Игор Цветковски

Игор Цветковски

НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК Е ИЗВЕСЕН. (свиленкаст пат, зелено ропство или војна)


Замаецот за преуредување на финансискиот систем од сегашната состојба на безредие поттикната од шпекулациите без покритие (1,5 квадрилиони долари=1,5 милион милијарди долари во деривативи) кон систем на “зелени финансии” воден преку “реформираните” централни банки, се придвижува поразувачки брзо.Тоа што овој замав или барање, доаѓа и од горе кон долу, од ешалоните на Сити (оф Лондон), но и од долу угоре, од анархистичките групи како “Extinction Rebellion”(“интелектуални” и ѓоа прогресив залагачи за чиста средина), не е случајно, бидејќи веќе е докажано дека двете страни се раководени од истите берзански шпекуланти-милијардери кои го создадоа економскиот меур, зрел да пукне во секој миг.
https://larouchepub.com/special_report/2019/co2_reduction_is_mass_murder/extinction_rebellion_climate_violence.pdf

Како потврда, Марк Карни од Банката на Англија, поранешниот управител на Банката на Канада човекот на Голдман Сакс, неодамна водеше бурна кампања за зелената крипто валута како замена за банкротираниот американски долар. Откако се објави овој крипто план на 22 август, Банката на Канада,брзо потоа, излезе со службена поддршка на истиот на 15 октомври.
https://www.bnnbloomberg.ca/carney-urges-libra-like-reserve-currency-to-end-dollar-dominance-1.1306107

https://nationalpost.com/technology/blockchain/bank-of-canada-exploring-digital-currency-that-would-replace-cash-track-how-people-spend-money/wcm/19490739-99fb-4392-a73a-0e126cf2f73e

Колегите на Карни во ООН на Конферeнцијата за трговија и развој (UNCTD), на 15 октомври ja истакнаа оваа порака: ” Она што сега е потребно е “светски зелен нов договор” кој би посочувал на обнова на животната средина,финансиска стабилност и економска правда спроведена со огромни јавни вложувања во обезјаглеродување(декарбонизација) на енергијата, на превозните и прехранбените системи, истовремено гарантирајќи работа за расселените (работници) и поддржувајќи раст на земјите во развој кои користат што помалку јаглен во својот развој, а преку пренос на соодветни текнослогии. ”
https://unctad.org/en/pages/newsdetails.aspx?OriginalVersionID=2214

Кон Карни се придружи и поранешниот управител на Банката на Англија, Мервин Кинг, кој предупреди на финансиски Ар-магедон, доколку на централните банки не им се овозможи уште еднаш количествено ублажување-печатање долари(тој што предупредува на армагедон го поттикнува, забрзува на ист начин како што е дојдено до него, инаку не би се остварил планот за целосен надзор преку зелениот нов договор)
https://www.thisismoney.co.uk/money/news/article-7595441/Mervyn-King-warns-slow-growth-unleash-financial-Armageddon.html

ТОКМУ СЕГА НАСТАНУВА БУРАТА

Oвој строго координиран притисок е поврзан со слонот во собата: не само што е мит закрепнувањето после финансиската криза во 2008 година, туку кризата е толку многу зголемена, што никакво количинско олеснување не може веќе да помогне.
Од 17 септември радикално нов бран на спасување е пуштен–од Федералните резерви на Њујорк, дневно се ослободуваат 50-100 милијарди долари како краткорочни заеми за големите банки да можат да се борат со постојаната криза на ликвидноста. Во меѓувреме излезе извештајот на ММФ за светската финансиска стабилност кој силно ѕвони за тревога–корпоративниот(значи државниот башка) долг на 8-те водечеки држави пораснал до рекордни 19 трилиони(19 илјади милијарди) долари на кои пак стојат-се вложени(договорени поточно) неброени трилиони долари во деривативни облози. Во извештајот на ММФ се укажува дека наглото, ненадејно затегнување на финансиските услови може да ги разоткрие ранливите места на системот. (угоре високо, удолу длабоко)

