МАКЕДОНИЗМОТ И НЕГОВИТЕ СТАРИ И НОВИ НЕГАТОРИ
Македонизмот е поврзан со борбата на македонскиот народ за утврдување на македонската нација. И македонизмот и нацијата се дело на самиот народ за разлика од националните процеси во цела Европа и посебно на Балканот. Бугарскиот националист Петко Славејков на два пати (во 1871 и 1874 г.) признава: „Многу пати сме слушале од Македонците дека тоа не биле Бугари, туку Македонци“… „Во разговор со некои македонски патриоти сфатив дека ова движење, што само пред некоја година беше гол збор, сега е јасно прецизирана мисла“. Да се потсетиме за ставовите на современите западноевропски научници како Хаген Шулце дека нациите создавани во 18 и 19 век биле фабрикувани од неголем број учени, публицисти и поети. ВО СПОРЕДБА СО ТИЕ НАЦИИ И НИВНИТЕ НАЦИОНАЛИЗМИ, МАКЕДОНИЗМОТ Е ЛОГИЧЕН И ПРИРОДЕН, А НЕ ВЕШТАЧКИ. На пример, таканаречените ГРЧКА НАЦИЈА И ХЕЛЕНИЗАМ се вештачко дело. Поимот „хеленизам“ е дело на баварецот Јохан Дројзен и е мотивиран од новосоздадената грчка држава на чело со баварецот Фридрих Отон во 1832 г. Следната година Дројзен објавил книга за Александар Велики и за „првата обединета грчка држава“ во лицето на Македонската империја. Шпекулацијата е повеќе од вулгарна, затоа што изразот „хеленизам“ произлегува од глаголот hellenizo, што значи „зборува грчки“.
Само што, ЈАЗИКОТ ВО МАКЕДОНСКАТА ИМПЕРИЈА НА АЛЕКСАНДАР НЕ БИЛ ГРЧКИ, А ЕДЕН ВИД ЕСПЕРАНТО КАКО ШТО УТВРДУВААТ НАУЧНИЦИ КАКО С. М. ВЕСЕЛИНОВИЌ И Д-Р ЧАРЛС ФРЕНСИС ПОТЕР. ПОЧЕТОКОТ НА ТОЈ ЈАЗИК БИЛ ВО ЕГИПЕТСКА АЛЕКСАНДРИЈА КАДЕ ШТО ИМАЛО МНОГУБРОЈНИ МАКЕДОНСКИ КОЛОНИСТИ, НО НЕ И ГРЦИ. Надвор од сето тоа, поранешни и денешни научници како Пјер Карлие признаваат дека ГЛАВНИ ДВИГАТЕЛИ И НОСИТЕЛИ НА НОВАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ИСТОКОТ ВО ПЕРИОДОТ 4-ти ВЕК ПР. ХР. БИЛЕ МАКЕДОНЦИТЕ. УШТЕ ПОВЕЌЕ ДЕКА ВО ТОЈ ПЕРИОД НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА ВЛАДЕЕЛЕ МАКЕДОНСКИ ДИНАСТИИ ВО СИРИЈА И ЕГИПЕТ.
КРАТКО КАЖАНО, ПОЛИТИЧКИТЕ СОЗДАТЕЛИ НА ГРЦИЈА И ХЕЛЕНИЗМОТ, ВЕЌЕ ТРИ ВЕКА ЈА НЕГИРААТ ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЗМОТ И МАКЕДОНСКИОТ КОСМОПОЛИТИЗАМ И НЕГОВАТА ЦИВИЛИЗАЦИСКА УЛОГА.
ВЕШТАЧКАТА „БУГАРСКА НАЦИЈА“ И НЕЈЗИНИОТ „БУГАРИЗАМ“ ИСТО ТАКА СЕ ПОЛИТИЧКА КОНСТРУКЦИЈА, ОВОЈ ПАТ НА ПАНСЛАВИЗМОТ. БУГАРСКАТА И ГРЧКАТА „НАЦИЈА“ И ТЕРМИНИТЕ ПОВРЗАНИ СО НИВ НЕ САМО ШТО СЕ ФАЛСИФИКАТИ, НО И НЕ СЕ ДЕЛО НА БУГАРИ И ГРЦИ, ТУКУ НА СТРАНЦИ.
