Како што убаво си напишна на ФБ Александар Пандов пред некој ден “ Четри години по објавувањето на Груевски дека СДС со помош на странски служби прислушувал во Македонија политичари и ,,остала боранија”, проектот ,,Вистината за Македонија” на чело со опинокот Заев со сите пропратни бомби, обвиненија, СЈО и судења докажа дека во земјава нема виновен политичар, па ни бизнисмен. На крајот на кого како му се падна. На некого амнестија, на друг застарување на делото, на трет тендер, на четврт и амнсестија и тендери! ….После се, капак на нервоза, капак на се ми е што испадна дека единствено виновни во земјава се патриотите за 27-ми април, кој 15 месеци се во притвор“!!!
Апсолутно е во право. Некој јадник од Велес за 15 ќебапчиња ќе драпа три години во затвор, а за растурање на државата, провизии, велепредавства, капитулации, криминали НАЈВИНОВНИТЕ ќе си шетаат слободно, и милионите ќе си ги трошат слободно.
Единствената “добивка“ е што на крај се виде која е улогата на “трите прасици“ од СЈО, на Кацарска, на Русковска, на Сашо Мијалков, на избраните од Никола Груевски 8 пратеници, на од Никола Груевски избраните коалициони пратеници Амди, Чедо, Панчо и слична гамад. Се виде улогата и на “великите“ министри во владата на Никола Груевски какви што се Никола Тодоров, Елизабета Камчевска Милевска… А бога ми се виде и улогата на градоначалниците на Груевски од типот на Мите Лимунада или Ивица лакована ципела Коневски. И на крајот се виде и улогата на медиумите и медиумските газди надуени со пари од страна на ВМРО ДПМНЕ од типот на Емил Стојменов или Горан Мали Ѕинго.
Чаламот на големи фраери, имиџот на ептен патриоти, напуваноста на недопирливи им падна пред очите на целата јавност во државата. Секоја домакинка, земјоделец, работник, шофер, механичар, ученик, келнер може да види какво гниди се тоа. Сега нивните деца и внуци ќе го трпат нивниот срам. Во школо и на улица ќе има викаат другарчињата “татко ти (дедо ти) е предавник“. Ќе им се смеат, ќе ги понижуваат. Исто ќе биде и со нивната судбина во историските книги што ќе се пишуваат.
Сите тие аменстирани одиграа важна епизодна улога во филмот “Уништивање на нацијата“ кај оскаровецот (нобеловецот) Зоран Заев. “Чукали смо се и ударали у грудима“, па на крају смо “ставиш слушалице и причаш“.
За да се затскрие овоа огромно предавство и да се покрие срамот на предавнците, веднаш откако Врхвен суд го кажа она за што јас и неколкумина други го вергламе 2 години, дека СЈО е надвор од својот мандат и неговите решение и истраги се неважечки, фашистичкиот режим на Зоран Заев започна со брутални и безпотребни апсења.
Лично не ги познавам Цветков, Спасеновски и Делев, а со Љупчо Димовски се знаеме од гимназија ЈБТито. Немам намера и причина да ги бранам. Тие тоа сами ќе си го направат.
Но, овака брутално и безочно, што е најважно и непотребно апсење и одредување мерка притвор, не е ништо друго туку обид на народот да му се фрли песок во очи, па следејки го овој скандал да заборави на местенката со системот “малку ќе си во притвор во Шутка, малку дома, па на крај пак ќе си се вратиш во Мериот“.
Зошто е мерката притвор за тројцата?! Како се запнало Собранието и за Димовски се спрема такво нешто.
Зошто притвор, па макар и домашен? Ако обвинителствот има докази, нека поднесе кривична пријава и нека започне судење. Зошто притвор? Никој од 4-мината “земјоделци“:
- Не може да го повтори делото. Веќе не се на тие функции!
- Не може да влијае на сведоците, бидејки доказите се изведени од страна на обвинителство и сегашното раководство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство!
- Не може да се дадат во бекство, бидејки реално сем Делев сите се во “senior citizen” доба. На крајот на краиштата одземањето на пасошот е таква заштитна мерка.
Во својата налудничавост и паника (за да избегаат од соочувањето на предвремените парламентарни избори), оваа фашистичка власт апсејки ги поранешните министри за земјоделство, всушност удира врз една од најранливите категории наши сограѓани, а тоа се земјоделците, овоштарите, тутунарите, лозарите, фармерите… Удира врз луѓето каде што некоја година родот им бил послаб, придонесот недоволен, стоката оболела или умрела, овоштарникот замрзнал… И не можеле да платат, па платиле догодина… МЗШВ секогаш досега била вимателна да не остави луѓе, семејства, земјоделски стопанства без можност да прежиеват, да дочекаат следна сезона… Луѓето што користат концесии ги чуваат и негуваат како свои, домакински, со голема грижа.
Но, кога оваа власт можеше да удри по пензионерите со скратување на пензија, кога можеше нашите деца да ги вакцинира со бајати вакцини за да може да профитира компанијата “Пановски“, кога можеше да ги укиние додатоците за ранливите категории граѓани, кога можеше сите да не задолжи за три милијарди евра, кога можеше да ни ја укине историјата и да не преименува – може да ги уништи и земјоделците. И, око нема да им трепне.
Затоа, единствен отпор што секој искрен граѓанин на Република Македонија може да го даде е да ги БОЈКОТИРА предстојните претседателски избори. На тој начин им го одземаме легитимитетот (во спртивно ќе им го потврдиме) на овие сегашни криминалци. Оваа власт од насилничкото устоличување на Таљат па се до денес е надвор од било кој закон или устав. Едноставно е нелигитимна. Тие за ова што го прават немаат никаков мандат. Ќе ја доживеат судбината на СЈО, да бидат поништени и укинати. Работата и одлуките на СЈО ги укина Врховен, работата и решенијата на ова собрание и влада ќе ги укине Уставен суд.
Она што треба да се направи е да се делигитимираат. Со бојкот и излезност под 40% ќе се случи токму тоа.
Гледате дека се плашат од избори? Значи се плашат од народ. Се плашат од нас.
Миленко Неделковски
На педер ден 2019
Скопје