ЗАБРАНЕТАТА КОЛУМНА (Бр. 1) ОД ПРЕД 1 МЕСЕЦ
ГЕНЕТСКИ МОДИФИЦИРАН АМЕРИКАНЕЦ ЦРПНАТ ОД МАКЕДОНСКА НИВА
Пишува: Мирка Велиновска
Од моментот кога во последнава влада под раководство на Никола Груевски и со уствните надлежности на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, за министер на обрана беше именуван Зоран Јолевски, не интересираше чиј беше предлогот? Во случајов зборот ,,предлог,, треба да се толкува како замолница од американскиот стејт департмент, а зборот замолница, во склад со описот за силеџиската политика на САД кој го даде лично Барак Обама ,,Посебниот,, мора да се преведува како закана.
Значи, македонскиот мандатар бил приморан да го постави на таква позиција за Македонија да ги изршува работите што и се од корист на Америка. Познато е и виддливо дка Никола Груевски се покажа како голем атерџија – исполнува дисциплинирано се што ќе му наредат авторитетите од евроатланскиот свет. Тој така го толкува поимот стратешко партнерство иако ние простосмртните никогаш не разбравме што ќаривме од ваквиот партнерај? Пари? Безвизен режим? Учество во заеднички зделки? Работа за нашите компании во ,,ослободените,, азиски земји? Стабилност и сигурност? Укинување на секакви санкции? Признавање на името, името, културата, јазикот, идентитетот, историјата на македонскиот народ и заштита на неговото малцинство? А слично размислува и Ѓорѓе Иванов кој по насоките што му ги даде ,,стафот,, на Обама, од говорницата на Советот за безбдност, преклани ја повика империјата да ни го пополни безбедносниот вакуум. Затоа Зоран Јолевски си е министер. За одбрана. Нормално тие во своја одбрана можат да не потсетат дека ништо помал атерџија не бил и Бранко Црвенковски кому министри и општествени дејци му поставуваше американскиот амбасадор Кристофер Хил, а после и Филип Рикер, ем тоа на бранково,,суверено,, барање за трампа на држава за лична власт. Или Хари Костов кој му учинуваше на Лоренс Батлер особено во ловот и киднапирањето на луѓе, или Љупчо Горгиевски како прозападен ,,њу вејв,, мисир. Покојниот Борис Трајковски во оваа смисла можеше дури да се опише како омилен тацнодржач на фриволниот закрилник отаде Атлантикот кој по ликвидцијата го замени со постар (автохтоно антички де) и веќе испробан ,,самоходајуќи,, послужавник кој во империјалниот подрум за предмети со повќенаменска употребна вредност е заведен како лицето Б.Ц.
********************88888
Но и ние, Македонците кои ги избираме за свои претставници имаме што да кажеме по повод ваквото мивкасто поведение кое ни го ништи самочувството, ни го одзема достоинството а од државата прави партал. Значи, ние сме несреќни заради ваквото вулгарно поведение на личности со прекршен рбет. Нив денес во светот ги нарекуваат корисни идиоти, евнуси, слуги, вазали и марионети кои сопственикот без проблем ги заменува со нови.
И сега следи вистинската недоумица која произлегува од работната агенда на Јолевски која ја опсервираат новинарите и суверениот народ но не и државниите институции. Од мигот кога стана министер, тој ни приредува сериски срамотилаци како да се натпреварува со првиот самоименуван црпко од Македонија. По критериумите воспоставени во Вашингтон и ние имаме ,,екепшенел,, типови. Не еден ами двајца биле. Засега. Само што го поставија на министтерско место, Јолевски отиде во Вашингтон за да положи заклетва пред сенаторот Џон Мекејн со која ја обврза Македонија и сите нас да ја следиме Америка и нејзината политика. Каква и да биде. Овде на ваков скандалозен преседан, на ваква гротескна постпка никој од неговите шефови не бекна. А интересно, ни црпнатата ни опозиција која исто така за своја држава ја смета Америка. Не смееа оти човеков е под заштитен чадор исто како Заев а потоа зашто Јолевски со право го сметаат за сопствен кадар кој се докажа во кохабитациониот ,,радкапна,, период на Трајковски.
Но ако чадорот го штити од македонски киамет, не значи дека и македонската влада смее да ги покрива срамотилациве кои ја изложуваа Мкедонија на светски мајтап.
*******************************
Двете последователни авантури на Јолевски што ги направи оваа есен заслужуваат да не скандализираат и засекираат. Првата се случила на заседанието на собранието на ОН. Во македонската делегација не бил вклучен и Јолевски. Тој сметал дека треба да биде. Бидејќи не е опфатен со пржинскиот ултиматум, значи, нема право на вето, господинов решил да влезе во зградата на Источната река ако не преку врата, тогаш преку прозор. Решил елегантно да ги прескокне македонските државни институции и протоколи така што му се јавил на ,,намесникот,, на Кале, Џес Бејли и му се пожалил дека неговите претпоставени не му даваат да оди онаму каде натурално со срце и душа припаѓа. Бејли веднаш за прекршокот го известил ,,началството,, па Стејт департментот итно му пратил лична покана на Зоран Јолевски за состанкот за безбедносни теми кои ги претресуваат телата на ООН. Ете го и тоа чудо: Официјален министер на земја членка која е присутна на заседанието со официјална екипа претставници, да гостува на истиот форум како приватен готин на друга држава. Значи браво! Ескалираме секој ден се повеќе!