ОБРАТНО, МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И МАКЕДОНИЗМОТ КОИ СЕ СОЗДАДЕНИ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ПОНАТАМУ СЕ ОБРАЗЛОЖЕНИ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕРОДБЕНИЦИ КАКО ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ И КРСТЕ МИСИРКОВ. СО ОГЛЕД НА ТОГАШНИОТ МОМЕНТ, МИСИРКОВ ГО ТРАНСФОРМИРА МАКЕДОНИЗМОТ КАКО „МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН СЕПАРАТИЗАМ“ („ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ 1903“). ТОЈ Е СОСЕМА ЈАСЕН ДЕКА ГО ПРАВИ ТОА ЗАШТО НАЈГОЛЕМИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА СЕ БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И СРБИЈА: „САМО ЕНЕРГИЧНАТА БОРБА СО ТИЕ ТРИ ДРЖАВИ ЌЕ ЈА ИЗБАВИ ОД ПОГУБУВАЊЕ НАШАТА ТАТКОВИНА“.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НЕГОВИТЕ ПРЕРОДБЕНИЦИ ГЛЕДАЛЕ НА МАКЕДОНИЗМОТ НЕ САМО ВО ТЕСНА НАЦИОНАЛНА СМИСЛА: КАКО БОРБА ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ, ВОСКРЕСНУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И БОРБА СО НЕПРИЈАТЕЛСКИТЕ НАЦИОНАЛИЗМИ, ТУКУ И КАКО ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПОИМ, СО НАДНАЦИОНАЛНА И СВЕТСКА УЛОГА. Затоа и во Преамбулата на Правилата на македонскиот востанички комитет за време на македонското Кресненско востание (1878-1879) се вели: „Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски НИЕ СЛУЖИМЕ КАКО МАКЕДОНСКА ВОЈСКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА СЛОБОДАТА СО НАШАТА ДЕВИЗА: СЛОБОДА ИЛИ СМРТ“. Две децении порано, на 3 март 1860 г. дописникот на Цариградски весник од Охрид изјавува: „ОВАА ЗЕМЈА Е МАКЕДОНИЈА – И АКО ЈА ПОГЛЕДНЕМЕ ПРИРОДАТА, НАРАВИТЕ, ОБИЧАИТЕ, КАРАКТЕРОТ НА ЖИТЕЛИТЕ, НИВНИОТ СТАС, НИВНАТА ФИЗИОНОМИЈА, ЦЕЛОСНО ЌЕ ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ИСТИТЕ ОНИЕ МАЖИ КОИ ВО СТАРО ВРЕМЕ ГИ СОЧИНУВАЛЕ ФАЛАНГИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“.
СО ЕДЕН ЗБОР, МАКЕДОНИЗМОТ ИМА ДВОЈНО ЗНАЧЕЊЕ: СВЕТСКО И НАЦИОНАЛНО. И ДВЕТЕ ЗНАЧЕЊА СЕ ПРЕЛЕВААТ ХАРМОНИЧНО ЕДНО ВО ДРУГО. ЕВЕ ЗОШТО ТОЈ Е НА УДАР КАКО НА ЛОКАЛНИТЕ, БАЛКАНСКИ НАЦИОНАЛИЗМИ, ТАКА И НА СВЕТСКИТЕ ГЛОБАЛИЗАТОРИ. МАКЕДОНИЗМОТ КАКО ПОВИК ЗА ЦИВИЛИЗАЦИСКА СИНТЕЗА Е АНТИПОД НА НАМЕТНАТАТА ВО СВЕТОТ ГЛОБАЛИЗАЦИЈА, ОСНОВАНА НА АМЕРИКАНСКОТО ГОСПОДСТВО И СВЕТСКАТА ВЛАДА ВО СЕНКА. МАКЕДОНИЗМОТ Е ОДАМНА НА УДАР НА БУГАРСКИОТ ШОВИНИЗАМ, А ОД ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ И НА ГРЧКИОТ И НА АЛБАНСКИОТ ШОВИНИЗАМ.
БУГАРСКИТЕ ФАШИСТИ И ВО МИНАТОТО И ДЕНЕС ГО КАРАКТЕРИЗИРААТ МАКЕДОНИЗМОТ СО ГРДИ ЗБОРОВИ. ГРЧКИОТ ФАШИЗАМ БЕШЕ ЗАДОВОЛЕН ЗАТОА ШТО ЗАПАДОТ МУ ОБЕЗБЕДИ ПРЕВЛАСТ НА ВЕШТАЧКИОТ ХЕЛЕНИЗАМ. НО, ПО ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ТРИТЕ БАЛКАНСКИ ВАМПИРИ (БУГАРИЈА, ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА) ПОВТОРНО СЕ ЗАФАТИЈА ДА ГО РУШАТ МАКЕДОНИЗМОТ.
ДОДЕКА БУГАРИТЕ ОПСТОЈУВААТ НА СВОИТЕ ПРОСТАЧКИ ОПРЕДЕЛБИ ЗА МАКЕДОНИЗМОТ, ГРЧКИТЕ ТАЈНИ СЛУЖБИ ГО ПОДМЕТНАА НА НИВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ СПОНЗОРУШИ ВО МАКЕДОНИЈА ТЕРМИНОТ „АНТИКВИЗАЦИЈА“, КОЈ ПОЧНА ДА СЕ ШИРИ ОКОЛУ ГРАДБАТА НА ПРОЕКТОТ „СКОПЈЕ 2014“. ЦЕЛТА БЕШЕ ДА СЕ ИСМЕЕ МАКЕДОНСКОТО АНТИЧКО МИНАТО И ДА СЕ ПОДЕЛИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НА „АНТИЧКИ МАКЕДОНЦИ“ И „СЛОВЕНИ“. МЕЃУВРЕМЕНО, ГРЧКИОТ ЕВРОПРАТЕНИК И ПОРАНЕШЕН ПОРТПАРОЛ НА ГРЧКОТО МНР КУМУЦАКИС СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ТОЈ Е АВТОР НА ТОЈ ТЕРМИН. НА ТОЈ НАЧИН ИЗРОДИТЕ ОД СДСМ ПЛУС ГРЧКИОТ КЕШ ОД ПОВЕЌЕ ОД 150 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПОТКУПУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ, ПРОФЕСОРИ И НОВИНАРИ, ДОБИЈА И „ИДЕОЛОШКО ОРУЖЈЕ“.
