Македонска стрелба на Пичке које чуте

Македонска стрелба на Пичке које чуте

“Џамијата е дивоградба, ама ние заради изборите официјално ќе ја пуштиме во употреба“ – е последното од милионите неодговрни, незаконски, штетни и антимакедонски изјави што ги даде нелегитимниот и неуставен премиер Зоран Заев.

Груби ќе си каже дека они ќе си славеле кога сакале и како сакале. Јовевски си кажа дека и они си делеле бонуси во ЈО како и во СЈО, иако со својата работа не само што не го запреа криминалот туку го појачаа и станаа дел од него. Уставен ќе ги помилува оние што Иванов ги помилува, ама никако на дневен ред да го стави “Договорот од Преспа“. Десетици илјади евра пратениците земаат за измислени патни трошоци. Од објавениот список на луѓе што без причина земале десетици и стотици илјади евра од државата, никому влакно не му фали. Фатиме сега се сети дека била само обичен магационер, ама за бонуси од стотици илјади евра. Катица ја пуштаат оти била самохрана мајка без работа!!!

И се‘ така до бесветс.

Македонија стана суперпродуктивна за кажување лаги, за сркање пари од буџетот, во злоупотреби на службените положби… Суперпродуктивна во владеење на криминалот, ослободување злосторници, закани по живот… Стана пример како Пајак тепа полицајка, како децата требало да гледаат филм во МНТ…

Македонија стана Елдорадо за превртачи. Довчерашните закоравени ВМРО-вци Митко Јанчев, Нино Тодоров, Бришковска и слични, сега се најблиски соработници на Зоран Заев, а Сашо Мијалков е бизнис партнер со Вице Заев. Довчерашните закоравени СДСМ-вци Геровски, Златев, Милчин, Свињевац, Куновска се медиумските перјаници на партијата против која толку долго време здушно работеа – ВМРО ДПМНЕ.

И, Македонија стана супер импотентна со казнување на сите тие што ја предадоа Македонската опција и ја искрадоа државата. Никогаш не видовме процесуиран олигарх, иако е констатирано дека транзицијата била криминална, а Влатко Ѓорчев висеше по оградите. Не видовме конфискуван имот на бизнисмени и политичари кои не можат да си го докажат потеклото на имотот. Станавме племе познато под прекарот “Пичке које чуте“.

Протестите се со очајно мала излезност. Истите ликови се и на улица и на разно-разни конгреси, и на потписи на декларации, и со разни иницијативи… Тие собири се уште едно големо разочарување, оти настаните се “Геријатрија парти“, каде што присутните не можат да објаснат каде на протестот се нивните синови, ќерки, внуци, внуки… Дури и најблиските на протестирачите, не доаѓаат да протестираат. Секако, има чесни исклучоци кои само го потврдуваат правилото.

Пред нас се избори. Некаде идната година. Тие ќе бида уште една кланица. Кланица на која за навек ќе бидат елиминирани малите партии и независните интелектуалци што сакаат про-боно да помогнат на државата и народот. СДСМ и ВМРО ДПМНЕ ќе бидат различни и спротиставени во се. Но во едно ќе бидат унисони: елиминирање на било кое камче во чевелот, за да можат би-партиски да си владеат со децении.

Решение? За жал, сметам дека нема.

Зошто? Па зато што народот кој е познат по своите атентатори, егзекутори, пресуди, безмилосност во решавањето на предавниците…, народ по кого е крстена “Македонската стрелба“, сеуште си го чува кубурот закачен на појас.

Едноставно е! Идиотите што се и што биле на власт, судиите, обвинителите, олигарсите, пратениците, политичарите – НЕ СЕ ПЛАШАТ ЗА СВОИТЕ животи и животитет на своите најблиски. Синовите и ќерките на политичарите, банкарите, бизнисмените дивеат низ државава не плашејки се за себе?!?!?!

Тоа е затоа што нема и не постои реална закана.

Ја нема заканата. Пичке које чут, стварно чуте.

Се додека нема пресметка, каде што ќе има опасност по животите на оние што не‘ предаваат и пљачкаат, тие без страв ќе си продолжат да си го прават она што досега го правеле.

По улица слободно си се шетаат Доне Таневски, Шутурков, Минчо, Свето Јаневски, Тито Петковски, Стојан Андов, Перо Гошев, Љупчо Георгиевски, Фатиме Фетаи, Бранко Црвенковски…

Македонецот покажува дека е мирољубив, богољубив, но и дека сега во ново време има додадено нови “вредноси“ кон својот карактер, а тоа е простување, заборавање, понизност и помирување со судбината.

Танец оди како “национален“ а не како Македонски субјект, нашите многу јаки австралиски патриоти што од далечина солат памет што сме требале овдека да правиме, го примаат Драган Вучиќ предавникот како најблиска рода да им е. Палчо веќе 4-т месец го нема за некаков спор вреден 3.000 евра, неговите најбилиски соработници и партнери како Солза, уво не ги боли. На 27-ми Груевски во друштво со А. Николоски  го раководи од Виена упадот во Собранието, на 28-ми во 4 сабајле ги осуди тие коие беа во комуникација со него, неговиот бодигард, со Чавков и со разни началници. Едноставно, ги предаде. Сега, со најновава акција на Уставен, сите ќе се слободни, само браќата од 27-ми ќе се внатре.

Државата е здолжена со сума која е рекорд над рекордите и во големината ама и во брзината на задолжувањето. Толку пари државата се задолжи, ништо не се гледа!!! Ни автопат, ни инвестиции, ни пруги, ни автобуси, ни локомотиви – ништо. Само пари за Сашо Ордановски и Димитар Апасиев. Да не забодаравм, во врска со писмото на Апасиев кон Костадиновски, се е во ред што професорот својот интелектуален труд го наплаќал. Тука нема ништо спорно и така треба да биде. Но, не гледам “интелектуален труд“ во тоа да присуствува и активно учествува тој и неговата партија во демонстрациите против Владата, во поддршката на СЈО, во кршење, фарбање и уништивање.  Тука интелектуалност не гледам. А баш таквата интелектуалност, уличарска, се поклопува со датумите на добивање уплати од по 500 евра неколкукратно во текот на еден месец.

Да заклучам, со мирно никој не си заминал. Без страв, никој не се повлекол. Без жртви, никој не победил.

Во Македонија де факто не постои ниту радикална десница (ВМРО), ниту радикална левица (КПМ, односно СКМ, односно пресоблечени комунисти во СДСМ). Постојат партии кои велат дека се од центарот, малкуцка лево или десно. Но, Македонија го нема AFD, го нема Салвини, Трамп… Го нема Моралес, Дутерте или Ердоган. Го нема ниту Орбан.

Без крв, држава не бива. Со крв ја добивме 1944/45-та. Без крв ја добивме 1991-ва. Ние со крв ја загубивме во 2001-ва. Албанците пролеаја своја крв и си ја добија Македонија. Ние со нашите предавници Бучковски и Трајковски ги предадовме нашите војничиња во заседите на ѕверовите.

Сега, никој непријател нема да се повлече, ниту сегашнава бизнис-политичка клика, ниту албанците, ниту странците, ако ние бараме гласачи.

Нам ни требаат револуционери.

А, ги нема!!!

 

Миленко Недлковски

29.11.19

Скопје, 08.24 ч.