Благодарам на сите што ми честитаа роденден.
Кој добро ме познава, знае дека родендени не славам и не признавам. Тоа, пред се заради уката од татко ми Борче, кој ми велеше дека после 40-тиот роденден тој не слави на денот кога е роден, ами жали (плаче) оти е една година постар и една година поблиску до крајот.
Но, седнувањето на тастатурата на Бадник ми е с друга цел.
Уште еднаш, на овој голем Христијански и Православен празник да ви предочам дека јас не сум ваш непријател. Оваа порака ми е до ВМРО ДПМНЕ, најразличните #Бојкотирам, родини, бачевци, палчовци, солзи, интегри и ред други.
Јас сум непријател само на Зоран Заев, кој ете неславно си замина и на СДС. Нормално и на секој странец, политичар, дипломат, советник, богаташ што ги поддржува тие фашисти и предавници.
Значи, јас ваш непријател не сум, но исто така не сум во бизнис со сокривање фактички состојби, во бизнис со сакање, поддржување, промоврање, агитирање… За тие активности барајте си друг.
Ако #Бојкотирам смета дека треба да не се пишува дека се очајно неорганизирани и дека своите замислени листи никогаш нема да ги направат – јас у тој бизнс не сум.
Ако истото го мисли и Родиниа, јас нема да сум тој што тоа ќе го крие и забашотува.
Ако ВМРО ДПМНЕ смета дека ќе ја скријам вистината оти народот нема да ги гласа Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Алексадар Николовски – многу јако се лаже.
Се сеќавам, на оние малкумина што се собиравМЕ пред Собрание, кога ќе им кажев дека основен проблем на тие собиранки е што е тоа “геријатрија“, ми се лутеа. Бидејки таму, јас со 63 години се чуствував како да сум од “џуниор парти“. Откако наљутениве ќе се потсмиреа, ќе ги прашав кај им се синовите, ќерките, внуците? Тука немаше одговор. Ако некој си помислил дека ќе ја одмолчам таа катастрофална “геријатрија“ состојба зато што стојам заедно со нив во друштво – и тука гадно се лажат.
Јас сум непријател на српскиот шовинизам, албанскиот национализам, бугарскиот фашизам и грчккиот нацизам.
Ваш непријател не сум.
Да, сметам дека сите заедно треба да се сполтиме за да ги срушиме розата(тупаницата) и орелот. Да, сметам дека нема друга структура (во моментов) што за тоа е способна освен ВМРО ДПМНЕ. Да сметам дека таа партија прави многу грешки. Но, да сметам и дека и малите партии и формално/нефромалните здруженија се полни со луѓе со големи ега што сакаат да попуваат а да не делуваат.
Но исто така сметам дека е невкусно, непристојно, некултурно и без основно домашно воспитание мене со 63 години возраст, 37 годипна новинарска кариера, стотици емисии и интервјуа, фамилијарна скопска традиција, изгазен скпски (центарски) асфалт – да ми давате совети што би требал да правам, и како тоа да го правам.
Кочете малку, фурните леб ви се даелку од тоа да бидат изедени.
Тоа што не ви одговарам и реплицирам, значи дека ви попуштам. Ви одбивам на глупост и на младост (неискуство).
Но, па немјоте премногу да ја тестирате мојата трпеливост.
Кочете малку, за да не исопадате у кривину (чувена реплика на Ѕинго кон Латас).
Миленко Неделковски
на Бадник 2020
(Напомена: Сликата е од плажата Ваикики во Хонолулу на Хаваи. Малото пижле е ќерка ми Бона. 1995-та година на една тура организирана од Палфи: Скопје – Лондон – Лос Анѓелес – Лас Вегас – Хаваи и обратно).