ОДГОВОР НА ГРЧКИОТ ТРОЈАНСКИ КОЊ, Т.Е. НА „АНТИКВИЗАЦИЈАТА“ УШТЕ ТОГАШ ГО ДАДЕ МАКЕДОНСКИОТ АКАДЕМИК ЖИВКО ПОПОВ СО БЕЗАПЕЛАЦИОНАТА ДЕФИНИЦИЈА: „СЛОВЕНСТВОТО Е ПОСЛЕДНИОТ СЛОЈ НА МАКЕДОНИЗМОТ“. МЕЃУТОА СПОНЗОРУШИТЕ НА ЗАЕВАТА БАНДИТСКА ВЛАДА И НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОДОЛЖУВААТ АТАКОТ ПРОТИВ МАКЕДОНИЗМОТ. ЕДЕН ПИГМЕЕЦ ВЕЛИ ДЕКА ТОЈ БИЛ ОДЖИВЕАН И МОРАЛО ТРЕБА ДА СЕ ЗАМЕНИ СО НЕШТО ПОБЛАГО. ТОА Е ИСТО КАКО СУГЕСТИИТЕ ДА НЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ, ТУКУ „МАКЕДОНЧИЊА“ ЗА ДА БИДЕМЕ ПО УГОДНИ НА ОКУПАТОРИТЕ. ЕДНА ДРУГА ПОПУЛАРНА СПОНЗОРУША СУГЕРИРА ДЕКА ВО БУГАРИЈА МАКЕДОНИЗМОТ ИМАЛ ЛОША КАРАКТЕРИСТИКА.
ДОСЕГА НЕ СУМ ВИДЕЛ НЕКОЈ НАРОД ДА СЕ ОТКАЖУВА ОД СВОЈАТА ИСТОРИЈА И МЕМОРИЈА. ХРВАТИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ИЛИРИЗМОТ, ИАКО ИМ БЕШЕ ПОТФРЛЕН ОД ВАТИКАН. ГО ПРИФАТИА КАКО СВОЈ И ГО КОРИСТАТ. ГРЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖАА ОД ХЕЛЕНИЗМОТ, НИТУ БУГАРИТЕ ОД БУГАРИЗМОТ, ИАКО Е ВЕШТАЧКИ И ЗА ЕДНИТЕ И ЗА ДРУГИТЕ. СОЗДАТЕЛИТЕ НА ЛИБЕРАЛИЗМОТ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД НЕГО ИАКО ПРЕТРПЕ КРАХ. ИСТОТО Е И СО ГЛОБАЛИЗМОТ. БУГАРИТЕ ИСТО ТАКА НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ФАШИЗМОТ, КАКО И ИТАЛИЈАНИТЕ. НЕЗАВИСНО КАКВИ ШТЕТИ ТОА ДОНЕСЕ НА ЧОВЕШТВОТО.
ВО ТАКОВ КОНТЕКСТ, КОГА 21-ОТ ВЕК ЌЕ БИДЕ ВЕК НА НАЦИОНАЛИЗМИТЕ (ТОА СУМ ГО НАПИШАЛ ВО ЕДНА ЦЕЛА КНИГА ВО 1997), ДА СЕ ОТКАЖУВАМЕ НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЗМОТ, КОЈА Е НЕ САМО НАШЕ, ТУКУ СВЕТСКО УПОРИШТЕ И ИДНИНА, ЗНАЧИ ДА БИДЕМЕ ЦЕЛОСНИ ИДИОТИ. ВО СПОРЕДБА СО „КОРИСНИТЕ ИДИОТИ“ (СПОРЕД МИРКА ВЕЛИНОВСКА), СО ПРИРОДНИТЕ И ПОТКУПНИ ПОЛИТИЧКИ, АКАДЕМСКИ И Т.Н. ИДИОТИ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД СЕБЕСИ, ОД СВОИТЕ ТРАДИЦИИ, ОД СВОИТЕ ИДЕИ, ОД СВОИТЕ ЦЕЛИ.
МАКЕДОНИЗМОТ Е ЗНАМЕ ЗА ОСОЗНАЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ И КАМБАНА ЗА НЕОСОЗНАЕНИТЕ!
Стефан Влахов-Мицов
Скопје, 27.11.19 – 21.10 ч.