Коалиционен капацитет

Коалиционен капацитет

Понижувањата што Република Македонија и МАКЕДОНСКИОТ народ ги доживува на дневно ниво, го надминува филозовскиот пристап “трпение – спасение“. Трпи, трпи, не се дотрпува.

Промените што на хартија ги донесе и донесува Заев и неговата предавничка и фашистичка власт, од историски аспект и не се толку битни, бидејки како се донесени, така ќе бидат и збришани. Како и многу други досега. Но, понижувањата што ги доживуваме секој ден од нашите скотови, од бугарте, грците, албанците а делумно и од србите (Дачиќ), се рана која нема да заздрави. Ами ќе боли за да потсетува дека нашата борба за “Македонија цела да е“ има свои противници со кои во овој момент ги губиме битките, но војната ќе мора да ја добиеме.

Мирка Велиновска ми имаше цитирано западе висок дипломат кои и рекол “наше е да притискаме, ваше е да не давате“, а друг и рекол “толку-и-толку години им требаше на чесите (или словаците) држава да оформат и заслужат“… Така, јас овој мрачен прв дел од 21-от век го разбираме единствено како етапа во оформувањето на современата Александрова татковина, Република (Голема, Севкупна, Цела) Македонија.

Убаво некој има напишано на ФБ дека србите имаат свои први и други српски устанак, бугарите свое бугарско востание – само ние си имаме автохтони востанија со свои препознатливи имања, но со иста идеа. Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание секој во своето мото, повик или на знамето содржи збор МАКЕДОНИЈА. Не пишува ниту Бугарија, ниту Грција, ниту Србија – ами МАКЕДОНИЈА.

Релност е дека оваа битка нема да биде со малихерки, ниту со минирање мостови, најмалку со митраљези  и црешови топчиња. Ова е војна, која е веќе во тек, војна што Македонскиот народ ја води за целосно ослободување од окупациите на сите поробители. Окупација не само физичка (на територии) ами и образовна, историска, црковна… Битките се интелектуални, со новото глобално оружје наречено интернет.

Таа војна и тие битки можеби нам ни се чинат јалови и без ефкт, но не е така. Податокот дека ѕверот, окупаторот, фашистот сака да ги лиши од слобода актер, режисер, оперски пеач…, пробува да ја запали Македонската енцикклопедија, кривично по судови гони новинари за напишана реч и им прети со затворски казни – говори дека противникот, окупаторот, точно детерминрал каде се водат битките и каде се добива и гиби војната за татковината на Александар, Гоце, Питу,Кочо, Страшо, Беровски, Могилче, Узунов, Мирка, Дуња, Мирче, Мучето, струмичките студенти…

Тие ЕУ, НАТО, САД, В. Британија, Германија се големата нацистичка солдатеска што ја имаше Адолф Хитлер. Нивните СС дивизии, Анџер дивизии и слични црнокошуљаши се “Новинари без граници“, “Отворено општество“ и слични соросоиди, Светска Банка, ММФ…

Од другата страна ние сме партизаните, со партзанки начин на “удри бегај“ војување. Facebook, VKontakte, Signal, Viber, Telegram, WhatsApp, Instagram, Twitter, YouTube, Confide, Messenger и редица други места се позици каде оди борбата.

Овие спорадични битки и борби, кулминираат со големи битки како што биле Курската, Стаљинградската, Оверлорд, Сутјеска, Неретва, Ис, Гавгамела, Гетисбург, Галиполе… Нашите големи битки се изборите, нашето оружје е пенкалцето, а нашето повлекување на чкрапалото (ороз) е заокружувањето.

Ние во следните неколку месеци, мораме да се ослободиме од криминалниот октопод на СДСМ и од “6 километри широкиот“ Зоран Заев. Борбите, спорадичните битки ги водиме. Имаме жртви, крвариме, се криеме, напаѓаме… Нив ги боли, крврат, се борат. Но, после ова не чека решавачка битка, онаа со пенкалцето во рака.

Е, таа битка, како и сите, е неизвесна. Не заради желбата да се победи ѕверот, ами заради уметноста да се собере целата армија на едно место.

Таа уметност најдобро ја владеел Александар Македонски. Под свое ги собрал сите, дури и руси имало под негова команда. Но, најголемиот број војсководци тоа не го успеваат. Кога САД тргнува на Пацификот кон запад, морнарицата е поделена на две фракции, јужната и северната. Тие не се трпеле, а заедно не го трпеле Даглас Мекартур. Оверлорд бил расцепкан помеѓу доминацијата на САД односно Ајзенхауер, вековниот британски империјализам односно Монтгомери и Lone Wolf Џорџ Патон. Во Југославија борбата против германците на почетокот била исцепкана помеѓу силите на Тито, Недиќ и Дража.

Таа, Александров мудрост на војување, во сегашно време се вика Коалиционен капацитет.

Нормално, во усови на ваква асиметрична војна, соросовата пропагадна машина, под “Коалиционен капацитет“ подразбира која македонска партија ќе направи повеќе отстапки на албанците!!! И, толку!!! Демек, коалиционен капацитет имаше Љупчо со Охридски, Бранко со Територијална, Никола со Мајски и Пржински… За таков тип на “Коалиционен капацитет“  наголем мајстор излезе Зоран Заев. Тој едноставно е коалиционокапацитетски 102,5%. Се што му побараа “браќата“, се‘ им даде!!! Значи, еден невиден капацитет покажа овој “6 километри широк“ политичар.