По повод овој скандал кој ни го одмолчува власта имам да прашам само ова: Ако министер за одбрана не ферма одлуки и хиерархија во земјата која го именувала за одговорен за одбраната, ако притоа типов за услуга и протекција се обраќа на странски фактор, тогаш кој стои на чело на министерството за одбрана и посуштински, во случај на стани пани криза, чии наредби ќе извршува? Кого ќе брани и во кого ќе пука македонската војска господо со вакви челници? Дали Бејли му е на Јолевски врховен командант и дали ,,амбасадоров,, поточно специјалецов, затоа не го става својот кадар на списокот на ,,нужни оставки,, кои ни ги најави како директива оти дадените три не ги задоволиле ни Обама ни Бајден ни Нуланд? За што ли ќе им треба Јолевски на Аммериканциве? За реприза на превратот што не успеа во Гамбија и двапати во Венецуела? За пак да се полие со кофа студена вода на повик од Холивуд? За да војуваме како пешадија или да станеме сремски фронт за американски интереси?
*******************************
Вториотт инцидент на дотичниот министер, односно, државен функционер не ја тангира Америка туку ја срами Република Македонија до толку што секој од нас веќе не се чувствува добро во своја кожа оти без наша волја, без одобрение или наше знаење, еден службеник кого го плаќаме да работи за наши интереси, приватно и се додворува на странска држава така што во Вашингтон организира прослава на нејзин национален празник. Да, Зоран Јолевски без дозвола на македонското министерство за наворешни работи, што ја вклучува и амбасадата, наспроти постојните државни протоколи, значи на своја рака, решил да го празнува ,,тенкс гивинг,, во знак на благодарност кон САД кои многу сториле и се уште прават за Македонија!? Ја закупил салата на Гринберг театарот во Вашингтон за Влатко Стефановски да приреди концерт за славениците. Во наше име. И така, ние кои не ги славиме нашите празници, ни денот на македонскиот борец, ни победата над фашизмот, ние кои не ја одбележуваме смртта на Мирка Гинова (таа нема ни споменик) и нејзините пет другари кои беа јавно стрелани во ,,слободна Европа,, во 1948 годинна и за тоа злосторство расправаше собранието на новоформираната ООН во пакет со злосторите на американската и британската армија кои со напалм бомби предизвикаа егзодус и етничко чистење на Македонците, ете го чествуваме официјално американскиот ден на благодарноста кон староседелските Индијанци кои после првиот и последен заеднички ручек завршија како траен улов на мигрантите од Европа.
************************88888
Зоран Јолевски има право да избере и празници кои ќе ги слави и идоли кои ќе ги обожува дома со семејството. Но не смее ни да помисли како државен службеник од Македонците да прави мисирки и да не приложува за свечен ручек. Ние сакаме да ја видиме сметката за оваа вулгарна прослава на друга држава и кој во владава ја има (ако ја има) одобрено. И исто така сакаме да ни биде објаснето по кој повод на оваа прослава во театарот се нашол и Срѓан Керим официјалниот кандидат, подржан од македонската влада за позицијата генерален секретар на ООН? Ако Јолевски е дипломатски непоткован, такаречи црпнат од некоја нива, Керим тоа сигурно не е, па и кога самолобира за својата кандидатура, мора да води сметка за добриот вкус, минимум култура и пристојност кон земјата која го подржала во амбицијата да ја круниса својата кариера и да ги задоволи сопствените амбиции и потреби. И тој нема право за задоволување на своите амбиции во жетони да ги претвора жителите на мѐакедонија ни нивната држаава која тој не ја ни правел ни наследил. На пример, ќе беше попристојно концертот и закупот како и коктелот заедно со Јолевски да го платат од своите приватни пари.
Овде на некои луѓе изгледа уште не им е јасно што е држава а што прчија. Не се на јасно што е тоа лична одговорност, обврска произлезена од Устав и закони, чест и достоинство кои произлегуваат од укажаната народна доверба оти без овој амалгам, тие некои се фактички никои и ништо.
Нормално, во ваква констелација и со ваков кадровски состав во политичко-институционалниот простор, никој не очкува МНР или неговиот раководител Никола Поповски да покажат минимум карактер и ,,индивидуалност,,. Ама сосема е ненормално било кој после пржинската гротеска која уште трае да продолжи да се занесува дека после изборите во април ќе може да продолжи да политичари како корисен идиот за странски интереси а на грбот на Македонскиот народ.