Мирка ВЕЛИНОВСКА

Мирка ВЕЛИНОВСКА

ЦРПКИТЕ БЕЗ МИНАТО И БЕЗ ИДЕНТИТЕТ ,,СЛАВАТ,, ПРАЗНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

 

Значи, стварно, бог да чува од бетер е работава. Дијагнозава ескалира до таму што веќе секому при ум му е јасно дека овде иљач не помага. Нема таква медицина ни такви научници што ќе ги претворат во полнокрвни луѓе овие бездушни суштества со мртви мозоци што ги водат дузина црпки и стотина калемени хибрид сливи одгледани во експерименталниот менгелеев овоштарник на ЦИА.

Ама, ај ќе си рече човек, од гомно ќерпич не бидува и ваквите никакви ќе ги одмине со презир. Но. што да се каже за нивните разно-разни братучеди кои ја јавнале македонската политичко-елитна сцена и му се нудат на македонскиот народ за политичка алтернатива. Овие пак, ѓоа имаат мозок, ѓоа завршиле школи, курсеви за лидери, ѓоа знаат што е држава, суверен народ, државни и национални интереси… Како што гледам што работат и што сработија, јасно е дека ни за кур не ги бива, а не да речеме за некое посложено дејство. Сакам да кажам де оти ни долните глави не им се за алал, а за горните, во кои би требало да е смсетен апаратот за мислење и дејствување,  на овие безалтернативни алтернативци не им функционира ама ич. Празни црпки ем издупчени. Кој северџански ајван ќе додели награда 11 Октомври на кој нормален спастрен човек со достоинство и интегритет? Нема такво нешто. Оној што наградува државјанин од друга држава  со туѓа награда е обичен крадец. Оној што прима туѓа награда од рацете на гангстер, не е жител на Република Македонија ами диво вселена  мивка без дозвола за престој. Нема оваа година кој да ни честита празник. Никој не е достоен да ни се обрати. Ние едноставно не сме на ист простор во исто време и во иста димензија. Ние сме народ со идентитет и меморија, тие се недефинирана флотантна маса која се шутка поточно ја шуткаат ваму –таму оти нема корен.

Да знаеа и умееа, кога веќе не се способни за самостојно дејство, ќе го искористеа моментот кога во центарот на светскиот отровен змијарник, Вашингтон, дегенериците озаглавени како ,,либерали ем демократи,, заедно со ЦИА имплантите се обидуваат да го симнат Доналд Трамп и да ги поништат резултатите од претседателските избори. Се обидуваат да изведат ЦИА преврат оти времето ги гази и ништо не им врви. Не биле баш до толку ,,ексепшенел,, колку што тоа го продаваше Холивуд со своите издрогирани и изопачени пластифицирани ѕвезди. Никој освен глутници тутурутки, мивки, лејки, бројлери, апашаана, психопати и штакори веќе не им се плаши.

Три години ја користеа за негово платкање Русија. Кога филмчето рокна, ја уфрлија во игра нивната резервна пачавра ,,мајданска,, Украина, а еве ги кај се спремаат да го разиграат и резервниот ГМО сливарник ,,евро-атланска,, Романија. Моделчињата од фамозната ,,циа бурда,, потпросечни курсисти кои ги посетуваат ваквите обуки за екстрахирање мозок а ги организира фашизмот маскиран во либерал и демократ цивилизатор, ги кројат, шијат и носат како да се ексклузивна марка. И не само што ги шиткаат во своите гранап- бутици како ЕДИНСТВЕН ИЗБОР, туку сетики мислат оти нормалниот народ со функционален мозок и одличен вид не гледа дека  моделчињата ги рашетуваат ама баш ништо манекени. Ништо што се движи! Феномен кој го замени  античкиот дека ,,Царот Трајан има козји уши,, и барокното просветителско откровение  дека ,,царот е гол,,.

Во Република Македонија има се уште едно триесетина регистрирани ѓоа политички партии. Повеќето не се ни маалски, ами семејни гранапчиња кои продаваат ветер и магла. И затоа што ветер и магла никој не купува, гранапџииве за да преживеат како давајгази на црно, под тезга, се шиткаат за троа пари без да бираат муштерија. Ендемски политички сокачарки.

