КРАЈОТ НА СДСМ

КРАЈОТ НА СДСМ

Ете, видовме уште еден крај, или почеток на крајот, на една вештачка од страна наметната, криза.

Од битката, двете страни излегоа максимално раскрвавени, како носот на кој му влепи шлаканциа Сарма. Ама, како и секогаш, нај повредена, нај ранета, нај измачена е Репубилка Македонија и нејзините граѓани.

Бидејки овој договор е дипломатски документ, направен ќе е така да на секоја страна и се остави простор да ја толкува, прераскажува, отсликува… Значи, до следните избори ќе ги слушаме двете прикаски. Нашата и вашата, нивната и на оние другите, едната и другата…

И, како и во секое демократско општество, на крајот народот ќе решава.

Што постигнаа, а што загубија партиите што учествуваа во битката?

ДУИ и ПДП не загубија ама баш ништо. Беа на оф/он позиција, како декор. Барем засега се чини и дека не добија ништо. Значи одиграа улога на завеса и корниз.

ВМРО загуби подоста. Од чаламот, пред се. Меѓународата заедница и се втурна на ВМРО со сите оружја и сили да ја руши. И се втурна да ја дисциплинира оти е економски напредна и успешна. Нелегални прислушкувања, притисоци, закани, блокади, поддршка на недемократски процеси… Видовме се, знаеме со кого си имаме работа. Долги години, повеќе од осум, меѓународната заедница бараше “мек стомак“ во водењето на државата од страна на Никола Груевски. Го најде кај неговите најблиски соработници и нивната опуштеност на разни самсунзи и епли. Груевски, заради тие соработници, мораше да прими серија од удари, да ги издржи и да остане на нозе. За во следната рунда, и рунди до крајот на мечот, да може да возврати силовито. На крајот, како што кажа Додик во интервјуто кај мене: Ние сме избрани да ги постигнеме целите на нашите народи со најмала можна штета.

На ВМРО, како нај организирана и нај сериозно поставена партија на теренот ќе и треба многу време и енергија, многу луѓе со кредибилитет, за да се убеди членството во исправноста на вечерашниов компромис. ВМРО има и време, и кадри и минат труд да може оваа работа повеќе од успешно да ја заврши до април догодина.

ВМРО, сакала тоа или не да признае, ќе треба да ја плати цената на опуштеноста и недоволната безбедносна култура на неколкумина врвни функционери во партијата. Тие фигури, веќе ја платија својата цена со своите политички кариери. Сега, цена ќе плати и нивната партија.

ВМРО е партија со исклучително голем капацитет на квалитетни кадри. Тие млади и способни луѓе сега ќе можат да ја искористат шансата да се наметнат во новите политички прилики. Гарнитурата што ја водеше државата во последните 9 години, ќе биде освежена и хоризонтално и вертикално. Ништо помалку од тоа не очекува членството од својот лидер Груевски.

Технички гледано, договорот за избори во април му одговара на ВМРО, на СДСМ апсолутно не. ВМРО има над 200 илјади гласа разлика на свое конто, има општинска структура, има членоство и има дел од непартиските гласачи што ќе мерат и премеруваат кому да му дадат глас.

ВМРО во овој момент, дури и во ситуација да има блокада врз министерстава за Труд и Социјала и МЗШВ, веќе има оставено длабок капитал во високи пензии и социјални помоши, редовни и големи субвенции и остварување на она што го беа ветиле. Ниаков привремен министер тоа не ќе може да го анулира. СДСМ од спротива сеуште е под баластот на скратените и одземени пензии, ветувањата за по еден вработен од секоја фамилија, за ТАТ октоподот.

Јавниот обвинител, специјално назначениот, ќе се занимавал со доказите од прислушкувањата. Тоа е во ред. Да го цитирам Никола Груевски: Кој ќе се фати, ќе плати. Таков пристап кон секого ист, СДСМ немал никогаш, ВМРО го имал секогаш.

Крајно, за ВМРО, 100 дена Владата ќе имала привремен премиер назначен од ВМРО. Се шпекулира со името на Никола Поповски, министерот за надворешни. Во тие 100 дена трчаница по општини, градови, луѓе, гласачи, за Никола Груевски, кој поскаува историска победа во април догодина, концентрацијата исклучиво на теренот е бесценето богатство. Тој ја има најголемата доверба кај народот. Секој поединечно сака да се види со него, секој сака да праша нешто, да му стисне рака. 100 дена се 300-400 населени места за посета. Нешто што на ВМРО како партија и е апсолутно неопхдодно. На ВМРО после 9 години на власт и треба освежување и кислород.

