За луѓе од маштапот на Роберт Попоски, Коко Бојаровски, Бубо Каров, Сашо Орданоски, Александар Чомовски, Катерина Блажевска, Јадранка Костова, Ѓунер Исмаил, татко и син Писареви, Џабир Дерала…, за луѓе како фамилија Ременски, Костадин Костадинов, Зоран Заев, Никола Димитров, Рената Десковска и сопругот, Филипче, Ден Дончев, Кацарска, Рускоска, Драги Тефтер, Јовески и љубовницата…, МАНУ геријатријата, како и 8-те пратеници од Собранието – значи за ПРЕДАВНИЦИТЕ на МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД – најдобро, најконцизно и најјасно објаснување за нивното ПРЕДАВСТВО се овие 20-тина секунди од филмот Шарлота Греј.
Режисерот Gillian Armstrong направи филм во 2001-ва според новелата на Sebastian Faulks‘ Charlotte Gray лоцирана во Вишиевата Франција за време на Втората светска војна. Филмот е со феноменалната Cate Blanchett, но мене овие неколку секунди од монологот на францускиот ПРЕДАВНИК ми оставија најголем впечаток.
Слободно, зборовите Франција и французи заменете ги со Македонија и македонци, па ја имате целата вистина за нашите ПРЕДАВНИЦИ.
….
Слободен превод:
- “Да ти кажам нешто околу колабрационизомт (соработката со окупатрот).
Целта на колабрационизомот , односно соработката со непријателот, е и секогаш била, да се сочува независноста на француските жители!Ние искрено веруваме, дека соработувајки со окупаторот, ние и ја нудиме на Франција најголемата шанса да ја исполни својата судбина! Уште повеќе со сето свое срце и душа мислам дека нема ПОГОЛЕМ АКТ НА ПАТРИОТИЗАМ ОД СОРАБОТКА СО НЕПРИЈАТЕЛОТ“.
Ете! Ако ве чудат постапките за менување име, историја, јазик, црква…, денешнава постапка за старт за “борба против лажните вести“, ако ве чуди тоа што ниту една странска институција и домашен аналитичар не изанализираа и искритикуваа (нешто што на дневна основа се случуваше кога премиер беше Груевски) што се уништи, украде и НЕсработи оваа влада – одговорот е еден: ТИЕ СЕ СОРАБОТНИЦИ НА ОКУПАТОРОТ.
Да ги потсетам горенаведените дека во 1949 беа судени СОРАБОТНИЦИТЕ НА ОКУПАТОРОТ од режимот во Виши, каде што беа изречени 108 пресуди од кои 18 смртни.
М. Неделковски
за Дудинка
19.09.19