ВЕЛИНОВСКА

ВЕЛИНОВСКА

ОФАНЗИВА НА ЗАРОБЕНИОТ УМ

Пишува Мирка Велиновска

Искуството ме научи дека е бескорисно и залудно да се полемизира со верски и идеолошки фанатици, длабоко индоктринирани личности чиј втиснат светоглед се има вградено во личниот идентитет. Од проста причина што ако на таков субјект се обидете да му спротивставите очебијни факти или поинакви сознанија, опции, размислувања, теории, тези, тој тоа ќе го доживее како агрсија, напад на неговиот свет и идентитет. Таквиот чувствува дури и неиздржлива физичка болка како на живо да му вадите орган. Погледнете ги само реакциите на провокацијата која ја најави како тема за неговата емисија ,,лејт најт,, Миленко неделковски. ,,Дали Земјата е топка,, експлодираше како бомба среде истоштеното од ,,кризи,, македонско општество што се гледа низ фејс бук активноста на ,,дудинка,,. Миленко ,,Боцко,, успеа да ја крене љубопитноста на ,,хај левел,, и, намерно или случајно, ни овозможи непланирана анкета за степенот на индоктринација на македонското општество. Коментарите покажаа дека за догматиците ништо не значат дури ни извештаите на авторитет како НАСА или врвни научници за сознанијата до кои дошле, за тероиите кои низ опит се покажале како погрешни а што ги натера лани во извештај да ни откријат поразителен заклучок дека после толку децении работа, за космосот и планетава знаат само 2%. Што е еднакво на античкото ,,знам дека ништо незнам,,. Мора да е шокантно сега да почнуваш од нула. Мора да збришеш цел образовен систем. Но, што правиме со жртвите на досегашните научни догми? Таквите како Боријан Јовановски и Ерол Ризаов имаат инсталиран ракетен штит за самоодбрана па на секоја атака со аргументи и податоци возвраќаат или со ,,мене така ме учеа на школо,, ,,јас така знам,, (одбрана на безодговорно дете бубалица) или со квази научна одбрана на догмата со интимна потреба историјата да е еднаш напишана и непроменлива.

Што правиме со Цветин Чилимнов? Тој не е ни Боријан ни Ерол. Тој е човек кој МИСЛИ, УЧИ и ЗНАЕ. Иако знам веќе дека е американски ,,фикс,, минатата недела баш ме изненади со својот идеолошки напад врз источниот, односно, рускиот конзервативен идејно- политички модел како алтернатива на западниот. Прво помислив дека руската влада или лично Владимир Путин имаат дадено некоја изјава сврзана со состојбите во Македонија, па тоа го има испровоцирано Цветина. Барав такво нешто и не најдов. Потоа се сетив на инструкцијата до медиумите да сме оладеле малку со критикувањето на политиката на Белата куќа, односно, да го оставиме малку да дише Џес Бејли за и тој да не се осети безбедносно загрозен како Аиво Орав во ова предизборие. Но некако Чилиманов не ми личи на човек кој би влетал во кривина без кочница, оти е добро граѓански воспитан и држи до лична култура на двонасочно општење. Ама сосема ја изумив последната тукушто лансирана ,,бреинуош,, западна кампања за сатанизација на руската политика и нејзиниот лидер. Во неа упаднал или добоволно влетал или комбинирано, со надворешен поттик, Чилиманов кој не ни крие дека е непоправливо идеолошки зацопан во конзервативна Америка. Па затоа и нема да влегувам во материјална расправа за тоа дали може или не да постои и источен конзервативизам или монополот е вечен и западен. Но, бидејќи Цветин љуби да го брани својот американски светоглед така што женерозно за сите светски трауми, за сето зло што му е нанесено на човештвото го обвинува или истокот или левичарството, морам да му упатам макар неколку прашања на кои тој не се сомневам ќе си најде утешни одговори и потоа ќе ги сподели со нас јавно.

Дали американскиот конзервативизам како оригинерна прогресивна западна идеологија вредносно го преферира конзервативизмот на Саудиска Арабија наспроти рускиот на Дугин? Зошто до бога средновековието е колективизам?

Знае ли дека човкот освен што е дизајниран како неповторлива единка односно како уникатен свет исто така е и социјално суштество кое е дел од заедница, колективитет? Аналогно, зашто мисли дека колективитетот треба да носи идеолошки или вредносно лош предзнак? Дали Американците се колективитет? Постојат ли добри и лоши колективитети? Кој колективитет е цивилизиран а кој дивјачки и според кои критериуми?

Зошто во стратешката војна на Америка главна цел е да се попречи создавање на евроазиска заедница? И зошто одеднаш Европа ја тресе феноменот на масовна миграција во комбинација со робустна милитаризација и окупција (од отворање и инсталирање воени бази до разместување на ракетни штитови).

