Бобан Нонковиќ

Бобан Нонковиќ

.”Потврдувајќи ги своите заклучоци од 26 јуни 2018 година, Советот го поздравува историскиот и досега невиден Преспански договор и ја нотира препораката на Комисијата за отпочнување на пристапни преговори со Република Северна Македонија и Албанија врз основа на позитивната оценка за постигнатиот напредок и за исполнување од условите утврдени од Советот. Во светлината на ограниченото време на располагање и важноста на предметот, СОВЕТОТ ЌЕ СЕ ВРАТИ НА ОВА ПРАШАЊЕ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПОСТИГНЕ ЈАСНА И СУШТИНСКА ОДЛУКА ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО И НАЈДОЦНА ДО ОКТОМВРИ 2019 ГОДИНА.”

“Reaffirming its conclusions of 26 June 2018, the Council welcomes the historic and unprecedented Prespa Agreement and takes good note of the Commission’s recommendation to open accession negotiations with the Republic of North Macedonia and Albania based on its positive evaluation of the progress made and of the fulfilment of the conditions identified by the Council. In light of the limited time available and the importance of the matter, the Council will revert to the issue with a view to reaching a clear and substantive decision as soon as possible and no later than October 2019.”

* Фотографиите се скриншот од официјалната одлука на Советот на Европската унија, објавена на интернет-страницата на Советот, при што клучниот дел во однос на непостоечкиот датум за датум за фашистичкиот проект “Северна” е заокружен со црвено, а англискиот дел во целост пренесен и со точен превод на македонски јазик во овој пост.

** Одлуките во рамки на Советот на ЕУ се носат со едногласност, па иако досега единствена пречка за отворање на пристапните преговори на Унијата со Македонија беше само Грција (поради проблемот што го имаа со името на македонската држава), досега Македонија беше блокирана едногласно од сите земји-членки на ЕУ.
Сега, против почеток на преговори со фашистичката творба “Северна” беа Германија и Франција (поради замореност од проширување, овие два носечки столба на Унијата повеќе не сакаат да се примаат нови членки, туку инсистираат на регионализација на Балканот, па на овој начин им покажуваат на земјите-кандидати дека се непосакувани во “големото друштво”, но и на своите граѓани дека е ставен крај на приемот на нови членки), а против беше и Кралството Холандија (експлицитно поради катастрофалната состојба со не-владеење на правото и партизираното и контролирано судство во наци-творбата “Северна”).
Со овие три држави, останатите 25 земји-членки на ЕУ мораа да се солидаризираат за да се донесе горе-наведениот заклучок во однос на точката “проширување” на Советот за општи работи (ГАК) на Европската унија.

*** Горенаведениот заклучок експлицитно наведува дека ЕУ-земјите ќе се вратат на прашањето за отворање на пристапните преговори со проектот “Северна” и со Албанија и дека ќе донесат појасна одлука во октомври оваа година. Никаде, ама НИКАДЕ нема дека тогаш со сигурност ќе се одреди датум и дека творбата “Северна” ќе почне да преговара со Брисел во декември 2019-та (како што окупациската власт во Македонија денес тоа го спинува во јавноста, а шкопената опозиција тоа не го користи да го растури и урне окупаторот, туку напротив, дури и му се нуди да му помогне на фашистичкиот окупатор за истиот да биде награден за ѕверското владеење и разнебитување на македонската држава и народ).

**** Освен овој документ (види скриншот), не постои НИТУ ЕДЕН официјален, пишан документ на и во име на Европската унија, ниту на некоја од нејзините 28. земји-членки, кој нешто би гарантирал и ветувал во однос на замрзнатиот процес на проширување на Унијата (како што денес брутално излажа квинслишкиот премиер Заев)!

#НикогашСеверна #Само
#МАКЕДОНИЈА #Вечна