АНТИСЦЕНАРИО
Македонецот победува кога оди спротивно од очекувањата на неговите непријатели, кога миговно го менува правецот, кога изненадува наспроти сите предвидливи дејства согласно наметнатиот менталитет за пониска вредност.
Антисценарио во овој миг е сплотување на сите расположливи, загрижени, искрени Македонци во едно тело кое би учествувало на следниве избори и би победило макар и според сегашниов изборен модел.
Во мигови кога државата ни е зафатена од квислиншка влада, конструктивна на неа опозиција, заскарани Македонци раздвоени во 100-на партиички, здруженија, групации, кога владее НЕправото и северџганизмот, а апатичноста кај сите навивачи(можни гласачи) се зголемува, кога за изборите кои ни се ближат не постои цензус(долен праг на излезност за да бидат легални), ниту пак на тн стартешки партнери им е значаен легитимитетот особено кога и во европските земји нискиот одзив на изборите е веќе мода, кога од Калето ни доаѓаат безумни комплименти дека сме биле држава за пример, а ова ласкање е тешко сварливо како вистина дури и за најзаеваните шарени, не учеството на избори без да се направи макар и обид да се поремети курто-мурто системот е еднакво корисно за окупаторот за да продолжи непречено да гази врз нашето достоинство како и учеството на избориве на раздвоени десетеци групации а сите божем со патриотски набој и болка за Македонија.
Во овој миг, за разлика од претстедателските избори или референдумот, кога имаше потреба од долен праг на излезност, за преку таквиот легалитатит еднаш засекогаш да се реши македонското прашање од самиот народ а на негова штета, окупаторот сега ужива и ја поттикнува разочараноста на Македонците, ужива и ја поттикнува заскараноста кај оние со најдобри намери.
Само така, без да се покаже способноста за надминување на сопствените суети и здружување во едно тело, ние му го остваруваме сценариото на непријателот. Ова особено важи за сите досегашни водачи на помали партии кои претходно биле вклучени во политичкиот живот. Доколку тие навистина се загрижени за победа на македонзимот и правдата, би било пожелно да разберат дека би биле од многу поголема помош ако својот удел во совладување на денешново зло, го дадат отстрана, без многу, или поточно, воопшто да немаат јавни настапи а сепак да бидат тука, за совет, за матријален придонес, за поврзување со некој авторитет дома или надвор, но сето тоа да биде затскриено далеку од очите на јавноста. Нивната одбивност не е секогаш поради тоа што го кажуваат сега, туку поради она што успешно(за себе) го правеле во минатото а Македонците немале никаква корист од нивниот успех, но и поради она што неуспешно го правеле, и во двете варијанти заслужни за денешнава долна состојба, а тоа не создава доверба кај македонскиот гласач макар околу нив биле и најумните и најчесните Македонци. Дополнително, секој од нив со мисла дека токму неговиот начин, пат е најисправниот за излез од безднава, создава уровување кај “загрижените” групации без најмалку можност за сплотување, за победа.
Новите или не така испартизирани луѓе, макар и неречити на почетокот од своето претставување пред јавноста, но со јасно прикажана заложба за поништување на се црпковистичко и силно изразена волја за создавање нов устав, поточно услови за уставотворно собрание кое би дебатирало за устав кој потоа би бил гласан од народ за во иднина само народ да може да го промени, не смеат да робуваат на идеолошките матрици кои ги имале досега, ниту пак да ги претставуваат партиските или идеолошките програми како изборни, барем не во овој миг, се додека не се изгласа нов јасен и функционален македонски устав.
Она што би било водилка, најмалиот заеднички содржател, е идеата за суверенистичко, македонско себепретставување,за поништување на преспанскиот, бугарскиот и тиранскиот договор, без разлика дали тоа би било поради реакцијата на засегнатите страни од дејствата на суверенистичката идна македонска власт, или поради внатрешно нивно обеззаконување, и во таква ослободителна атмосфера, веднаш создавање услови за подигнување обвинителни акти и судски одлуки( и кај уставните судии) како за почеток, против сите учесници во тероров кој ни се врши. Во економскиот дел, доволно е само да се врати изедначувањето на даноците на најниско можно ниво и повик на сите заинтересирани страни дома и од светот да вложуваат во Македонија во сектори како инфраструктура, земјоделие, иновации, енергетика, спорт, филм, издаваштво, туризам при што би морале да создаваат нови работни места а заработеното од така вложеното не би се одданочувало се додека не се покаже намера да се изнесе од земјава таквиот капитал а тоа да не е поради купување нова текнослогија која би придонела до забрзан развој.На овој начин, самите вложувачи би биле најзаинтерисирани за македонската безбедност, а Македонија е природно културолошко, енерго-инфраструктурно јадро на три континенти.
