All IN-All OUT-Егоцентрична проекција
Не знам дали знаете што е “Егоцентрична проекција“ тоа е психолошки феномен кога поаѓате од себе и сметате дека сите се како вас и сите реагираат односно постапуват како што би постапиле вие во одредена ситуација. Значи сметате дека вие-(како вас) е во центарот на универзумот и мора да биде така. Со конкретни примери : Бабата на која и студи, постојано му нуди на внучето кое трча на сончево време да му облече џемпер за да не му студи. За Блудницата сите жени се неверни и прељубници зошто тоа е нормално. Крадецот постојано се пази и од најблиските да не му украдат нешто, зошто е сосем нормално да се краде…Е точно таква е црпнатата влада на Северна се што “Работи“ односно не работи го прави од позиција на “Егоцентрична проекција“.Не знам зошто, но можете да претпоставите, нив многу им лежат симболики и речник кој се користи во коцкарници и хазардни клубови. Пр: 1)“ Да добиеме датум потоа ќе има “Џандар збира“ ;2) “ Ова е сигурна партија, ја играме долго но овојпат имаме ќец во ракавот“ 3) “Играв со мојот народ, играм на се или ништо, играм All In“ …Играта полека привршува, џандарите се одамна фрлени на земја, ќецот во ракавот не бил доволен за кента-флешот на поголемите играчи , а на крајот со влезот ALL IN ги изгубија сите чипови ( бонитети и предности) Затоа сега ние -народот треба час поскоро да се организираме, да влеземе во нелегалното казино, каде се коцкаа НЕЛЕГАЛНО со наши пари, наша своина и наша земја и да споведеме “Граѓанско апсење“ Т.Е да го прекинеме комарот и хазардните игри и да ги казниме комарџиите што ни ја прокоцкаа иднината. Затоа #СончеваРеволуција ќе ги испрати сите оние кој играа ALL IN да бидат ALL OUT, на подолго време.
Приклучи се и ти, кажи и направи нешто добро за МАКЕДОНИЈА.