За револуциите кои според Цветин се ексклузива на левицата и неговиот ,,историски,, преглед се прашувам дали тоа значи дека во неговата црно бела перцепција како левичарски ги смета и обоените револуции во Северна Африка, оние во Полска, Чехословачка, Романија, Грузија, последната во Украина а кои ги подготви, финансираше и логистички ги помагаше Америка? Дали нивниот успех ги направи тие општества демократски, просперитетни и политички стабилни?

Дали знае Чилиманов дека на Балканот, комунистите кои беа во илегала, го отворија фронтот против фашистичката солдатеска на Хитлер и неговите европски сојузници? И дали е свесен дека оваа борба беше успешна зашто ја подржа колективететот, односно, народот? Зато оригенерно тоа движење се именуваше како Народно ослободителна борба. Во тој контекст познато ли му е дека руската црвена армија која ја ослободуваше Европа од фашизмот, заедно со другиот победник САД на зелена маса ги исцртаа сферите на влијание? Оти Европа беше поразена како претходно упешно фашизирана. Не знам дали знае дека во тогашна Југославија, Македоннија е единствена која не беше ни симболично ни фактички ослободена од руската армија. Напротив, таа учествуваше активно во ослободувањето на Хрватска и Војводина на сремскиот фронт. Оттаму во Македонија не постои страв од рускиот баук, но постои загриженост заради американската колонијална пракса.

Бидејќи Чилиманов е маѓепсан од ,,слободарскиот дух,, на официјална Америка што се гледа и од нејзинната континуирана политика на одбрана на човековите права и демократијата ширум планетава, можеби заборавил дека американски и британски воени авиони ги бомбардираа со напалм бомби македонските села и градови во Егејска Македонија каде до 1949 година се водеше граѓанска војна со монархо-фашистичкиот режим кој го договорија и штитеа западните конзервативци. Според тоа, конзервативците извршија етничко чистење и предизвикаа егзодус на македонското население веднаш после Втората светска војна. Дали треба да го спомнувам и ,,блескавиот,, потфат од 2001 година кога криминалци и убијци добија статус на борци за човекови права.

Дали на Чилиманов му е јасна разликата меѓу вредносниот темел на левицата изразен во ставот дека човекот како социјално и одговорно суштество, дел од заедница според сопствен слободен избор, треба да е солидарен. Солидарност значи во крајна линија да си спремен да умреш за другиот. Според простата класификација на Цветин излегува дека Исус Христос бил глуп левичар кој умрел за човештвото и како таков, за свој бог го имплементирале напредните конзервативци од западот за да го преработат и доработат така за себе да се прогалсуваат за божји миленици и ,,посебни,,. Во крајна варианта, ваквата парадигма се заснова на законот на џунглата. Посилниот има право да земе се. Па така, можеби за некого е сосема нормално 62 Американци во моментов да се богати колку 3,5 милјарди индивидуи на купче како колективитет без фаци. Само од таков ракурс може некој да тврди дека трансатланскиот предлог договор божем за слободна трговија (ТТИП) бил добра ,,ствар,, а притоа да не се впушта во процес на мислење за тоа како забегани, ненаситни предатори сакаат да го приватизираат сонцето, водата, ветерот, а на колективитетите да им воведат дури и данок на нивнно користење. Ќе ни објасни ли Цветин што по ѓаволите се случува во Мичиген со водата за пиење која е приватизирана? Како стигна до таму да пикнат во затвор американец кој неовластено од својот олук собирал дождовница? Зошто за сончеви колектори ЕУ предвидела закон за плаќање данок од 7%? Како природните ресурси кои се природен амбиент за се и сите, стануваат бомбона бизнис за битанги, хохштаплери и параспури? Зошто фино не го разглоби и објасни податокот или фактот дека со децении, кубанскиот левичарски здравствен систем е најдобриот, најквалитетниот и најсеопфатниот светски систем со фантастични опипливи резултати, а американскиот не е. Или тој не е за сите луѓе зашто секој човек нема право на здравје и живот. Конзервативно, нема што! Ем напредно и хумано.

И на крајот, знае ли Цветин дека САД во својата да ипол вековна историја поминале во мир, односно, не почнале војна само 6 години. Сето останато време го минале во војни со ,,бутс он а граунд,, ширум планетава. Не му ли смета, богати да учествува во пропагандна кампања која е толку бедна и долна да на пристоен човек со малку достоинство и култура му е срам од ваков неоконзервативен напад на примитивен идеолошки макартизам? Зарем баш на Чилиманов од Македонија му припадна ,,честа,, да изведе паралела меѓу Зоран Верушевски и Путин? Прислушкувачот од ДБК да ти бил еквивалент на рускиот шеф на држава само зашто обајцата биле службеници на тајните служби. Па бре, ако вака продолжи со ,,интелигентни,, аналогии може да му се причини дека ЦИА и НСА се жртви на сајбер атак од кинеско-руски левичарски револуционери, и дека социјалистичката џамахирја Либија на Гадафи, Ирак управуван од социјалистичкиот БААС и Сирија под социјалистичка диктатура на Асад атомски ја нападнале САД конзервативна.