Блиц курс за политичари вечни курсисти и понављачи.
Изнудените предвремени избори во Обединетото кралство и добиените резултати, за сите македонски политичаричиња би требало да значат итно будење од деценијскиот
дремеж, да не речам хибернација. Затоа е речиси нереално да очекуваме овие вечни курсисти и божем од лево и божем од десно да поминат еднаш во повисоко политичко одделение.
На што се должат пречките во развојот на безмалку целата политичка класа во Македонија? На фактот дека нема самодоверба, нема самопочит и нема личен интегритет.
Плус, нема слободен и критички ум.
Вака скоцкана и истренирана, таа
политиката ја сфаќа како црковна догма, како правила кои еднаш засекогаш ги напишал некој од горе (кој и да е и каде и да е) и кој не смее да биде предизвикан. Ова ги прави припадниците на оваа ендемска заедница човеколики мивки со кои, кој стигне брише усвињет патос. За сметка на Македонија и Македонскиот народ кој се срами од
сите нив.
Ќе наведам неколку маркантни примери:
Времето незапирливо тече, светот
се менува драматично, ама понављачите политички курсисти не ја менуваат мантрата за ЕУ и НАТО како ЕДИНСТВЕН ИЗБОР. Оваа ,,идеологија,, или попрецизно
квазиполитички култ вели: Или ЕУ или смрт! Или НАТО или сиријски пекол. Сите тие буквално чекаат дата за почеток на преговори со ЕУ, зачленување во рекет организацијата на евроатланскатаполитичка мафија позната како НАТО како што нивните претходници во осумдесетите и девеесетите години од 20 век до скоро чекаада оживее СФРЈ.
Првиве испоумреа заедно со СКЈ. Вториве се во претсмртна агонија
ама се надеваат дека ,,сранците,, на Фрче, Владе и Геро ќе ги оживеат. Абдали!
Оваа позиција, ваквата догматизираност и инфериорност ги прави политичките партии
неважни. Од нив нема фајде ни населението ни државата. Внатрешната политика ни ја
водат ЕУ комесари, моќни лобисти и профитери, западни амбасадори и домашни ,,цивилно-активистички,, контрактори, надворешната пак ни ја водат ,,сериозни земји,, како што ги именуваше бившиот министер Никола Поповски и сегашниот му имењак Никола Димитров. Односно, СТРАНЦИТЕ, како што ги именуваше нивниот идеолошки ментор дегенот Фрчимир.
Нема пример ни за лек, макар случаен инцидент кога Македонија (нејзините претставници) гласала спротивно од одлуките, волјата и
интересите на САД, Велика Британија, Германија или Франција. Освен по грешка!
Само еднаш заради лоша координација во МНР и кабинетот на Претседателот на државата, Македонија гласаше воздржано во ООН наспроти евроатланската
групировка.
Колку и да е тоа спротивно на нејзините државни или национални интереси ,,нашата,, државна политика си се води во ходници и во канцеларии на ,,сранци,, и главно
редовно под разно или на маргините што е друго име за во од помеѓу пауза за ручек или мочање.
Пошто гледам се спремаат вака темелно неспремни пак да му излезаѕ на очи на народот, им советувам да се обидат барем да извлечат скурдепсани заклучоци од
парламентарните избори во Велика Британија:
1. Гласачите, народот, ги казни оние партии и политички водства што не ја почитуваа волјата на населението искажана на РЕФЕРЕНДУМ.
2. Ги казнува сите оние кои на избори излегуваат со гола пропаганда, без јасна програма и ни риба ни девојка фразеологија која не се обраќа на конкретно гласачко тело.
3. Од водството се очекува одважност, решителност и длабока одговорност кон суверениот граѓанин и неговите интереси.
4. Во Македонија ,,нормално,, уште долго нема да видиме пример на политичка одлука како онаа на УКИМ и Најџел Фараж кој ги жртвуваше еднократните ,,материјални,, партиски интереси со цел конзервативците да добијат уверливо
мнозинство и силен мандат кој ќе го ефектуира БРЕГЗИТ. Тоа политички
писмените го викаат пресметана жртва на ,,фигура,, за да се набие интегритет, подигне политичка цена, односно, политичка вредност и конечно да се добие шах партија, преку остварување на врвна национална цел.
5. Губитниците лабуристи имаат многушто заедничко со нашиве лево-десни центристички ѓоа партии. Немаат идеологија, немаат веќе гласачко тело, туку само ад-хок муштерии. Личат на планктон. Следат политичка мода како Боки и
Сергеј, како Јадранка и Оливера ,,модра туфна,, и немаат блага врска што и како мисли нормалниот народ оти надвор од бутик и кафуле немаат цапнато.
6. Партиските водства, наместо да ги слушаат агенциите од Израел кои ги плаќаат за да им ги обликуваат кампањите (патем, случајно ли и црпкиве од СДСС и оние што конкурираат за црпнати од
ВнатрешнаОкупаторскоСеверџанскаОрганизација-ДемонкратскоСеверџанскоЕдинство си избраа ,,стручњаци,, од земјата која оди на избори трипати годишно зашто политичарите им се невидени корумпирани ајдуци и демократи до тука бидува) да пробаат да го слушнат шепотот на македонските гласачи оти на денот на избори тој сигурно ќе се претвори во татнеж што ќе ги уплаши. Ќе ги фати повторно на спање.
Затоа на ,,победникот,, Мицковски му советувам, ако воопшто мисли да оди на отчет пред избирачите и стопаните на РМ, веднаш да го научи на памет ,ако веќе не умее самостојно без странска помош, да го анализира говорот на победникот Борис Џонсон. Посебно му ги нагласуам обврските кои тој јавно ги превзеде во врска со Брегзит: Нема веќе ,,ако,, и ,,дали,,!. ,,Парламентот и оваа НАРОДНА влада ќе работат за сите вас. Јас ПОНИЗНО (или скромно) им се заблагодарувам на сите што гласаа за нас, посебно на сите оние на кои им се тресеше раката додека не заокружуваа
зашто никогаш не биле симпатизери на Конзервативната партија и ПОНИЗНО им велам благодарам, а ветувам дека нивните очекувања нема да ги изневерам,,.
7. Нашиве курсисти допрва треба да одлучат на кое гласачко тело ќе му бараат да ги гласа. На македонското или на северџанското, за да утврдиме во која држава се тие регистрирани како политички партии и под кое име, односно симболи.
Потоа, во програмите да се види дали недвосмислено јасно му се гарантира на Македонецот со самоспознаен идентитет дека чкработините на тиранската платформа, бугарската пљачкашка офанзива и гркљанско-муртинската геноцидна куротресина како и на постариот рамковен учка-НАТО мафијашко терористички акт, мајски, па пржински анекс, од тој ден НЕ СЕ ВАЖАТ, а се важи громогласниот одговор на референдумот од 30-ти септември и оној првиот од 8 септември. Толку! За почеток!
М.Велиновска
Дебар Маало
14.12.19 23.45 ч.