Нивото на агресивност, навреди и огорченост на Сашо Ордановски и Александар Чомовски кон Христијан Мицкоски, при гостувањето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ во нивните емисии, е еквивалент единствено на омразата што тие двајца соработници на тајната служба на Германија БНД (Бе-еН-Де) ја имаат кон Никола Груевски.
Никола Груевски им беше и им остана ноќна мора на овие СДСМ грамафони од постарата генерација.
На домашен терен и со ветер од власта в грб, пред некој месец Чомовски, а еве вчера и Ордановски, доживеаа пораз со класичен нокаут во двомечот со Мицкоски.
Наспроти насмеаниот, сигурниот, пристојниот Мицкоски ги видовме разјарените Соросови кучиња и УСАид протежеа.
Со пена на устата, злоба во очите и разјареност во гласот Ордановски и Чомовски пробаа да го растурат и уништат нивниот политички непријател, но усепаја само повторно да се разобличат. Успеаја единствено во тоа да си заминат посрани, со изговнати гаќи, ко нивниит газда Боки пред некоја година во реалити шоу.
Тезите и објаснувањата на Мицкоски беа прецизни, разбирливи и аргументирани.
Нападите на Ордановски, баш како и оние на Чомовски, беа паушални, исфабрикувани и политички незрели.
Синојка, единствениот директор среднист на МТВ, каде со закон се бара функцијата да ја обавува лице со високо образование Сашо Ордановски, баш како и “талентот” што не прави разлика околу тоа која балтичка земја е која Александар Чомовски – беа поразени и понижени. Интелектуално, политички, вербално, човечки и национално професорот им одржа лекција.
Христијан Мицковски имаше храброст и доблест да им излезе на мегдан во нивната телевизија.
Еднаш Заев отиде кај Латас и медиумски беше претепан и понижен.
Не верувам дека би собрал храброст да гостува кај мене.
Тоа се тие разлики…
М. Неделковски
28.02.19
Белград