ВЕЛИНОВСКА

ВЕЛИНОВСКА

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81415925389&id=13&prilog=0&setIzdanie=23542

Да ти седне Геро наапан на Џес Бејли зашто бил запоставен, заборавен, шутнат од американската империја да ти му напише порака на Фејсбук. Бидејќи не добил брз одговор, на 6 август, во колумна повторно го срочи прашањето што за него очигледно значи живот или смрт. Додуша, вели дека ич не му е лут и спремен е со сета своја понизна големина да им прости и нему и на „особљето“ во амбасадата ваков пропуст, оти било лето, оти можеби топтан се на одмор, па не прочитале пошта. И затоа им дава уште една шанса да му кажат дали се сменил односот на американската демократска политика кон слободата со скриена надеж дека одговорот ќе биде утешителен за Геро. Под тоа се подразбира да го викне Бејли на разговор или закуска во четири очи и да му каже дали затоа што радикално се сменил, односно скршнал од патот на слободата и демократијата кон вмровскиот тоталитаризам, американската амбасада сега појадува, руча и вечера со владини пропагандисти, а не го дружи надалеку прочуениот независен демократ и слободоумец Геровски. Домаќин каков што е, добронамерно загрижен за интересите на пријателскиот американски работен народ, јавно го прашува „почитуваниот Бејли“ дали американската влада решила да троши народни пари на непријателски антидемократски, профашистички „колеги“ што се против Сорос, кој ги плаќа, сервисира и одржува во јавен живот Геро и неговите револуционерни апостоли. Да не отекувам, на Бранко Геровски изгледа пак му попушти бабулето и како што е скроен сиромашкиот, во свое име и во името на сите негови соборци, помочан од страв храбро прашува дали се исшупирани, дали Џес Бејли ги откачил како неупотребливи и ги заменил со нови „независни“ слуги така што ги испраќа на обука во САД и со „шорт нотис“ ги свикува на мали интимни разговори во фамозната тврдина кај Кале.

Значи, ебате судбината на империјален евнух што доброволно се пријавил за кастрација во надеж дека како заслужен џихадист утре-задутре за таа жртва ќе се стекне со право на своите сонародници „револуционерно“ на гилотина да им ги сече јавно главите, за што сонува неговиот слободоиден соборец Жоро.

Чекајќи го загрижено одговорот од уважениот империјален службеник или особљето во амбасадата на империјата (На Митко Бурчевски ли мисли?), Геро за секој случај приложил и своја визит-карта на која го пишува она што тој го мисли за себе, односно да го парафразирам Нушиќ, „Бранко Геровски – околиски американски пропагандист“ што бара гаранција за доживотна употребна вредност.

Оти е позната јавна личност, слободоумен, демократ, заљубеник во американската политика и демократија, која се бори на непријателски локален терен против фашистички режим и неговите слуги и како таков е жртва на организирани хајки против него. Во таа смисла го интересира дали веќе не важат и книгите на уважени американски автори што тој ги прочитал и ги смета за света догма што им ја предава на „студенти“, ама и по кои напишал самиот и книга и скрипта за студенти по новинарство. Ако не важеле, оти никој од неговите „пријатели“ не му јавил? Јас не умеам да проникнам во менталниот формат на Геро та да се досетам зошто, по ѓаволите, му е важно тоа како податок? Што ќе направеше ако Бејли или секретарката му одговореа со „да, променет е“? Ќе кренеше ново востание, ќе се самозапалеше во знак на протест или ќе се стуткаше во некое темно ќоше на подрумчето во кое вирее толку долго и ќе почекаше пак да го повикаат да маскира смрдеа од монтажен ќенев со мирис на пропаганда на „меката диктатура на либералната демократија“.

По три дена, на 9 август, сиромашкиот пак седнал да пишува, овој пат на долго и на широко за судбината на Сократ и Икар за летачи што сонувале за слобода среде непријателски средини и како такви бивале прогонувани, жестоко казнувани и убивани. Аналогно, Геро не се срами овој пат себеси да се види во улога на Сократ лично. Што би рекол оној цијаш Едвард Џозеф, пријателот на Геро од 2001 година со кого тогаш ручаше и вечераше во четири очи, прав правцат психијатриски „кејс Геровски“.

