ЛУЈ ВИТОН СУДСТВО
Конечно Зоран Заев расчисти со судството и преку својата политичка испостава Киро Здравев, Љорета Ѓорѓиева и останатите го разреши Панчевски од Кривичен и ете сега судството се преобрази и стана независно “интегритетно”.
Ако едно време истиве полтронизирани и без интегритет судии се нарекуваа Сваровски судии поради тоа што го слушнавме од бомбите како разговор што го води “една судијка” во незаконски сниманите разговори со “началникот” каде прикажува за друга судијка дека на врховната судијка Неделкова и давала “Сваровски” ефтини подароци, преку разговорите со една трета судијка порано вработена во УБК, па разговори на четврта судијка со секретарката на Грујо за избор на судии, замислете на ниедна од овие не им фали ниту влакно, а камо ли судска функција, тие се реформираа ќутат ко рибици, освен Панчевски кој нели распоредувал предмети надвор од американската донација на УСАИД наречена АКМИС, па Панчевски за истава работа освен разрешување доби и обвинение и како што комуњарите оние како Костадин Костадинов или Лупче Николовски уживаат да кажат му претстои затвор! Ако ете, Панчевски е разрешен, уште малку “независното судство” ќе го осуди, па тоа набрзина ќе се потврди и тој ќе оди да ја служи својата незаслужена казна и нормално судството и обвинителството “реформирано” и “праведно” ќе продолжи да суди преку воспоставената нова реформирана судска и обвинителска пракса.
Сега е времето на Луј Витон судството полни торби милиони евра, ма какви сваровски кристали, ако “сваровски” судиите биле судии на режимот чудно и ефтино се задоволувале со “ефтини кристалчиња” и чудно не видовме кои тоа режимски предмети ги суделе, а еклатантен пример е неможноста дури ни “Бучко премиерот” или “преседавачот Шипо од Центар” да ги осудат, неспособни едни “џелати” и замисли тие да ти биле режимско судство. Но затоа модерниве Витонци – Јовевски, Вилма и останати правдољубиви со свој параф, а не преку обвинителскиот софтвер (обвинителски АКМИС) за распоредување предмети ќе продолжат да преземаат и распоредуваат предмети преку затворски писма добиени од притвореничката Катица Јанева или судскиот АКМИС оној на претседателот на Кривичен, Џолев, па и оној на Апелационата кумановска дактилографка на техникиот Оливер Спасовски, пардон судифка Димчевска ќе распоредува предмети надвор од американското чудо АКМИС како распоредувањето на пример на
Тоа е таа нова пракса на “матна правда” поткрепена и од членовите на Судскиот совет кои нели со последното соопштение пред само неколку дена иако само административно тело самите си ги проширија ингеренциите па одлучувајки за имунитетот на нивен колега за кој Вилма од обвинителството за организиран побара притвор, некако се занесоа и како Судски совет ја презедоа и улогата на судија кој одлучува за притворот, па онака ноншалантно не дозволија притвор за еден од нивните редови иако за притвор по ЗКП ингеренции има само судија на претходна постапка. Обвинителката Вилма летаргично се придружи на ова ново право и еве нема ни жалби, ни реакции едноставно по принципот од летото “ќе се правиме на блесави”, “Катица е на одмор”, “Јовевски е на одмор со Цаневска купува фармерки”, а тогаш “не се работи” и “не се преземаат истражни дејствија”.
Ова новово право и ба судииве и на обвинителиве им донесе таков мир и лагодност еве и сиротиот поранешен министер Миле Јанакиевски можеби и рекордер од Гинис во светски рамки по судски постапки и тајминзи за рочишта сега заради “врвен политички приоритет” ќе му судат поротници со изминат законски мандат но што има тука незаконито? Тоа што законот не дозволува овие од Судскиов совет го дозволуваат, не дека го разбираат! Ах па тоа сега по новото Луј Витон право зависи кој го применува или не законот, па сега Судскиот совет е над законот еве одлучува дека нема да констатира престанок на мандатот кој иако престанал по закон и тие поротниците ќе си судат бидејки врвен приоритет и по Џолев и по Судскиот совет е да се донесе пресуда не толку да се осуди Миле туку да се обештети Цановски бидејки Владата приоритетно си ветила исплата заради реинвестиции во избори и така во круг. Судијата кој суди нормално е одраз на “правдата” врзани му се очите и не го гледа сето ова.
Искрено понекогаш си велам добро е што јас не сум применувал вакво право бидејки ќе сум немал мирен сон, вака АКМИС – АКМИС барем сум раат, мирно спијам знам што не сум направил и зошто! А тие нека ме разрешуваат и нека ми судат!
Да ви кажам понекогаш слушајки и гледајки ги сите овие незаконитости и небулози изминативе години помалку им завидувам на овие од Судски совет но, не на позициите туку на “паметот” со која леснотија го применуваат ова ново право веројатно тоа е клучот на она нема правда нема мир?! Тие секако ќе го разрешат и осудат Панчевски како полтронска војска и во сите инстанци ќе се покриваат и ќе ги применат сите можни незаконитости спротивно на законите на Република Македонија па дури и оние закони на Северна како што љубат да кажат и тоа ќе го направат свесно и со леснотија бидејки знаат дека нема да одговараат за тоа, бидејки правдата по ова нивно право ќе дојде дури по 7-10 години подоцна со одлуките од Стразбур кога оваа голгота што сега некому му се случува, тогаш никому нема да му биде битна, дали овие сега уништиле животи на илјадници семејства и кој ќе плаќа репарации.
Се прашувам колку се свесни дека се што до сега направија и дозволија да им направи оваа власт повлекува сериозна кривична одговорност на сите инволвирани во ова криминално Луј Витон судство и обвинителство!
За Бомбите, Катица Јанева и СЈО не спомнав таа приказна со која започна хаосот веќе ја знаете…