
Тогаш таа тактика помина. Неколкумина пишувавме за оваа нелогичност, за оваа глупост – но, ете остана само на тоа. Машинеријата на ВМРО ДПМНЕ зариба во таа PR – MEDIA битка! Таа партија тогаш пред време се предаде. Ги затвори Дневник и Радио Слободна Македонија, укина емисии, исчисти новинари!!! Резултатот е, добивме “Писател од Пешта“.
И еве сега, пола деценија подоцна, повторно истата стратегија. Кривецот да биде жртва.
Муртинскиот Монструм, оној кој го зароби судството и обвинителството, кој нарачуваше апсења и пресуди, кој се амнестираше себе си три пати – сега маршира барајки правда! Барајки ја правдата од своите измеќари и слуги Џолев, Јовевски, Рускоска – од оние што правдата толку брутално и фашистички ја изгазија.
На сите неправди направени од рекетарската организација наречена СЈО, на сите неправди од ЈО кон браќата од 27-ми, на сите неправди кривично кон гонети новинари – тој бара правда!!!
Правдата, која нели е слепа ами изгледа не е и глува, што премина преку пукањето на БороМалборо кон полицијата, тепањето и киднапирањето на Курто Дудуш, заканите и малтретирањето од градоначалникот на Демир Хисар, криминалните лиценци за канабис, сите криминали на кланот Заеви, ослободувањето на сите убијци, дилери со дрога и монструми – од таа правда, правда бара копитото од Муртино!!!
Бара правда тој кој со рушење на правниот и уставен поредок во државава, односно со државен удар, влезе во премиерскиот кабинет.
ВМРО ДПМНЕ традиционално со PR и MEDIA и натаму стои очајно. Исто како и во времето на Георгиевски или Груевски. Но, овој пат, без медиумско масирање, народот си ја извојува својата битка, па не дозволи оваа стратегија од-виновник-до-жртва да му помине на Монструмот.
На народот му е доста од лаги (Смилковско, Мерцедесот, оградата, името, идентитетот, Гоце Делчев…) и му е доста од предавници.
Како и за референдумот, така и сега му е намерата да го исчисти монструмот од сцената во Македонија.
Ова нешто, превртачите со префинето чуство го осознале, и преку нив пораката е пратена – Заев ќе губи на избори.
Единственото прашање е со колку пратеници разлика?!
Проценките во СДС покажуваат дека реална разлика е 7 до 8 пратеника во корист на Мицкоски. Самиот Заев сака таа бројка да ја спушти на три до четири, за што мисли дека е подносливо.
Реално гледано, во декември 2016-та народот/гласачот сакаше да го казни Никола Груевски, ама не и да го осакати. Само сакаше порака да му прати. За жал, Никола тоа не го разбра.
Сега, гласачот/народот сака да го осакати, да го обезглави, да го уништи лицето Зоран, односно премиерот Заев.
Аргентина ќе е Маџарска за Црпко. Со тоа што од него неможе да се очекуваат чаршави ниту било каков друг пост на фејсбук, оти “одозгора на тога“ човекот е базично неписмен.
Миленко Неделковски
19.02.20
Од кај на Димитар домата во Железара