Ботовите воскреснаа

Ботовите воскреснаа

Воскреснаа, ва истина воскресна! Ботовите, оние најодвратни – ПАРТИСКИ.

Како што ги има дефинирано Бобан Нонковиќ, ги има два вида: 1. Оние што се со измислен идентитет, зад кои се скриени уплашени  џуџиња без мадиња; и, 2. Оние што ги нарековаме ботови со матичен број, кој седат и како кукли идиотски ги исполнуваат желбите на својот претседател, потпредседател, министер, директор на ЈП, амбасадор, професор…

Воскреснувањето на ботовите се случува само кога претстојат битни политички превирања како што се избори, референдуми и и слично. Во меѓувреме ги нема…, како карактери, идентитети, личности тие не постојат. Постјат само за да се измеќари на наредбодавецот.

Заедничка им е карактеритиката што кај нив на Фејсбук, Инстаграм, Твитер или интернет страна никој не доаѓа, никој не чита, никој не ферма, никој не презема. Ама ете тие се на сите други профили, интернет страни, распсолани со своето “свезнание“, информации кои се неточни или се само отсечки од нешто чуено со пола уво во кафана – па кажуваат и пишуваат она што газдата ќе им зададе.

Ете, сега се активираа, ептен.

Прашањето кое е неминовно е ЗОШТО се сконцентрирани само на еден-два профила?! Профили на личности кои ги окарактеризуваат како небитни, бивши, невлијателни, ништавни (козар, стара баба, кучкар, шофер, пијаница…)?! Ако се такви, ШТО ПА СИТЕ СЕ НАВЛЕЧЕНИ БАШ НА ТОЈ ПРОФИЛ? Еве, навлечени се на МОЈОВ… Профил, де.

Ако е Миленко, или некој друг Миленко небитен, што па толку ботови дење-ноќе дремат и коментираат?! Што се трошат толку ресурси кај небитниов?!

Нема да одговарам на сите глупости, бидејки, што би рекла Мирка, ќе им влезеш во материјална расправа која ботовите ја посакуваат.

Но, едно ќе искоментирам! Имено, најактуелно е тврдењето на ботовите кое, ќе пробам да го исцитирам, звучи вака: НЕМА ДА МУ ДОЗВОЛАТ (на Миленко) ДА ИМА ЕМИСИЈА ВО НИТУ ЕДНА ТЕЛЕВИЗИЈА. НЕ ГО САКААТ НИТУ НЕГОВИТЕ (кои се тие МОИ, не знам!!!). НЕМА ДА МОЖЕ ВЕЌЕ ДА ПРАВИ ЕМИСИИ НА ТЕЛЕВИЗИЈА… и слично.

Па вака, МНОГУ ВИ БЛАГОДАРАМ. ПОГОЛЕМА ПОТВРДА ДЕКА СУМ ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ДИСИДЕНТ, од ова нема. Токму на такви светли, ДИСИДЕНТИ, ликови низ истријата им забранувале да настапуваат, да пишуваат, да се појавуваат. Јас не сум им ниту до членокот на стапалото, но судбината на НЕМА ДА ГО ИМА НА НИТУ ЕДЕН МЕДИУМ ја имаале и  имаат и: Линдон Ла Руш, Ном Чомски, Анѓела Дејвис, Челзи Менинг, Едвард Сноуден, Далтон Трамбо, Џулиан Асанж, Нелсон Мендела, Милован Џилас, Славко Чурувија, Јозеф Бродски, Александар Солжељицин, Лав Троцки, Клара Цеткин, Роза Луксембург, Вацлав Хавел…

Им забранувале настапи бидејки ИМ СЕ ПЛАШЕЛЕ. Им се плашеле од вистината што ќе ја кажат, од мислата што ја имаат која е идентична на мислата што ја има народот.

Партиите во Македонија, власта, опозицијата, амбасадите СЕ ПЛАШАТ ОД МИЛЕНКО. Инаку, ако не се плашат, што е проблемот да се има емисија на национална ТВ? Страв имаат. Страв од огромното влијание, бодејки ја говори вистината, бидејки има исто мислење како и народот. Па сите партии и медиуми имаат ДИРЕКТНА забрана од амбасадата на САД во Македонија, да бидам било каде преземан, цитиран, поставуван, емитуван…

Уште еднаш, благодарам на признането дека сум ЕДИНСТВЕН МАКЕДОНСКИ ДИСИДЕНТ, ви-за-ви останатите партиски подопашници самонаречени новинари.

Но, да не бидам сам бендисан, еве ви уште една работа:

Не е само Миленко со забрана за настап на било кој медиум, не е само Миленко дисидентот. Тука се и Мирка Велиновска и Бобан Нонковиќ. Заради Мирка беа ликвидирани сите изданија и затворена печатницата на ВАЦ од страна на Срџан Керим во првите неколку месеци од безвластието на СДСМ. На само половина година од локалните избори 2017-та!!! Чудно нели? Бобан со важечки договор сегашнава власт го набрка од позиција дописник на МИА во Брисел, од страв дека вистината ќе дојде до Скопје.

Чудно ви е зошто баш нив тројца: Е, не е чудно. Тие се последните три мускетари што искрено, патриотски и нелукративно се борат за Македонија и правата на Македонецот.

Дури и сега, сите се кријат. Еве од опозицијата новинари, високи раководители во партијата, професори, активисти – се кријат. Јавно не се закачаат со Заев. Тешко употребуваат Македонија како збор, дописите им се со Северна Македонија. За разлика од нив Мирка, Бобан и Миленко секогаш биле јасни, гласни, директни и агресивни кон НЕПРИЈАТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНИЈА.

.

Ете, зато НЕ НЕМА НА ТЕЛЕИВИЗИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА.

Но, пак да се повикам на Мирка, тука е разлката меѓу НАС неколкумина преостанати борци-дисиденти новинари, и булументата од сељачишта, скоројевичи, медиумски Франкештајни…

Крајно, највлијателните и најпоскаувани автори во САД, се исто така исклучени од мејн стрим телевизите. Иако им се Јутјуб емисиите и радио емисиите со милионска гледаност/слушаност: Алекс Џонс, Боб Лазар, Марк Сарџент, Дејвид Ајк, Барбара Симпсон…

Па така, ете јас, ќе си продолжам со мојата 15-та сезона на Миленко Неделковски Шоу. Гости со свои ставови, мои анализи и проценки, боцкања…

Сега во предизборието ќе го поставувам прашањето ШТО ТИ/ВИЕ СТЕ НАПРАВИЛЕ КАКО ПРАТЕНИЦИ ИЛИ ПАРТИИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЕЦОТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 4, 8 ИЛИ 12 ГОДИНИ, ЗА ПОВТОРНО ДА БАРАТЕ ДА ВЕ ГЛАСАМЕ?

А вие, партиски центри, ако сум небитен, тогаш немате од што да се плашите. Ама ако ги праќате ботовите, праќате и порака ДЕКА МИ СЕ ПЛАШИТЕ. И дека сум И ТЕ КАКО БИТЕН.

 

 

Миленко Неделковски

од кај козите и коњите, 29.10.19