ДЕРИВАТИВИТЕ И НЕРЕАЛНОСТА НА СОВРЕМЕНЕТО БАНКАРСТВО

Кога се случи кризата во 2008 година, многу луѓе се разбудија со грдиот факт, дека живееле во лага.
Заблудите се распрснаа толку драматично што многумина почнаа да си ги преиспитуваат уверувањата и почнаа многу појасно да размислуваат за вистинските начела на политичката економија која беше одрекувана од глобалистите дека постои. Тоа и не беше така тешко да се заклучи, бидејќи луѓе како Конгресменот Бред Шерман, објавија дека им се заканувале со тн Маршалов закон во САД, ако не го поддржат решението “преголеми за да пропаднат”. За жал, откако заживеа тн спасоносен систем, шпекулациите продолжија да растат, а на западњаците им беше речено дека основите се здрави, дека глобализацијата и неолибералниот поредок се докажале како успешни, па луѓето може мирно да заспијат.
https://www.reddit.com/r/conspiracy/comments/1wmzvj/representative_brad_sherman_says_that_congress/

ШТО Е ОНА ШТО МОРАВМЕ ДА ГО НАУЧИМЕ ВО 2008 ГОДИНА ?

Економијата не е дигитална. Таа не е ни парична. Дури не е ни ресурсна. Секако, ресурсите, парите, крипто-валутите може да играат значајна улога во економскиот систем, но одржливоста на системот-она што може да се нарече “причина за вредноста” нема основа во ниту еден од погоре наброените чинители. Овој факт е сфатен посеопфатно во трите децении по Втората светска војна кај транс-атлантските држави. Но, по 1971 година, кога американскиот долар се одвои од златниот стандард и се појави на шпекулативните берзи, се роди и нова парадигма “прво парите(доларот), реалноста после(а можеби ни тогаш) и земјите лишени од своите посветени водачи, набрзо остануваа без своите вредности-својот имот и без можност да создаваат сами од/за себе заеми за долгорочни инфраструктурни проекти или да наметнат заштитни давачки. Овие две можности се службено забранети во СТО(светската трговска организација), НАФТА(северноамериканската слободно трговска спогодба) и кај оние кои имаат било каква врска со ЕУ-ро кафезот.

Во текот на 1990-те претпоставената(не и остварена) производствена моќ се зголеми од 2 трилиони долари во 1992 година, на 70 трилиони долари во 1999 година, за во 2000 година тој меур очекувано да почне да издишува.После тоа, многумина мислеа дека крајот е близу и почнаа да се будат, но со укинувањето во 1999 година на “Glass Steagall” законскиот акт кој двоеше кои се комерцијални а кои инвестициони банки,проследено со дерегулацијата во 2000 година на тн берзански производи а поддржани од суперкомпјутерите и високофреквентното тргување, заблудата доби живот и меурот од 70 трилиони долари порасна на 500 трилиони долари кон 2007 година, кога конечно очекуваното пукање се случи. За споредба, светскиот БДП(бруто домашен производ) изнесува само 85 трилиони долари.
https://www.strategic-culture.org/news/2019/08/07/avoid-collapse-means-restoring-glass-steagall-without-green-new-deal/

https://dealbook.nytimes.com/2009/10/07/dealbook-dialogue-lynn-stout/?mtrref=www.google.com&assetType=REGIWALL

КАДЕ БЕШЕ ОТПОРОТ ?

Зошто повеќето луѓе не е бореа во текот на 1970-те, 1980-те, 1990-те, 2000-те години, против овој колапс на производството, распаѓање на инфраструктурата, губењето на практиките кои ги удрија темелите за најдобриот животен стандард во светот, со предвидлива иднина, а сега неродените деца да не се знае дали ќе преживеат воопшто ?

Додуше, неколкумина се бореа.
Претседателот на Дојче Банк, Алфред Херхаусен, се обиде да го заживее про-индустрискиот модел на раст по паѓањето на Берлинскиот ѕид, но атентатот врз него стави крај на тој обид во ноември 1989 година.
Американскиот претседателски кандидат Линдон ЛаРуш беше отпорот во САД, но во 1988 година ФБИ направи хајка против него и неговите сојузници, па беа ставени во затвор со максимално обезбедување на долги години.
Беа и некои други, но поголемиот дел од политичката класа од која учеа и граѓаните,а особено интелектуалците, се примируваа со ставот “не таласај”, држи ја главата доле и можеби ќе стекнеш материјални удопства, додека рабовите на царството се распаѓаа.
https://larouchepub.com/eiw/public/1998/eirv25n32-19980814/eirv25n32-19980814_037-the_assassination_of_herrhausen.pdf

