ЈАНЕВСКИ

ЈАНЕВСКИ

Со деновиве и месеци една те иста група не малтретира со избирачкиот список и со медиумите. Перјаици на таа група станаа странските амбасадори. Сега сме 21 век, а тие не убедуваат дека требало месеци и месеци за со неколку компјутери да се проверел избирачкиот список. Па некаква база на аподатоци, па то било многу сложено додека се соберело на едно емсто, па потоа три ИТ компании ќе рбптеле, па кој знае уште што. За помалку време Американците веројатно би испратиле мисија до Марс и би ја вратиле безбедно назад. Од тоа што три деца од гимназија би го средиле за еден викенд, и тоа во пауза меѓу два хамбургера и кока кола, ние напрвивме, демек, вселенски проблем. Многу тешка операција. И заради тоа цела држава е во криза и сега со денови ќе бараме некој таму од Берово кој партиите го поставиле за претседател на ДИК, а чиј дострел до вчера бил дека од беровска слива се вари ракија, да ни каже до кога се можело да се заврши.
Па не чинеле и медиумите. СДСМ немало да оди на избори заради нив. Истите медиуми во кои прво странски амбасадори нарачуваат интервјуа на челниците од СДСМ, а потоа американскиот амбасадор си нарачува три интервјуа во една вечер. Нешто што ни на Никола Груевски во овие десет години не му успеало. И сега сите треба да продолжиме да бидеме заложници на тоа што тие медиуми во кои нарачките веќе не се ни кријат, за Верушевски да мора да ги снима, не биле слободни. Од кого? Од Владата? Од СДСМ? Од странските амбасадори? Од УСАИД? Од Сорос? Од себе? Од интервјуа во кои некој од надвор ќе ни каже дека сме биле суверени? Ден откако ни кажа дека имаме суверено право да одлучиме така како што е кажано од странство. Оти ако не биде така, се знае што следи. А овие на УСАИД се крстат токму така да се случи. Оти тоа значи нови пари, нови глупави проекти, но, по ѓаволите, кого му е гајле за проектите. Битно е дека ќе има пари. Ќе икма тезга. Без криза, нема тезга, нема лешинарење
Врв на се беше вчерашнпото истоварување на оние тројцата од Европски парламент. Комуњарот Ричард Ховит, вмровецот Иво Вајгл и неутралниот Кукан. Ни недостигаат само уште Мирко и Славко, Загор и Жалосна Сова. Да ни ја решат кризата.
Ваква гнасно подигрување со една држава, ваква манифестација на сила, ароганција, вакво плукање врз два милиони луѓе веројатно никој не помни. Потоа странците се чудат зошто овде им бил низок рејтингот. Ах, да, заборавивме. Тоа е заради клетите медиуми на Груевски, кои тие сакаат да бидат слободни. Така што слободно ќе им служат ним како синтетичко марамче закачено на горниот мал џебот од палтото кое уредно стои до втората ракија на свадбата. Заради нив и СДСМ губел на изборите. Небаре треба медиуми за да ги победиш Заев и Пендаровски. Но досега барем имаше некаква пристојност. Вршеа притисок врз медумите, но онака, посредно. Колку да ви стават до знаење дека не е во ред што не сте отишле на неврологија за да ви го умртват центарот за размслување. Се мајтапеа со Владата, одржуваа прес конференции пред нејзината зграда, подбуцнуваа протести, плаќаа плукање на секој во оваа држава што не мисли како нив додека се расфрлаа со флоскули за слобода на говор. ЗЏа да дојдеме до тоа дека немало услови за избори. Зошто? Зашто Катица Јанева и Фатиме Фетаи ги уловија Темелко, Јанкуловска и Јанакиевски. Со презумпција на невиноност.
Беспредметно е сега да објаснуваме дека целта е Македонија конечно да биде поразена, конечно да си ги избие од себе илузиите дека може нешто и самата. Никакви нарачани интервјуа, никаков присток врз медиумите, никакво одложување на изборите, никакви преговори веќе не можат да го сокријат фактот дека нашите пулени и странските демократи всушност избришаа два милиони луѓе од површината на земјата и дека сите оние кои мислеа дека за тоа е потребна Грција со нејзиното барање за преименување на народот и државата се лажеле. Еве, и без Атина истото е сторено. И тоа од местото за кое наивно, во 1993 година кога ВМРО-ДПМНЕ поднесуваше резолуции за члентсво во НАТО и ЕУ, а Стојан Андов бараше начин како во тоа да го вклопи и СДСМ и нмеговиот рефгормски сојуз за да не остане забележано во истријата дека некој си Ључчо Георгиевски и Митко врапчето (Бог да го прости) ја потегнале целата работа , верувавме дека ќе не ослободи од оглавот на комунизмот. Дваесет и три години подоцна ние на дело имаме нов комунизам во кој односот на СССР кон Југославија и обратно може да ни изгледа само како освоено царство на слободата.
Речиси две години поминаа од минатите парламентарни и претседателски избори,. Две години ги чекаме доказите дека изборите биле фалсификувани. Две години СДСМ го има списокот од тие избори в раце и досега можеже да открие и дали некој член на избирачки одбор јадел бурек врз списокот додека се гласало, а не пак 100 и 150 илјади фалсификати. Шест или колку веќе месеци се замајуваме со оној збогуван со мозокот тип од Белгија, кој, гледано од другата страна, всушност и си ја заврши работата. И две години практично го гледаме ВМРО-ДПМНЕ како се повлекуива, односно „ја скратува линијата на фронтот“, небаре доби мандат да дозволува кризи во земјава. Криз коис екој ден се се повеќе преродени и надградени.
Затоа, господо, сите заедно приберете се малку, полијте со со студена вода и решете го ова. Никој не е должен овде да трпи партиски свињарии и странски изживувања.
Take a look around.