Магдалена Стојмановиќ

Магдалена Стојмановиќ

Магдалена Стојмановиќ

Секоја чест за ваква длабока анализа. Вашата минуциозност оди до толкави граници да слободно си изнесувате хипотези и спекулации на кои сте научени да не ви се реагира. Епа сега ситуацијата ќе биде малку поинаква. Фејсбук коментарите и фотографиите за кои велите дека се достапни јавноста да ги интерпретира, споделува, шири и именува на каков било начин, во суштина не се проблематични. Проблематичен е само начинот на кој ги гледате и презентирате. Пошто сте новинар добро познат по тоа што својата новинарска кариера ја гради на бескрупулозно удирање под појас, од вас и ништо друго не се очекуваше освен тоа да се позанимавате сериозно со сексуален живот на ваш колега кој не треба да биде релевантен за вашиот професионален ангажман. Толку сте суетен што откако бевте спомнат од страна на истиот тој ваш колега како нечовечен пример за кршење на новинарски стандарди и повлекување на нерелевантни информации за животот на вашите колеги, брже боље потрчате да се занимавате со него и неговата сексуалноста.
Дали ја сум партиско пиче или првото голо газе на вашиот колега е сериозно тврдење што се надевам дека веќе сте прибрал доволно податоци да го докажете. Ако сите што бесрамно ги напаѓате од суетни разлози или пошто ви се политички опоненти не ве есапат пошто сте “ноторна будала” како што викаат јас и тоа како ќе се позанимавам со сето ова што го изнесувате и сум вклучена. И тоа на начин на кој им доликува на еманципирани луѓе, можеби од тоа нешто и ќе научите, можеби и нешто ќе научите од новата генерација, од онаа на вашиот син и вашата ќерка со чиј сексуален живот не се занимаваат и тие не се занимаваат со туѓ.

 

Глишиќ,

03.10.19

10,49 ч.