https://www.youtube.com/watch?time_continue=549&v=sRwGaNHKRlM

НОВИОТ СВИЛЕНКАСТ ПАТ ИЛИ НОВИОТ ЗЕЛЕН ДОГОВОР

Не е тајна дека Марк Карни исто како и францускиот министер за финансии Бруно Ламер, неодамна изјавија дека ако не се воведе за многу брзо време светскиот Нов зелен договор, тогаш кинескиот Нов свиленкаст пат ќе стане основа за новиот пост Бретон Вудс систем, т.е. основа за новиот светски поредок вон надзор и управувачка моќ на досегашните западни елити.Во главите на олигархиската владеачка класа опседната со контрола врз се’, ваквата мултиполарна иднина, зачната со долгорочни проекти, како свиленкастиот пат, за реален постојан раст, меѓународен развој и соработка, како и без определена предвидлива даааалечна крајна точка на тој можен развој, е ужас кој не смее да си го дозволат, дури и по цена на нуклеарна(трета) светска војна.
https://www.reuters.com/article/us-g7-economy-france/reinvent-international-monetary-order-or-face-chinese-dominance-france-idUSKCN1UB2MZ

Токму поради ова се открива целосната грдотија на намерно создадените економски кризи и “решението” за нив-зелената крипто валута, чип.

Причината поради која општествата предводени од Русија и Кина, се качуваат на бродот наречен Нов свиленкаст пат, се согледува во водечката парадигма на тој проект, заснована на ВИСТИНСКА ВРЕДНОСТ. Извлекувајќи ги луѓето од сиромаштија(само во Кина 800 милиони) и вреднувајќи ја КРЕАТИВНАТА МОЌ НА УМОТ со што се умножуваат можностите за дејство при про-производствена парадигма ориентирана кон раст и постојано надградување на производството,овие евроазиски држави всушност само се сетија дека постои извор на вредности и се напојуваат од него, од изворот кој всушност ги водеше западните(евроатлантски) земји во развој во оние три децени по втората светска војна. Маката во таа парадигма, за неолибералните геополитичари со зиро-сум(победникот зема се’) мисла, е она што го знаат за неа, а го мразат, е тоа што штом се започне со некоја вистинска, оригинална сериозна програма за развој, едноствано таа не може да се запре.Тоа е отворен човечки систем, се заснова на творечкиот човеков потенцијал и на слободната волја, а истовремено е нелинеарен.Оваа отворена нелинеарност е спасителната благодет за човештвото.

Кога во државите се издигнува животниот стандард, потрошувачката стапка расте,потребата за нови ресурси расте а со тоа и мисловниот процес за создавање ред во новонастанатата сотојба дејствува иновативно исто како и при создавањето нова текнослогија која се подразбира при откривањето на нови начини и пронајдоци. Сето ова едноставно мора да најде примена во производствениот процес, кај самите производи но и самите алатки би имале постојан развој. Замислете како светот ќе изгледаше денес ако програмата на  Џон Ф. Кенеди за економија заснована на просторот(и вселената) придвижена од нуклеарната фусија (атомска синтеза), не се погребаше заедно со него.
https://www.youtube.com/watch?v=YoOKeM_9xBg

Цела наука за физичката економија е и во срцето на (BRI) “Појас и пат иницијативата” , а истите начела се објаснети децении нананзад во еден учебник од 1984 година, “Па, сакаш да знаеш се’ за економијата” проследени со видео “Силата на трудот”. Вреди да се посвети посеризоно внимание на овие материјали ако некој се смета за трагач по вистината во современиот свет и мисли да придонесе за човештвото.
https://larouchepac.com/sites/default/files/So_You_Wish.pdf

https://www.youtube.com/watch?v=6S-E8etv5-I

Единствената причина зошто зелената дигитална валута на Банката на Англија се сфаќа барем малку сериозно, е затоа што западните луѓе станаа толку психо-духовно одвоени од реалноста во текот на годините откако „култот на потрошувачкото општество“ ги натера луѓето да веруваат дека една држава може магично да постои како услужна економија без производство, па и да ја прифатат понудата за ропство.

Исто како оние технократи во 1919 година, кои од Версај наметнаа невозможни репарации за поразената Германија, а истовремено избивајќи ја физичката економска основа за постоењето на Вајмарската Република, така и денешните банкари се гладни за нови фашистички решенија(како новиот зелен договор) за проблемите на суверените држави. Знаеме што се случи со Германија, светот, кога последниот проект придвижен од Банката на Англија, пропадна во 1945 година. Но, што ќе правиме денес ?

од Метју Ехрет, новинар, предавач и основач на канадскиот патриотски лист. canadianpatriot1776@tutamail.com
–превод, обработка, Игор Цветковски

https://www.strategic-culture.org/news/2019/10/31/carneys-green-crypto-currency-precursor-to-a-financial-meltdown/

И. Цветковски

Скопје/Ранковце
02.11.19