Зборот ми беше за Мицковски и компанија и нивните коалициони пајтон содружници. Како не им текнува да го искористат моментот кога Вашингтон се тресе од гаќи при чистењето на корупцијата длабоко навлезена во институциите и гласно да го раскажат американското подземно дејство на Барак Обама, Хилари Клинтон и штрапаниот напуван Џо Бајден во разнебитувањето на Македонија. Ај што молчи Мицко и компанија, ама зошто молчат Никола Груевски и неговите верни следбеници? Па тие лично, од прва рака на полчасовна средба го слушаа Бајден како им се дере ем заканува дека ако не го прифатат предлогот на Обама за промена на името во ,,северна македонија,, Груевски ќе биде сменет, политички уништен и дека ако продолжи да се инаети ќе биде ликвидиран и тој и семејството му. И Груевски и сите присутни (М. Протуѓер) на состанокот во кабинетот на ,,демократот,, Бајден ми кажаа како се чувствувале по овој ,,дијалог,,. Еден од нив си го заборавил телефонот, друг по излегувањето повраќал, трет не можел да се соземе оти му снемало воздух. Јас лично го прашав Никола Груевски како реагирал на вакво безобразие (рекол: ако тоа е божја волја нека биде така). Оти јас знам по себе. Кога ваков силеџија ќе ме атакува, без да му ја мислам ќе тргнам да го згазам. Сум тепала и газела неколкумина такви мажишча и се гордеам. Учена сум дека човек умира еднаш, а сташливците илјадапати- да не речам секој ден. Да му се помочам на таков живот! Нека праша било кој како ги испердашив алтернативниот Арбен Џафери од Реџо Калабрија (алатка на ЦИА за Косово)  кои откако ја одбив поканата  да ме шета на јахта по Медитеранот мене и семејството, ми се закани со ,,алтернативата,,  смрт во контејнер, во присуство на официјални лица, првиот секретар на американската амбасада и циаш Чарлс (забравам му презимето, ама го знае Љупчо Палевски тогашен сопственик на магазинот СТАРТ) кој слушаше без да изреагира и ,,медијаторот,, Митко Бурчевски. Овде брате во оваа генерација никој од ,,елитистиве,, нема мадиња, бабуле, ниту срце за да си ги брани и одбрани, честа, достоинството, интегритетот, човештината. Ни свои  а каде – каде на народот што сакаат да го водат. За да го водат, прво нека станат достојни за самопочит и почит. Како? Просто нека испратат сведоштва до Белата куќа, искази и докази за зулумите на американските амбасадори, акциите, дубарите, заканите, уцените, притисоците кои бесрамно ги вршеа нивните циашки импланти врз македонските функционери, партиски водачи, градоначалници, судии, обвинители, деловни луѓе, медиуми, новинари…Е, ама ова го можат само оние кои не подлегнале на корупција, богатење и други криминали. Штом никој досега не се одважил да гукне, штом молкум гледа како банда евроатлански психопати врши чудовишен геноцид врз македонскиот народ, јасно е дека сите се валкани и усмрдени до коска. Им нема поправка, затоа ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ Е ИЉАЧОТ! Зеленски во Украина веќе го осозна тоа. Ако промаши, и него ќе го измете народот.

И така дојдов до дното на мочуриштето во кое живурка  Бранко Геровски. Ова шупче дудуче од дувачката секција на соросовата филхармонија со која во Македонија ,,хармонично,, диригира хистерикот и неурастеник Владе Милчин (потпомогнат од  неговата социопатска банда фрчковци, ордановци, ѓунери, урании и сличен деген-отпад), кое такво никакво не нагрбачи со безвременски срам за злостори против човештвото сторени во Ирак во невиден пљчкашки поход на хорда американски предатори (сесрдно подржувани и бодрени од Геро), гледам сега промовира потреба од трета партија во ,,северџанија,,. Се надевам дека мисли на оваа дивоградба инсталирана на туѓа маркица, држава. Му порачувам, нека си ги земе сите 37 постојни партии  оти ниту една не е достојна веќе да биде субјект во Република Македонија и според уставот на Република Македонија. Не октроираниот рамковен и пржински. Оти овие се веќе неупотребливи. Сливчево калемено од ЦИА и сите останати вакви служби на кои ми служеше како мивка, ич бре не се сеќава колку и се восхитуваше на ,,мајданската револуција, на ,,храбрите,, Украинци и посакуваше таква иста да доживее и Македонија. Разбира се, Џес Бејли, Филип Рикер, Џон Бренон, Викторија Нуланд му ја исполнија желбата. Оти се ем човекољупци ем слободарци! И сега, откако Украина стана ептен држава, а Романија ем Бугарија, Литванија со се Грција, Кипар, па Албанија и Косово цврсто газат на здраво тло, Дудучето од дувачката сорос секција, си вика, време е да се претоварам од олупинава на нов брод. Штакорче фрфљаво!Уште никој официјално не му го поднел под нос есапот за минатиот труд, а тој веќе измочан оти тенко му е бабулето, фаќа протекција како приклучок за трет воз и мисли дека ќе биде кондуктер кој ќе прегледува карти. Да бе, ако ЦИА и Сорос го формираат возот! Што богами овојпат е тешко веројатно.

М.Велиновска

 

11.10.19

Дебар маало