Аљоша Иваноски

Аљоша Иваноски

Одлуката на ДУИ да не го поддржи законот за ЈО е комплетно во договор со Заев.
Како?
Заев најави дека доколку не се изгласа законот за ЈО нема да има избори.
Во моментов според сите анкети на Заев и СДС а и на ДУИ во албанскиот блок најмалку им одговараат избори.
Затоа, Заев има договор со ДУИ законот да појде до Собраниска седница но да не биде изгласан. Тоа ќе биде алиби на Заев да не распише избори и да си купи време.
Заев смета (го лажат) дека на самиот на ЕУ во мај земјава ќе добие датум за почеток на преговорите за влез во унијата, па така се надева дека барем малку ќе успее да го подобри својот рејтинг пред наредните парламентарни избори.
За среќа народот е доволно паметен да разбере дека и со датум и без датум, Заев не е способен да ја води државата.
Па така не е ни битно дали изборите ќе бидат предвремени или навремени, дали ќе бидат на 12 април или на 12 декември…
Битно е дека Заев ќе падни од власт и заедно со екипата околу него ќе одговара за сите прекршувања на Уставот и законите.

 

А. Ивановски

Прилеп, 10.02.20