Екс-претседателот на Украина Петро Порошенко, ама вистинскиот, не оној на Заев, избега од Украина со семејството. Според порталот „Страна.уа“, дел од неговото семејство летало кон Обединетите Арапски Емирати, а другиот за Германија.
Да потсетам, на 14 јули, Елиз Џурнал објави информација дека Порошенко поседува 5 пасоши во различни имиња, како државјанин на пет држави. Со оглед на тоа што Украина забранува второ државјанство и Киев во неколку наврати го користеше како метод на притисок врз Будимпешта, кој издаде унгарски пасош на жителите на Транскарпатија.
Во моментот, против Порошенко се поведени 8 кривични дела, вклучително предавство, узурпација на власта, затајување данок и др.
Витали Кузњецов
Од Доњецк, специјално за Дудинка
31.0719