Игор ЦВЕТКОВСКИ

Игор ЦВЕТКОВСКИ

.

Не му се лутете на Влатко Ѓорчев што добил нагон да кажува кој е легитимен во Венецуела а кој не, да признава нелегални квислинзи во Каракас за вождови, да се ујдисува со македонските џелати, да се става на страна на насилникот ем губитникот во светскава.
Дома ги брани таквите, надвор ги крунисува.
Се гребе човекот ако не биде избран, да биде назначен, според старото добро англо-американско демократицуштенде.
Само ги молам сите оние јавни личности (пред се Отец Ивица Тодоров) кои беа на браникот на македонската и општо човековата правда при последниот геноциден напад врз македонизмот извршен од “пријателите” на Ѓорчев (Помпео, Пенс, еу/нато…) и кои досега му дадоа поддршка во кандидатурата за претседателските избори, да ја повлечат истата и јавно да се оградат од ставовите на Влатко Ѓорчев.
Ако моралниот светоглед за дома е еден а за надвор друг, тогаш тој не е никаков светоглед, а не пак зачинет со морал.

БОЈКОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ !!!

 

И. Цветковски

 

31.01.19