Горазд Росоклија за бугарската чиквидација на евреите

Горазд Росоклија за бугарската чиквидација на евреите

 

Иницијативата за спасување на Евреите во Бугарија потекнува од членовите на ВМРО од Ќустендил (Пиринска Македонија) кои биле и пратеници во бугарскиот парламент (4), народот застанува на страна на Евреите кои се дел од тој народ, се вклучува и црквата на чие чело стои архиепископот Кирил, роден Македонец, а цар Борис ја дава својата поддршка. Инаку, премиерот и министерот за надворешни работи, како и министерот за внатрешни работи Габровски, се тврдокорни фашисти кои не успеале во намерата да ги депортираат бугарските Евреи, а не ги спасувале.

Истите тие ја имале власта и во Македонија и истите тие ги депортирале македонските Евреи во Треблинка.

Нема што да не успеат да ги спасат (власта), кога воопшто не се обиделе да ги спасуваат, напротив, направиле сѐ најефикасно сите македонски Евреи да ги ликвидираат во што воглавно успеале.

 

Г. Росоклија