За разлика од другите сајтови каде се рекламираат Отворено општество, разни изворски, кожувчанки, ноели, градежни фирми, болници, хотели – медиумите што ги Миленко Неделковски немаат таква “среќа” да имаат вработено син на Прасица Јанева или слични маркетиншки инфлуенсери.
Затоа, а и да има од што медиумите на Миленко да преживеат, во оваа изборна година даваме можност кај нас да се рекламираат големи партии за да покажат дека не финансираат само свои галеничиња и евет ефендии, мали парти за да може широка публика да слушне дека воопшто постојат, поединци за да не останат само на “браво”, групи за да се претстават со своите планови…
Тие што ќе рекламираат:
1. Не купуваат благонаклоност во настапите и текстовите. Односно ќе си бидат редовно тепани доколу заслужуваат.
2. Не купуваат промоција од страна на Неделковски. Ако си вредат народ ќе ги препознае, ако не ќе завршат во гериз.
Рекламите се на Дуфинка, Миленко Неделковски Шоу, Јутјуб каналот на Миленко и ФБ профилите.
Телефон за контакт ќе си најдете.
Шифра: Вита јела црни бор, чекам брзи одговор.