Мојот глас

Мојот глас

Мојот ГЛАС е мое право. Мојот глас не е моја обврска кон тебе или кон Вас. Не, мојот глас е мое право, моја приватна сопственост, мој вилает.

Кому и дали ќе го дадам е ИСКЛУЧИВО моја работа и за тоа не сум должен никому да поднесувам извештај, да поднесувам рачуни или да докажувам преку селфи на избрачкото место.

Мојот глас е мој, не е твој. Капиши?

Мојот глас е само мој и никој нема право да ме третира како овца за да ми каже како да гласам.

Мојот глас не дозволувам да биде дел од контингент, меѓупартиски договор или било кој друг пазрл’к.

Мојот глас е мој.

Е, сеа… Мојот глас на идните избори, кој и какви да се, како и досега, не би го дал така лесно било кому?! Не би го дал сигурно за соросоид, некој од ергелата на СДСМ, умислен професор на право, партиски послушник чие прво и единствено вработување е партиски војник.

Би се решил да го дадам мојот глас ако во програмата на Партијата стои јасна ПАРАДИГМА потпишана од лидерот која вели дека:

ДОКОЛКУ ДОЈДЕ НА ВЛАСТ ЌЕ ГИ ПОНИШТИ СИТЕ ШТЕТНИ, НЕУСТАВНИ, НЕЗАКОНСКИ И ПРЕДАВНИЧКИ ДОГОВОРИ, односно дека ќе ги поништи потпишувањето и важењето на Охридскиот рамковен договор, договор за прифаќање референца ФИРОМ, договор за промена на знамето од Кутлеш, договор за откажување од нашите сонародници во соседните земји и дијаспората, априлскиот договор, мајскиот договор, договорот за територијалната организација на локалната самоуправа, Пржинските договори, договорот со Бугарија, договорот за двојазичност (Тиранска платформа), договорт од Преспа, договорот за амнестија на пратеници, договор за СЈО…

Тоа е цената за да ви го дадам мојот глас.

И, би сакал да видам, некој од ФБ присутните, ТВ дебатерите и портал уредниците/сопствениците да може истово јасно, гласо и јавно вака да го напише и побара.

 

М. Неделковски

Скопје

Ден на Победата над фашизмот 1945 – 2019