Обвинителката Вилма Русковска, која се етаблираше во мандатот на предходната власт, а потоа на 1 тв пред јавноста изјави дека била дел од шарената револуција, што е непрофесионално, неморално и спротивно на основните начела на законот за ЈО – субординацијата и хиерархијата, вечерва на 29.10.2019 ги потврди претпоставките за спрега со извршната власт спроведувајќи селективна превда.
Таа не одговори на најголем број од прашањата сакајќи да не им наштети на осомничените и на истрагата, но затоа беше многу гласна во нападот на новинарот кој објавил податоци од јавен интерес, тврдејќи дека “тој сам се наместил” за кривична пријава со што директно го нападна, а од таа позиција секако дека може да влијае врз поведувањето и водењето на кривичната постапка. На ваков начин директно му ги повредува правата од член 10 од УДЧП дека Секој има потполно еднакво право на праведно и јавно судење пред независен и непристрасен суд кој ќе одлучи за неговите права и обврски и за основаноста на секое кривично обвинение против него и член 11 став 1 дека Секој обвинет за кривично дело има право да се смета за невин се додека врз основа на законот, вината не се докаже на јавен претрес на кој му се обезбедени сите гаранции потребни за негова одбрана. Таа грубо го нападна и новинарот кој се обиде да го одбрани својот колега.
Дали оваа личност заслужува да се занимава со да таа професија и дали треба воопшто да се надева дека ќе остане на тоа место