СДСМ не го доби она што го сакаше! А сакаше да има своја Влада со свој премиер, ама без избори. СДСМ сакаше таква неизгласана и неизбрана влада да биде “на власт“ најмалку две години. СДСМ на тој начин сакаше, без народно овластување дадено на избори, да коле и беси две години. Да затвара, обвинува, тужи и осудува… Тоа што го сакаше, не го доби. СДСМ е свесна дека во Април ќе загуби. СДСМ е свесна дека така салонска, опната на плажите низ Грција, кога ќе започне со работа на есен ќе има премал период за да може да го консолидира своето гласачко тело, ама и да привлече неопределни гласачи.

Оние што сериозно анализираат знаат е дека назначувањето Јавен обвинител за прислушкувањата од есен, нема да даде време за било каква правна/судска постапка. За таква макотрпна работа, во споровозното Обвинителство, 6-7 месеци се капка во океан. Од таков ЈО, нема ништо да биде. Само ќе биде параван за заштита Заев да не биде осуден и однесен во затвор.

Кај СДСМ, за разлика од ВМРО чии маки синојка завршија, сега е старт на маките. Позната по дворските игри, по подметнувањата, по поделбата на градско и сељачко крило, по договорите во кафеани во алкохолизирана состојба, СДСМ ќе има мака воопшто да застане на нозе. Сите во највисокото раководство се гледаат како министри во МВР (Шилегов, Вуиќ, Свињевац, Макрадули…). Сите се со амбиции. Сите би сакале да владеат, ама не и да работат. Од друга страна, оние што се набркани од раководната структура (Бузле, Станковиќ, Бучко, Шема, Бендевска…) имаат свои симпатизери и групи во партијата. Сите тие, доколку амбициите не им бидат “испоштувани“, ќе направат се СДСМ да загуби. А, лимитираниот број позиции што договорот од Пржино ги нуди, не дава можност за “усреќување“ на сите кадри на СДСМ.

Деструктивниот карактер на партијата сега ќе дојде до најсилен израз. Тие одамна се глодаат меѓу себе, сега ќе почнат и да се јадат. Свежи се паметењата за тоа што партијата и партиските кујни му направија на Хари Костов како премиер, како беа броени гласовите во партиската трка помеѓу Рада и Бучко, како беа отстранети Панчо, Бузле, Стевче, Еско…

СДСМ обидувајки се надвор од Устав, процедури и закон да дојде на власт го започна мимоход кон своето гробно место каде ќе има дебела бетонска плоча. Обидувајки се да го убие ВМРО, ставајки се во служба на странци, се отепа себе си. Го повреди, го рани, му пушти крв на ВМРО, ама себе си се утепа. Сконцентриан, мотивиран и агресивен ВМРО на терен, сега ќе удри со сета сила врз раскашавениот СДСМ. Ќе удри и ќе го погреба во април догодина.

ВМРО не е само политичка партија. ВМРО е историја, филозофија, идеологија, живот… Против ВМРО, интересната група околу Заев нема никакви шанси.

Од сето ова, да повторам, Македонија најмногу загуби. Две години блокирана, обремента со оговарања по телефони, со лажни обвинувања, со спинови, со странски притисоци. Сето тоа прави проблеми и на поголеми и помоќни држави од Македонија (Турција, Унгарија, Грција, Шкотска, Германија…). Македонија загуби две години од својот политички пат. За момент беше запрена во својот економски прогрес. Беше од внатре блокирана.

Покрај странците, кој и нема зошто да бидат обвинети бидејки си туркат аѓенди на своите татковини, најголем виновник за стагнацијата и блокирањето на државата е СДСМ со Зоран Заев и неговата банда. Значи, како и секогаш, од натре си имаме проблем. Како судбините на Јане, Гоце и сите што настрадале од домашните непријатели. Заради тоа, ние треба сега да го земеме примерот на Андон Ќосето кој не дозволил ниту роден брат да преживее предавство. Секако, да бидеме на јасно, не предлагам колење и пукање, туку политичка ликвидација на СДСМ и Заев. Камата и ножот сега се пенкалото и гласачкото ливче. Куршумот е “иксот’ при гласањето.

Македонија е држава со сите нишани. Со богата историја, со умни луѓе. Секоја држава минува низ премрежија. Кај наст премрежијата ептен се намножија и зачестија. Ова го пребродивме.

Миленко Неделковски
Наутро, колку 5 часот во Скопје, 15.07.2015