АНТИМАКЕДОНСКАТА МАФИЈА
Во денешно време сме сведоци на уништување на држави, но не сме виделе уништени мафии. Напротив, мафиите ги преземаат државите.
На Балканот уште во 90-те години на
минатиот век мафијата ги завладеа Албанија и Црна Гора, по 1997 г. мафијата почна окупацијата на Бугарија (тој процес заврши со владата на Борисов), пред да стане американски протекторат (во 2008) Косово веќе беше мафијашка држава.
Македонија пак стана целосно
мафијашка територија во последниве три години.
НА ТОЈ НАЧИН, МОМЕНТАЛНО НА БАЛКАНОТ ИМА ЧЕТИРИ МАФИЈАШКИ ДРЖАВИ И ЕДЕН МАФИЈАШКИ ПРОТЕКТОРАТ. ПРАКТИЧНО, СИТЕ ТИЕ СЕ ПОД ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА НА АМЕРИКАНСКАТА МАФИЈА. СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, ТИЕ КОИ ГИ УПРАВУВААТ САД САКААТ ДА УПРАВУВААТ И СО СВЕТОТ.
Кога една мафија ја презема државата, за таа држава нема спас. Затоа што тоа значи контрола врз целиот политички, економски, институционен, образовен и културен систем.
Тоа значи дека сите тие стануваат дел од мафијата.
Тоа значи дека ГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД
ОПШТЕСТВОТО ВЛЕГУВА ВО СОСТАВОТ НА ТАА МАФИЈА. МАФИЈАТА Е НЕУНИШТЛИВА, ЗАШТО ПРОТИВ НЕА ВО ТОА ОПШТЕСТВО НЕ МОЖЕ ДА СЕ СОЗДАДЕ ОРГАНИЗИРАНА ОДБРАНА. ИМА САМО ПОЕДИНЦИ КОИ ВНАТРЕ ВО ДРЖАВАТА НЕ МОЖАТ ДА НАПРАВАТ НИШТО.
Да ја земемена на пример Македонија.
Тука мафијата ги контролита СИТЕ
ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ. И ПОСТОЈНИТЕ И ТИЕ КОИ СЕ СОЗДАВААТ. Ако некој не и одговара на нивните интереси, не може да се регистрира. Потребните 1000 членови не се проблем. Ако
некоја партија е потребна на мафијата, таа за неколку дена ќе и собере потребните членови.
Се знаат барем два случаја во последно време. Ако пак концептот на организацијата е спротивен на мафијата, таа ќе оневозможи да се регистрира дури како здружение. Таков беше случејот со здружението МИР (Македонија и Русија), кое не успеваше да се регистрира неколку
години. Во Бугарија такви се случеите со ОМО Илинден-Пирин, која е одбивана независно што има неколку илјади членови повеќе од потребното за регистрирање на партија. До пред
неколку месеци таму не беше регистрирано дури ниту македонско здружение.
ЗАТОА МОРА ДА Е ЈАСНО ДЕКА НЕМА НИКАКВО ЗНАЧЕЊЕ КОЈА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ПОБЕДУВА НА ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА. КОЈА И ДА Е, КАКВИ ВЕТУВАЊА И ДА
ДАВА, КАКВИ И ЛОЗУНЗИ ДА ПОСТАВУВА,ТАА Е ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА МАФИЈА.
КАРАКТЕРИСТИЧНО ЗА МАКЕДОНСКАТА МАФИЈА Е ТОА ШТО ТАА Е АНТИМАКЕДОНСКА. Албанската мафија на пример, не е антиалбанска, сицилијанската и
наполитанската мафија – не се антииталијански, руската мафија – не е антируска.
МАКЕДОНСКАТА МАФИЈА Е АНТИМАКЕДОНСКА УШТЕ ОД СВОЕТО РАЃАЊЕ ПРЕКУ ПАРТИИТЕ СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ И НИВНИТЕ КОЛАБОРАЦИИ СО АЛБАНЦИТЕ. Денешната антимакедонска мафија ги контролира не само сите политички партии, туку и целата економија и бизнис, судските, воени, безбедносни, образовни, културни институции, локалната власт,
формалните и неформалните здруженија. Доказ за тоа е дека против одлуките на денешната
антимакедонска владеачка мафија се бунат реално САМО ПОЕДИНЦИ. Организации и партии изигруваа само совесни револтирања од кои нема фајде.
ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАМЕ. КОГА МАФИЈАТА ЈА ВЛАДЕЕ ДРЖАВАТА, ТАА ГО ВЛАДЕЕ И НАРОДОТ ВО ТАА ДРЖАВА. МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МОЛЧИ, НЕ САМО ЗАТОА ШТО Е
ПОД КОНТРОЛА, ТУКУ ЗАТОА ШТО ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НЕГО НА ЕДЕН ИЛИ ДРУГ НАЧИН Е ВКЛУЧЕН ВО МАФИЈАТА.
ИМАМЕ 230 000 СЛУЖБЕНИЦИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА, АКО КОН НИВ ГИ ДОДАДЕМЕ ЛУЃЕТО ВО ДРУГИТЕ ДРЖАВНИ УСТАНОВИ, А ГО ДОДАДЕМЕ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР КОЈ Е ИСТО ТАКА КОНТРОЛИРАН ОД МАФИЈАТА ИЗЛЕГУВА ДЕКА СО ИСКЛУЧОК НА НЕВРАБОТЕНИТЕ СИТЕ СМЕ ВКЛУЧЕНИ ВО МАФИЈАТА. ЗАТОА ШТО
СМЕ ДЕЛ ОД ДРЖАВАТА, А ТАА СЕ ВЛАДЕЕ ОД МАФИЈАТА. ПРИТОА – НЕВРАБОТЕНИТЕ СЕ НАДЕВААТ НА РАБОТА, ЗНАЧИ И ТИЕ СЕ ЗАВИСНИ ИНДИРЕКТНО ОД МАФИЈАТА.
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПАК СЕ ЗАГРОЗЕНИ ДА НЕ ИМ СЕ ИСПЛАЌАТ ПЕНЗИИТЕ. И ТИЕ СЕ ЗАВИСНИ.
ЗАТОА СЕКОЈ ДЕН ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ИСЕЛУВААТ ЛУЃЕ ЗА ДА БАРААТ СПАС ОД МАФИЈАТА. ТОГАШ ШТО ДА СЕ ПРАВИ? ВО МИНАТОТО, ПРЕД ДА ОДГОВОРИ НА ТОА ПРАШАЊЕ МИСИРКОВ ПРАВИ ЦЕЛОСНА АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА.
НИЕ ТАКВА АНАЛИЗА СЕ УШТЕ НЕ СМЕ НАПРАВИЛЕ, ПА ЗАТОА ДАВАМЕ И ГЛУПИ ОДГОВОРИ.
Едни се уште веруваат на СДСМ, други не можат да се оттргнат од ВМРО-
ДПМНЕ, трети се надеваат на „трета“ опција, се спомнуваат пајтон партии чија цел на нивните „лидери“ е да зафатат фотеља или да се вратат во пратеничка фотеља.
ВИСТИНСКОТО РАЗМИСЛУВАЊЕ: ШТО ДА СЕ ПРАВИ? МОЖЕ ДА ПОЧНЕ ЕДВАЈ
ТОГАШ КОГА ЌЕ СФАТИМЕ ДЕКА 30 ГОДИНИ СМЕ БИЛЕ ЛАЖЕНИ ОД МАФИЈАТА, КОЈА ВО ТОА ВРЕМЕ ЧЕКОР ПО ЧЕКОР НИ НАПРАВИЛА ДЕЛ ОД СВОЈАТА МРЕЖА И ВО НАШЕ ИМЕ
НИ ОДЗЕМА СЕ: ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, ИСТОРИЈА.
СО КРАЈНА ЦЕЛ ДА НЕ УНИШТИ И
ФИЗИЧКИ. ПРЕД ДА СЕ УБЕДИМЕ ДЕКА НИ НЕМА СПАС АКО СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ЕДНА ИЛИ ДРУГА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА, ЗА ЕДЕН ИЛИ ДРУГ „ЛИДЕР“ КОЈ ВЕТУВА СЕ И СЕШТО (СЛИЧНО НА ЦИГАНИНОТ КОЈ БИЛ НА СВАДБА И ВЕТИЛ КОЧИЈА И КОЊИ ШТО ГИ НЕМА), САМО ЌЕ ДАДЕМЕ МОЖНОСТ НА НОВИ И НОВИ ИЗРОДИ ДА НЕ ПЉАЧКААТ.
Стефан Влахов-Мицов
Скопје, 21.12.19