Искрен да сум, ама ИЧ не верувам на денешниве владетели на светот. Москва, Пекинг, Њу Делхи, Берлин и пред се Вашингтон. Не им верувам ни на нивните папет владини гарнитури во малечките држави низ светот. НИШТО не им верувам.
Јас сум од “стара мајка дете“, да се изразам по скопски. И затоа не им верувам.
Не им верувам оти тие го сметаат народот за бактерија, амеба, микроорганизам кој може во секој момент да го изложат на експеримент. За колку бргу време, овие владетели ги променија приоритетите што си ги имавме во нашите животи? За колку бргу време ги променија вредностите, желбите, мотивацијата, дострелите… Па не беше така одамна кого витештвото владееше, меѓу другото и на улиците на Скопје, кога беше важно да си подобар во баскет, фудбал, мор, баба, сервис, покер, џамлии на требење… Како одеднаш од такви вредности преминавме во вредности да е најголем дострел мажите да се избричени целите од градите и грбот, преку препоните до нозете?! Кој е мотивот тука? Кој е дострелот, вредноста наживеење?!?!
Како толку брзо се поништи еден од главните “природни“ закони, рамен на Њутоновиот закон, на Архимедовиот закон, на Питагорината теорема?! Па мајку му, постоеше закон “На телевизија кажаа“! BBC, CNN и слични креации на MI6 и CIA усепаја да ја заразат целата светска информативна сцена, и таа бактерија да ја пренесат на сите пониски нивоа… Па стигнаа и до малите телевизии во малите држави, каква што е и Македонија. На времето се веруваше на секој збор кажан на ТВ или напишан во весник. Сега сетоа тоа е канализација.
Не им верувам на владетелите на светот, оти си играат со нас како со заморчиња.
Па, мајку му, до вчера беше проблем како да се влезе во САД. Ќе слеташ на Кенеди во Њу Јорк, Дулс во Вашингтон или на Мајами Интернешнел и ќе се окозиш пред Имигрејшн офицерот. А сега, илјадници латино луѓе дневно влегуваат преку граница, не прашувајки никого?!
Колку беше тешко да се влезе во Велика Британија, ејјјј! А сега, низ Каналот има јуриш на мажи – арапи, кој велгуваат во државата на Кромвел. Колку беше неможно да се мине Чек Поинт Чарли, од Источен во Западен Берлин?!
полицаецот и Грчката амбасада. Но не оваа во Буњаковец, туку онаа во Центар. (Напомена: Кој не знае кој е Ташко полицаецот и не знае каде била и како функционирала Грчката амбасада во Скопје, слободно може да се самодефинира како дојденец во Скопје).
двајца шверцери и криминалци, ами илјадници имигранти. Најголемиот број броци на ИСИЛ или муслимански милитанти, облечени во цивилно, на пат накај земјите на непријателот на Алах. Што граница е сега ова што ја има Македонија?! И, сите други држави? Што граница е она на Турција, Грција, Србија, Унгарија, ЕУ, Италија???
Еве да ја прашам нашата полиција и нашата Гранична полиција. Да ги прашам и џандарите и нивните началници, но и нивните директори, полтичари што ги водат, министри? Зошто еден обичен турист од Македонија (или било кај од Европа) кој мирољубиво патува со жена и две дечиња на море е проверуван, евидентиран, опечатуван…!!! Често и каран или казнуван (царинет)! Кога во исто време илјадници влегуваат без никаква евиденција, со ножеви и оружје под пазувите, со тајни задачи и мрачни мисли?! Евидентирај го мирољубивиот, колку да се работи нешто за плата. Ама не го чепкај и не го прашувај милитантот, вехабистот, селафистот, муџахединот?!
Е како бе луѓе дојде до ова гранците да не важат за убијци, насилници, главаотсекувачи…. Ама да важат за домакини, фамилии, дечиња?!
Како ние понизно се помиривме со фактот дека нашата држава нема граница, нема контрола на граничната линија, нема ефикасна гранична полиција, нема пресретнување и недозволување да влезат на наша територија оние кои илегално преминуваат?
Какви се тоа глупости со тврдењето дека “биле емигранти“?! Па што ако се емигранти?! Како такви се поважни луѓе од домакинот со две детенца упатен кон Платамона? Што се па тие толку специјални за да можат да се рашшетуваат без никој за ништо да не ги праша и контролира.
Вчера гледам на прославата на АРМ нов и стар Началник на Генералштаб, Претседател на држава, Министер за одбрана. Ја фалат армијата, вредностите, посветеноста!!! Знам дека граничното управување е предадено во рацете на полцијата, ама која армија е тоа што не може да си ја одбрани својата територија, ама ептен успешно го брани командниот кампус на окупаторските сили во Авганистан?! Што е ова, бе? Овдека си ја завршивме целата работа, само Авганистан ни остана уште да го средиме?!
Го гледам и портпаролот на МВР! Оволку дозволи за ова се дадени, онолку решенија за она… Одговор на главните прашање нема? Какви се тие емигранти без жени и фамилии? Како полицијата дозволува тие емигранти да ги малтретираат граѓаните на оваа ржава што живеат во пограничните села? Како полицијата дозволува ситуација кога нормален граѓанин на оваа држава не може да се качи во воз од Гевгелија до Скопје? Воз кој е наш, обновата на возниот парк со супер убави возови е наша, ама емигрантите не плаќаат ни билет ни бутур.
Како дојдовме во ситуација за стотици илјади емигранти кој поминуваат и илјадници кој остануваат во Македонија, да се фалиме по централните вести дека ЕУ на нашиот Црвен крст му дала 80 илјади евра?!?! Ејјј, бе!!!! Па Џабир Дерала сам добива 500.000 евра, Рада плаќа дневно 2.000 евра за одмор, а илјадниците муџахедини ќе ги расправиме со 80 илјадарки?!?! Па, види им го и умот на новинарите, уредниците… Сто пати повторија, никогаш не искритикуваа! Не го најдоа Орав да го прашаат што е работава. Холандската и германската амбасадорка да го оценеа соодносот во “инвестициите“!!!
Да не биде сега лошо интерпретирано. Ова што го пишувам важи и за Грција и за Србија и за цела ЕУ? За сите нивни армии, полиции, политичари, министри…
Добро, добро, добро… Знамммм… Америка и свеtските владетели сакаат да ја дестабилизираат Европа а со тоа и Блаканот до ниво на етничка и верска промена на структурата на популацијата.
Знам, ама како ние дозволуваме?! Е, тоа не знам.