Бобан НОНКОВИЌ

Бобан НОНКОВИЌ

РОКНА ПРОСЛАВАТА ЗА ДАТУМОТ!

Вчерашниот ден беше посебно возбудлив за празноглавата стољудна свита на чело со кретенот Заев при нивната посета на Брисел, со цел обезбедување на датум за почеток на преговорите со Европската унија.

И покрај студениот туш во вторникот од Советот за општи работи на Унијата во Луксембург, каде министрите за надворешни работи на ЕУ-земјите донесоа заклучок дека “за доделување на датум за преговори со Албанија и Македонија ќе се разговара по Самитот на Европскиот совет”, Заев и кретеноидите на состанокот со еврокомесарот Јоханес Хан биле уверени дека на вчерашната средба со Емануел Макрон, Ангела Меркел го убедила францускиот претседател да го крене ветото за Македонија да ги почне пристапните преговори.
На северџанската делегација на чело со Заев и било кажано да ја проследат прес-конференцијата што вечерта по средбата ќе ја одржат Меркел и Макрон и дека на истата, францускиот претседател ќе објави дека Македонија почнува со преговори за членство во ЕУ.

Од средбата со Хан, Заев и северџанската свита излегле екстатични од добиената информација и во славеничка атмосфера започнале да вртат по телефони во Македонија, со цел покрај радосната вест, на своите поданици да им дадат и инструкции за подготовка на огромно славје што во петок (утре), по повод одлуката за отворање на преговорите на Европскиот совет, ќе се одржи на градскиот плоштад во Скопје, со настап на најелитните пејач(к)и и музички групи од земјата.

Колку празни глави во стољудната делегација на чело со Заев во Брисел, уште попразни глави и во Македонија, па северџанските поданици започнале да закажуваат пејачи, нудејќи им огромни суми на државни пари за награда за настапот, специјално озвучување, светлосни и други ефекти, а капак на сѐ, нарачана е и специјална бина за настап во вредност од 20.000 евра за еден ден користење!

Во таква, екстатична атмосфера, Заевроните од владината делегација со се премиерот седнале во ресторан и со богата трпеза и пијалоци, во славеничка атмосфера ја слушале прес-конференцијата на Меркел и Макрон, во очекување на челникот на француската република да каже “Nous sommes d’accord pour la Macédoine du Nord”.

Но, во делегација од стотина луѓе што на државна дојка шетаат задник низ Брисел, само неколкумина биле со скромно познавање на францускиот јазик. Па, во моментите кога Макрон соопштуваше дека Франција останува на одлуката да не дозволи преговори за Македонија, Заев, струмичкиот полиглот што ги знае сите светски јазици, со кренати раце победнички извикал: “Ете, кажа!”.
Потоа започнало наздравување и честитање, но неколкумина од северџанска делегација што нешто знаеле од францускиот јазик, укажале дека можеби не е така, им звучело дека Макрон кажал нешто друго, да се провери со некој што знае, да се контактираат “пријателите од меѓународната”, кабинетот на Хан, па и еврокомесарот лично.

Во тие моменти на неизвесност, Заев и Никола Димитров примиле порака од Јоханес Хан: “I’m sorry, my friends, he betrayed us and Angela”.

… и така бината во Скопје утре ќе остане да се искористи за промоција на 300-те пилоти од Арачиново!

17.10.19

Брисел, Белгија