Но, настрана фашизоидна брислеско-вашингтонско-лондонска пропаганда, Коалиционен капцитет значи сосема нешто друго. Секако, значи коалицирање со помалите, дури и маргинални етнички заедници (срби, роми, бошњаци, санџаклии, евреи, власи, албанци, хрвати…), но Коалиционен капацитет не значи дека се работи само за интер-етничко коалицирање. Напротив, во демократска држава, политичкото усојузување БИ ТРЕБАЛО да е меѓу партии, програми и платформи, а не меѓу племиња и племенски поглавици.

Колкав е Коалициониот капацитет на Христијан Мицкоски? Не знам, е мојот одговор.

Но знам дека, албанците “коалицираат“ така како што ќе им нареди амбасадата на Калето. Нема тука програма, усогласување, тинтири-пинтири… Има “поступи по нареџењу“. Тие и во Македонија, ама и во Србија вклучително Косово и Метохија и во Црна Гора се решени до крај да ја спроведат својата политичка платформа “Вежи коња где ти газда каже“.

Колку гласови можат да испорачаат албанците од сите партии на следните избори. Без полнење не повеќе од 100К. Со полнење, уште 50-тина илјади. Таа е решавачка бројка, секако.

Но, дали таа брока  ја има и на друго место? Ја има, е мојот одговор!

Разочараните ВМРО-вци, апатизираните симпатизери и гласачи на ВМРО ДПМНЕ, нерешителните неопределени, закоравени десничари, откачените левичари… Тие се повеќе од 150К. А, тоа е бројка која на ВМРО ДПМНЕ би му ја донела разликата помеѓу освоени 51-52 пратеника, или освоени 55-56. Тоа се 4-5 пратеника разлика кои ќе покажат дали таа битка, Битката за Воноредните избори, ќе биде добиена или загубена.

Според мое скромно мислење, тука ќе се цени и гледа коалициониот капацитет на ова ВМРО ДПМНЕ со Христијан Мицкоски. Секако, се надевам дека лекцијата со коалицирање со прелетачи како што се кадровите на Стевче Јакимовски (Панчо Минов и Чедо Саздовски), или каков што е циганот Амди Бајрам – е научена. Оти на ВМРО ДПМНЕ стално и се случува некоја Лиле, некој Амди… Еве сега во градот кружи прича дека течат разговори за повторно враќање на Павле Трајанов со посредство на адвокатот Благоја Давков. Од дното на душаа се надевам дека ова не е вистина.

Правиот коалиционен капацитет на Христијан Мицкоски ќе се покаже во следните неколку месеца во уметноста да ги собере како свое гласачко тело сегашните симпатизери на Бачев, Солза, Палчо, разно-разните бојкотирачи и другите помали здруженија. Под ова, не мислам дека коалицирањето подразбира да на овие ликови им се дадат добитни места на листите и раководни функции во идната администрација. Напротив. Тоа се луѓе што ВМРО ДПМНЕ треба да ги елиминира, бидејки се тоа полициски импланти на Верушевски и Спасовски. На Христијан Мицкоски не му требаат тие лидерчиња, ами му требаат распрсканите членови на ВМРО ДПМНЕ што завршиле во овие пајтон партии разочарани од серии непопуларни и погрешни потези на партијата. Започнувајки со неапсењето на Зоран Заев од страна на Никола Груевски, кога муртинецот во среде влада уценуваше.

Повеќе од јасно е дека за привлекување на тие сто-и-кусур илјади гласачи (помал дел низ партиичките, поголем дел покрај лаптопите и смарт телефоните), кои евидентно недостастуваат на контото на ВМРО ДПМНЕ, партијата и Мицкоски ќе мора да направат видливи потези и јасни ветувања.

Бегање од горечките прашања како што е, дали баграта на Зоран Заев ќе ги гледа решетките од внатрешна страна, и нормално Преспа, Бугарски, Тиранска, Гоце, Илинден, прелет на туѓи воени авиони и слично, нема да може да се држи под тепих. Секако и видливи кадровски промени и освежувања ќе се неопходни за нерешителните и разочараните да го земат оружјето во рака и да ја решат битката.

Image result for marking election paper

 

Со последната средба на Мицкоски со Орбан, оној кој разбра дипломатски речник, јасно беше покажано дека европската десница инсистира Мицкоски да е што поскоро нов премиер на Македонија. Лидер на опозициона партија, примен во официјални државни одаи, покажува дека средбата Орбан-Мицкоски не е меѓупартиска, ами меѓудржавна.

На меѓународната заедница и е доста од Зоран Заев. Тој го оди патот на Петр Порошенко (вистинскиот) и на Михаил Шаакашвили. Тој е damaged good. Решено е да биде фрлен во отпад и рециклиран во нешто по корисно. Саксија за цвеќе, на пример.

Како неутрални гласачи, а големи симпатизери (не членови, ами симпатизери) на ВМРО ДПМНЕ, наше е да гледаме како, кога и во која форма ќе биде изразен коалициониот капацитет, за да можеме да го употребиме нашето оружје во оваа наша ЗАЕДНИЧКА решавачка битка.

 

М. Неделковски

Македонија Цела да е

Ден Илинден 2019

07.38 ч