По подолга пауза, која ми требаше за да ја сварам неговата револуционерна проза, последните две парчиња ми личат на отсликана душевна состојба на авторот, кој е растргнат помеѓу перцепцијата за сопствената важност и големина и потиснатиот гнев дека надвор од него, ама баш никој не го смета за повеќе од карикатурален мегаломанијак.

Начитаниов Геро, и покрај десетиците американски книги што ги прочитал, уште не ја разбрал судбината на револуционерите, а таа е дека револуцијата ги јаде своите деца. Што е трагично само за оние што во револуција тргнале водени од лични мотиви и очекувале материјално-статусна награда за својот ангажман. Такви како Геро. Тука неговиот интелект сосема потфрлил. Дошла до израз неговата печуркарска страна, која прима дразби на повик, на далечинско управување, на џојстик. Оти, градејќи го митот за себе како за идеалист и политички романтичар и во кој само тој верува, седејќи во темен подрум не осознал дека во реалниот свет револуционерите, идеалистите, утопистите и слободоумните не летаат високо зашто очекуваат некој од нивната генерација да им аплаудира и да ги кити со признанија, ами зашто својот живот го инвестираат во иднината во која нив ќе ги нема, а ќе бидат вредносен репер пред кој се поклонува човештвото. Јас не можам да ги замислам Геро и Соросовата џихадистичка ал каеда како вредносна вертикала ни во микрокамерна средина (дома), а камоли како македонски Сократ. Таква ментална митолошка антиквизација му доаѓа малку како „мултиперсоналити дисордер“ во напредната фаза.

Каква е револуцијата, таква е и канибалистичката гозба по неа. На оние обоените што ги организираа службите на империјата во содејство со локални, амбициозни слугинчиња и искомплексирани мивчиња пасува шут зобање без пријателско предупредување, кое Геро во агонија романтично го гледа како проштална журка со огнометно пиење ритуален отров што му се дава на авторитет каков што бил Сократ и како извршна одлука што не смее да се одбие, ама тој, поради слабо бабуле, сепак очекува за досегашни заслуги да не го е..т, туку да го стрелаат така што ќе го испратат на Хаваи.

Просто да ти падне жал за ова шкопено ропче, кое мисли дека е личен советник на императорот само зашто како пицајзла се закачил на Соросовото маде и политички фактор што е судбоносен за Македонија. Во врска со случајот „Геровски“, ништо посебно не се случило, освен редовна замена на стари истрошени со нови свежи и полетни слуги, кои по употребата ќе завршат исто како Геро и сите пред него. Тоа е случај и со револуционерните политичари како Садам Хусеин, Слободан Милошевиќ, Осама бин Ладен, Јулија Тимошенко…, па со нивните замени, па со следните по нив и сѐ така во американската империјална пракса. Во неа нема место за љубов и пријателства, односно партнерства. Империјата е осудена на самотија оти носењето ексепшенел-круна се наградува со носење тежок товар. Доказ? Па, мора цел свет да го контролира со шпионирање, мора да војува на сите четири страни, мора да произведува слуги и робови 24/7 и сѐ тоа знаејќи дека кога-тогаш ќе ѝ дојде крајот.

Непријатно ми е што морам и овој пат вака јавно да му кажам дека само зашто наменски е одгледан како подрумска печурка, без светло, со ниски животни очекувања да му слугува беспоговорно на господарот што го прихранува со лајна, откога ќе отслужи, завршува не како револуционерен борец, туку како непотребен воен отпад (Рамбо клошарот кого го ангажираат по потреба со договор по дело). Просто е фрапантно, за паметен каков што се самодоживува, за новинарска или општествена вредносна парадигма како што си се прогласил додека се гледа во своето волшебно огледало за лажни перцепции, тој уште не го сфаќа критериумот по кој е регрутиран и одгледан од неговиот ментор Фрчковски, а гласи „исполнува сѐ што ќе му се каже, без да праша“. Побројлерски здравје!

Автор: Мирка Велиновска