Роштиљ бомба од Миленко

Роштиљ бомба од Миленко

Сите нешто се распукаа со бомбите. Па сега малку потпрестанаа. Причината е што денеска се очекуваше приведување директно од аеродром на Фросина Ременски. Но таа, знаејки што и се подготвува, а предупредена од сопругот Јовче, го пролонгираше својот престој во САД за уште една недела.

Е, ама за викендов да не биде тапа, еве една бомбичка, од Батко Миленко до вас крај мониторите на вашите електронски направи. За да имате сознание кои луѓе се со мерка притвор, кое сознание наведува на заклучок дека во Македонија на сцена е отворена војна помеѓу два обвинителски клана. Засега, оној на Рускоска е по ербап, па успева да ги апси дури и заштитените сведоци што ги има СЈО. Затоа е и паничната прес конференција на Ленче Ристевска и Лиле Стефанова.

Имено, вредно е да се знае дека во бизнисот во Македонија притвореникот Кичеец е партнер со Владимир Стаиќ викан Роштиљ во нафтениот бизнис и фирмата Гулф.

Стаиќ и Кичеец со својата фирма Гулф се главни спонзори на порталите на најкретеноидните егземплари на лажното новинарство во Македонија Саше Шамарлитико, Зоран Божиновски и Марјан Стаменковски. Тројцата познати по тоа што малку-малку, се некој ги претепува и им ја дупнува главата. Од кумановската легенда Мујо,  преку Сарма до сопругата на Шамарлитико.

Тој трулеж, што си мисли дека се новинари, се спонзорирани од типови со сомнителни бизниси што се во блиска соработка со тајната полиција и кодошат кога и како ќе стигнат. Порталите директно и индиректно се користат за рекетирање.

Проблемот на “бизнисмениве“ Кичеец и Роштиљ настанува кога овие три скромномозочни кловновски фигури откриваат повеќе од она што би требало да го напишат.

Па така, во обидот да биде оцрнет Јово Вангеловски за одлука на судот за поништување на притвор, Зоран Божиновски се истрчува и јавно обелоденува дека “…Зоран Милевски викан Кичеец, јасно бележан како СОРАБОТНИК кодош кој суфлирал што се случувало на претресите во домовите на осомничените во случајот Империја“!

Ова е дел од принт скринот од тогашната објава на Зоран Божиновски, а целата ќе ја има на крајот од текстов.

Откривањето на идентитетот на кодошот односно СОРАБОТНИКОТ што работел за СЈО очигледно внело паника во редовите на медиумите спонзорирани токму од Кичеец и неговиот партнер Стаиќ, па бргу после објавата, името на Кичеец е избришано. Ама ете, документов е останат.

Ова е “корегираниот“ текст, каде веќе името на Кичеец го нема:

Па така, според старата црногорска “Не пада снијег да покрије бријег, веч да звери открије траг“ на поовршина излегуваат и соработниците и манипулаторите по порталите и рекетарите…

Регрутираниот СОРАБОТНИК се испоставува дека се надградува во својата кариера, па од кодош минува на ниво на рекетар, но повторно во служба на обвинителките од СЈО. Затоа и прес конференцијата на Ленче и Лиле беше толку траорна, тмурна и смушена. Недостасуваше самобендисаноста, арогантноста, фалбаџиството, соопштувањето на податоци за обвинетите. Двете, како стаорци се криеа зад флоскулата презумција на невинист.

Она што “шарените“ го најавуваа како Елиотнесовска екипа за борба против криминалот, стана Алкапонеова банда на рекетари и силеџии.

Со користење на соработници на тајната полиција, компромитирани као-новинари (Ордански, Борјан Јовановски, Кабранов, Јадранка Костова, Чомовски, Кочишки…) и алчни обвинители – корумпираните политичари ја имаат јавнато оваа земја 27-ми месец по ред.

Време да бидат симнати од власт и замандалени во Идризово.

За гомнари со гомнарски цевки.

 

 

 

М. Неделковски

19.07.19

Скопје