Акад. Митко Маџунков
Македонското прашање не е политичко прашање, како што е поставено сега, и затоа не е решено – тоа е народно прашање, кое ќе го снема тогаш кога ќе го снема македонскиот народ. Светот не го знае тоа, ниту го интересира, но Грците и Бугарите добро го знаат тоа и мошне се заинтересирани, а истото тоа важи и за Србите, на чиј „дел“ (рамноправен со грчкиот и бугарскиот по делбата во 1913 година) е создадена современата држава Македонија. Тоа го знаат и Албанците. Прашање е само колку го знаат тоа самите Македонци.
#МиткоМаџунков