Народот би имал лесен избор, доколку се покаже сплотеноста на таканаречните трети опции. Тоа е и негова желба и исто како сите вклучени во овој процес, и овие 300 до 600 илјади Македонци е пожелно да покажат висока политичка свест и да не наоѓаат по секоја цена р’чка кај оние кои би можеле да се нивни претставници во идното Собрание, кои би имале јасен и едноставен мандат-враќање на државата во народни раце, а би гарантирале остварување на ветеното за определен брз период доколкус е освои власт, преку можна конфискација на својот и имот и имотот на своите блиски.
Секако дека можеме да останеме чисти во рацете и срцата доколку не учествуваме на избориве и тераме сеир, правда и македонизам на ФБ, да не ја легитимизараме северџган, но упс, токму со таквиот наш бојкот,а во случај на обединување на сите(или барем на повеќето здруженија, групи, партии, поединци…) според погорните услови, ние би му овозможиле на Заев да истера уште еден мандат или на Мицко да ги амортизира штетните последици од црпковизмот до целосно исселување и/или замирање на македонецот, токму како што сака(ше) чадорот. Северџган на квадрат би добиле ради таквата наша чистина а сме можеле поинаку.
Но, секако дека не ни паѓа на памет ни во најголемо бунило да гласаме за СДСМ, ниту за ВМРО-ДПМНЕ кои својата последна совршена прилика да се претстават како македонски заштитници, предводници а и победници ја испуштија со цензусоидноста на претседателските избори.
Ниту пак ќе гласаме за удбашки цепкачи на македонското национално ткиво или такви кои не сакаат и/или не ја разбираат едноставната потреба од себенадминување за сите заедно да станеме многу повелики како што доликува на името Македон.
Свои, народни луѓе, суверенисти и почитувачи на правото, сега немаме на вид во установите, а и да ги имаме затскриени, не се заштитини ниту во позиција на моќ да делуваат за да се случи преврат.
Затоа мора да ја покажме народната моќ во Собранието, да ги ослободиме установите и за да не кукаме после колку сме биле за никаде, пак, ајде, сплот сплот сплот.
Сценариото на непријателот во мигов е да ја поттикнува нашата чистина, одбивноста од двете партии, и истовремено да ја засилува потребата од повеќе алтернативни партиички со оправдување дека тоа било демократија, се со цел да има контролирана мала излезност, а непредвидливите народни гласови да се обезважнат и распрчкаат по разединетиве, по што ќе остане партисково статус кво кое го владее, а разочараноста кај народот уште поголема потоа. Дали ќе излезат 500 или 700 илјади луѓе, неважно ќе му е, ќе си продолжи по старо.
Антисценариото во мигов е да не се правиме многу чисти, да не се правиме секој од нас посебно како најголем заштитник на македонизмот, да се сплотиме, а кој нејќе или бара рчки, педер е. Ако излеземе и гласаме за сплотена македонска опција која би ја срушила северџганијава со самото доаѓање на власт, веќе нема нам да ни биде важно што ќе дрнда Тимоние, некој си нов Гарет, Рикер итн. Тогаш, само од нас ќе зависи остварувањето на македонската визија.
У маало, имавме еден стар удбаш, сите знаевме кој е, што е, и он знаеше дека знаеме. Знаеше за секој од нас по некој детаљ, ама кога му требаше нешто и на најглупавиот му приоѓаше со зборовите “те глеам паметен, не си ко другите…” .
E па, нит сме до толку паметни, нит сме до толку чисти. ОК ?!? Кој разбрал, знае, кој не, пак, педер е.
Да имавме неуспешни претседателски, текстов немаше да постои, сега веќе ќе имавме македонски суверенисти на Илинденска.
Одговорноста е наша, ИЛИ ПОБЕДА или БЕДА.
Игор Цветковски
09.10.19
Железара, Скопје, Македонија