МИРКА И ДАРКО

МИРКА И ДАРКО

Откако Црпнатиот лидер на СДСМ прогласи дека негови политички НЕПРИЈАТЕЛИ му се Алфа, Канал 5, Дневник, Сител, и МРТВ, односно неколку стотини вработени и неколку стотици илјади гледачи и читатели- главните и одговрни уредници и директорите на овие медиуми, како и двете новинарски асоцијации МАН и ЗНМ се растрчаа да се бранат, оправдуваат, бараат решение… Почнаа и да обвинуваат, напаѓаат, предлагаат солуции. Отворија фронт, побараа заштита.

Не така одамна, нема ниту 10-тина месеци, шефот на ОБСЕ во Македонија НАРЕДИ медиумите во Македонија да не ме емитуваат, преземаат, цитираат… Ниту нашиот амбасадор (поранешен џандар а сегашен шмекер) во ОБСЕ, ниту новинарските здруженија, ниту новинарските куки, не реагираа онака како што треба да се реагира кон фашизмот на шефот на ОБСЕ. Со исклучок на колумните на Мирка Велиновска и Дарко Јаневски, другите го преспаа тој ивент.

И еве, 10 месеци подоцна мецана проигра и во другите дворови. И сега, како мене ми личи, паника бато. Се работи за гол живот, егзистенција… Во дебатата на МТВ велат, им била загрозена безбедноста, фамилиите!!! Вака потсетувајки се, убеден сум дека и ја имав и имам живот, фамилија, егзистенција… Нели, основни елементи што можат да бидат, И СЕ, загрозени. Каде што секој еден поединец може да биде притиснат, уценет… Изгледа не се сите фамилии исти, а чичко Орвел?!

Пред 10 месеци, јас сам се спротиставив на нацистичката ЕУ солдатеска составена од странски натрапници и домашни гмизавци. Не им попуштив, не им побарав да ме заштитат, не влегов во ниту една амбасада. Без разлика дали таа амбасада е прекуатлантска, прекуламаншна, европска, руска, индијска, кинеска, иранска – било која. Батко Миленко секогаш бил и си останал скопски фраер од скопскиот асфалт. Работа што дојдениците не ја разбираат.

Моите колеги новинари, како главни и одговорни уредници на своите редакции, како и челниците на ЗНМ и МАН, откако ја примија заканата од Црпнатиот лидер на СДСМ, денеска направија расхотка по странските амбасади! Под зборот “странски“ не се подразбираат руската, кинеската, иранската, израелската… Или, според Орвел, сите странства се исти, сам се некои поисти од другите. Отидоа да се поплачат на Заев, да побараат помош, разбирање, решение…

Биг Мистејк. БИГ.

Тие колеги, меѓу кои имам и солидни пријатели, денеска го устоличија Џес Бејли како легитимен владател (со сите права, а без никакви обврски) на Македонија. Моите колеги денеска вулгарно му ги одземаа ингеренциите на Премиерот Никола Груевски, ја одземаа легитимната волја на народот изразена преку легитимни избори – и власта му ја доделија на странец, цијаш, провокатор од Таксим, амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли. Браво!!! Гуд фор Бејли, бед фор ју.

Денеска медиумите и медиумските асоцијации официјално го признаа Џес Бејли за владател на оваа територија што нема ниту свое име. Му го оверија безграничниот мандат да коле, беси и лудува во Македонија.

За возврат, по посетите на амбасадите и состаноците со сите, од Бејли до Орав, велам ЗА ВОЗВРАТ, колегите  го добија ОД ДВЕТЕ ПОДОЛГОТО.

Паниката за сопствената егзистенција доведува до ситуација да се прават грешки кои потоа ќе го следат новинарот цел живот. Колегите, не виделе, или виделе ама не сакале да си признаат, дека прес конференцијата не беше нешто изворно на што се сетил Црпко, ами марионетката/куклата Црпко Заев ги кажал зборовите и заканите кои му ги кажале Бејли, Орав, Гарет, холанџанка, немица, французинка – односно меџународата заедница… Драги колеги, знам дека е тешко да се прогледа, ама пресот на Заев не беше на Заев.

Па ака, наместо таков поданички однос и не вадење на кубурот, односно чување за тешки времиња, наместо лигавење, одење на бацирака, требаше да се спроведе сосема подруга стратегија. Пронародна, со мадиња, фраерска…

Требаше, колеги, игнорирање. Во моментот кога преку марионетката-куклата Црпко Заев, странските амбасадори членики на НАТО и ЕУ порачаа дека НИВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ НЕПРИЈАТЕЛИ се петте медиуми, требаше да бидат ставени на комплетен игнор. Сите прозвани медиуми мораа веднаш да престанат да известуваат за било што, за било какви преговори, да емитуваат било каква изјава од ПОЛИТИЧКИОТ НЕПРИЈАТЕЛ, да цитираат или емитуваат што ќе кажат странските чиновници во странските амбасади.

Морам да признаам дека помеѓу сите латаси, чашулиња, богатинови, чизмари имаше и еден маж. Со мадиња до земја. Се вика Дарко Јаневски. Тој вчера одби да се потпише под петицијата на другите плачковци, одби да гостува на МТВ, а денеска одби да оди во било која амбасада. Дарко смета дека ако уредниците, и тој меѓу нив, требаа некаде заедно да отидат, требале да отидат кај Заев и да го прашаат: Што сакаш бе машко?

Како што може убаво да се види, кај “Дарко Јаневски Главен и одговорен уредник на Дневник“, не стои потписот на Дарко туку на некоја анонима квази-директорка.

Е затоа е Даре еден и единствен, бисер во македонското новинарство. Новинар со мадиња. Не зарезува жива сила.

Наместо коленичење кај евро-атлантски амбасадори, ние колеги, овие три дена требаше да се бавиме со скандалот што го направи Нова Македонија цензурирајки ја Мирка Велиновска. Текстот што требаше да излезе во средата, посветен на Зоран Јолевски и Срџан Керим, е забранет. Цензуриран. Од уредникот ли, од Минчо ли, од Владата или од САД амбасадата (оти Јолевски секоја услуга што му е потребна ја бара и добива од Бејли) – не знам. Знам дека прекрасен и преточен и ПРЕМАКЕДОНСКИ текст нема да оди.

Ние колеги, сега требаше да се договараме како да одиме и да протестираме пред домот на Минчо, а не да ги газите дебелите теписи на Кале.

Е затоа, во пишаното македонско новинарство постојат ДВА, САМО ДВА, лика кои македонската јавност ги чита, цени, респектира и сака: Мирка Велиновска и Дарко Јаневски.

Сите други се или идни амбасадори во Бразил, или сегашни посетители на амбасади, или поранешни палители на амбасади… Секакви, само како Мирка и Дарко не се.

Голема МАКЕДОНКЕ МИРКА, голем МАКЕДОНЕЦУ ДАРКО, респект и наклон до земја.

 

Миленко Неделковски

19.53  0312.15 Скопје