За минатиот понеделник, 21-ви јануари, било договорено и закажано интервју со Никола Груевски во Будимпешта. Интервјуто било на негово барање, па затоа е ангажирана и неговата Алфа телевизија.
Екипата била оформена и подготвена да замине, контактите остварени, темите за дискусија договорени. Баш ме чуди во оваа држава тоа никој да не го прислушкува и снима!!! Или сепак се‘ е во договор со Зоран Заев и Оливер Спасовски?
Темите, покрај другото се однесувале и за поддршка за Влатко Ѓорчев за претседателски кандидат од ВМРО ДПМНЕ, амбициите на Груевски да се кандидира на изборите за претседател 2024, ставот кон реформаторите, коментар за уставните промени и сл.
Како директор на телевизијата и “раме за плачење“ на Груевски додека тој беше во државата, интревјуто да го прави си го доделил себе си Васко Ефтов.
Но, заменик главниот и одговорен уредни Кети Гетева застанала на патот на својот директор Васко Ефтов (кој инаку е скаран со сите: Г. Момировски, К. Чашуле, А. Богданвска, Љ. Цветановски, Н. Мирчевски…) барајки таа да го прави интервјуто, тврдејки дека во моментов она е најблиска до Никола Груевски.
И онака нарушените меѓучовечки односи до таа мерка се влошиле да се вмешал “газадата“ на телевизијата, извесен Петар Шац. Маџар што ги поседува Курир, Република, Лидер и Алфа ТВ. Па така сопствеников пресекол дека интервју нема да има, на разочарување на Груевски тоа било откажано. Сопственикот како причина навел дека не сака да се впушта во недефиниран дипломатски скандал што би му донел проблеми и во неговата матична држава и во Македонија.
Инаку, ниту Ќети Гетева, а уште помалку Васко Ефтов, во живото немале интервју со Никола Груевски. Па засега така и останува.
Инаку за интервјуто, Груевски се погрижил да бидат покриени патните трошоци за екипа, сместување во одличен хотел во Будимпешта и солидни дневници за екипата.
Во сето ова, сам една работа е најчудна?! Како Груевски се решил на интервју за телевизија која од доаѓањето на Ефтов и уредничката Богдановска на чело, константно има шер помал од 1,8% ?
Dudinka team
30.01.2019
Скопје